Дијаспора

ПОСТАВУВАЊЕ НА ТЕМЕЛИТЕ НА АМЕРИКАНСКО – КАНАДСКО – МАКЕДОНСКАТА ЕПАРХИЈА (17)

1bren

1bren 2bren

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе претставиме дел од висината за првата македонска православна црква “Свети Климент Охридски“ во Канада, стожерот на најголемиот број активности што Македонците ги развиваат во Торонто, која оваа година слави 55 години од постоењето

Беше тоа 12 септември 1981 година, светол датум за Македонците од САД и од Канада, кога во МПЦО “Св. Димитрија” во Рочестер, во државата Њујорк, митрополитот Кирил ги потпиша документите и го означи законското регистрирање на Епархијата во присуство натогашниот претседател на општината во Рочестер Борис Илиевски, на Цане Огненовски и Вито Поповски, иа свештените лица Борис Поповски, Ахил Теохарев, Јован Босеовски и Ристо Ристовски, како и во присуство на адвокатот Андони Мајкрос, од Рочестер, осведочен пријател на Македонците.

Имено, по одржувањето на молитвата во храмот “Св. Димитрија”, во хотелот „Американа”, каде што се наоѓаше канцеларијата на адвокатот Мајклос и каде што беа готови сите документи, со потписите на архиерејот Кирил и на архиерејскиот заменик прота ставрофор Борис Поповски, првпат надвор од границите на Македонија се озакони и се призна македонска епархија. Во тој период, Епархијата ја сочинуваа 15 црковни општини со десетина парохиски свештеници, на чело со архиерејот митрополитот Кирил. Co Правилникот, а од формирањето Епархијата стана нераскинлив дел на мајката Светиклиментова црква.

Потпретседатели на Американско-канадско-македонската црковна епархија, меѓу другите, ДО 1994 година биле – Џан Црвенков, Џан Гивенс, Борис Илиевски, Трајче Илиевски, Владо Царовски и сегашниот Никола Стојановски, додека архиерејски заменици биле Борис   Поповски,   Русе  Јанковски,   Илија   Мијовски   и  Томислав Петковски.

Веста за регистрирањето на Епархијата брзо се разгласи преку средствата за јавно информирање во македонските, во американските и во канадските средини. Меѓутоа, посебно внимание за овој настан посвети њујоршкиот дневен весник “Тајмс Јунион”, на чии страници беше објавено законското регистрирање на Епархијата, постоењето на Македонската православна црква и на македонската нација во целина.

3brenЦрквата „Свети Димитрија“ во Рочестер, Њу Јорк

Во овие, колку навидум временски мали, толку по значење вредни изминати години, Епархијата спои со себе импозантен број од 24 цркви и манастири, кои на своите црковно-народни собири и друг вид меѓусебна соработка значат многу во животот и во самоорганизирањето на Македонците на северноамериканскиот континент.

Во 1994 година во Хамилтон се одржува дваесеттиот no ред Јубилеен црковно-народен собир што е уште еден повод и можност за заедничкото македонско духовно и културно-забавно дружење.

Организацијата “Обединети Македонци”, пак, во подолг период најблиску соработува со управите на “Св Климент Охридски” и сите свои програми. меѓу кои имаше масовни, големи и силно национално обоени, ги одржува токму во просториите на Црквата. И нема приредба што ја подготви “Јунајтед Маседониеис”, а да не биде прелолно од посетители, и да не биде таа прекрасно организирана, та сите задоволни да заминат од неа.

Така, во 1975 години на свечената академија, која инаку е една од многуте што досега се одржани, а чии домаќини беа “Обединети Македонци”, славјето го зголемија и членовите на КУД “Мирче Ацев” од скопскиот Универзитет, како и повеќето гости, солисти м уметници. За “Мис Јунајтед Маседониенс” во 1975, на пример, беше прогласена Мара Јанковска ученичка од Чикаго, во државата Илионис.

Пред крајот на годината, поточно на 6 декември, се одржа таканаречената “Патронска вечер”, посветена на еден од најдаровитите ученици на светите браќа Кирил и Методиј, патронот на црквата “Свети Климент Охридски”. Откако беше прочитан рефератот за големиот деец и просветител од страна на прота Михаил Теохарев, на бината настапија децата од неделното црковно училиште со рецитации и со песни, под раководство на нивниот учител Никола Стојановски.

Дечињата беа вистинските бисерници и дланките не се штедеа за да се поздрават од срце, бидејќи навистина толку убаво и мило говореа на ма]чиниот македонски јазик. Секако, ова не им беше прв   настап.   Тие  секогаш   со   воодушевување  се   прифаќани   и поздравувани, бидејќи најмладите и го заслужија тоа. И сполај му на Бога што македонските поколенија веќе со години ео неделното училиште со дололнителна настава ги учеа и ги учат македонски јазик, азбука, историја, географија, култура. веронаука и др.

И, сега со почит и видливо задоволство може да се наброи дека во рамките на “Свети Климент Охридски” постојат, активно работат и многу придонесуваат, се разбира, секој од својата област, за афирмирањето на општината повеќе друштва и секции. Тие ја афирмираа македонската етничка заедница во Торонто, во Канада и пошироко и конечно – ја афирмираат татковината Македонија, а тие се:

Женската секција која е еден од главните поткрепувачи и
значаен фактор во животот на Црквата; Културно-уметничкото фолклорно друштво “Македонка”; Културно-уметничкото и драмско друштво “Илинден”; Младинската организација со  рецитаторската, историско-географската, шаховската и спортската; Македонско неделно училиште, Пензионерскиот клуб и други секции.

И сите тие во времево минато живеат, работат и дишат како едно семеЈство, како еден нераскинлив организам. Покрај овие постојано се раѓаат нови форми на живеење и на работа, такашто општината “Свети Климент Охридски” израснува во еден вистински центар на дружењето, заедничкиот живот и творештвото.

4brenХотелот каде е регистрирана Епархијата

Низ овие досегашни и тие секции, групи или друштва што набргу ќе следат, минуваат секоја година многу Македончиња кои или ги учат азбуката и јазикот, или ги учат првите тактови на македонските ора и песни. Возрасните во слободното време, па и секогаш кога ќе затреба, се тука и со силен жар неуморно го градат богатиот мозаик на ова незаобиколено катче. Најстарите може да уживаат во плодовите на она што го оставија за да ги продолжуваат натаму идните поколенија.

Така се стаса и се прослави и 20-годишниот јубилеј на црковната општина. Co гордост се зборуваше за двете изминати децении кои се само втората скала од годините што допрва следат на Општината. Се дочека во туѓина Македонците да се гордеат и со високо кренати глави да зборуваат за постигнатото.

Прелистувајќи ги документите, што се и најверниот архивско-статистички сведок за постоењето на Црквата, проследуваме дека во 1985-та година, на пример, во “Свети Климент Охридски” постојат: КУД “Македонка”, кое во своите редови само во таа година   има   200   младинци,   неделното   црковно-   македонско 

училиште со стотина ученици, црковниот хор, драмската секција, женската секција, шаховската секција и др, а сите заедно работат и придонесуваат за афирмирањето на македонската вистина, независно што на многумина со непријатни и негаторски идеи таа им ги бодеше очите. Меѓутоа, се раѓаат, растат и се школуваат нови генерации, кои се гордост и иднината македонска, Така, од осветувањето до 1986 година во “Свети Климент Охридски” се крстени повеќе од 3.500 новороденчиња, податок кој и сам за себе доволно зборува.

Неодамна се извршија неколку дотерувања и градежни инвестиции за разубавување на амбиентот, како што се мермерните приоди, а во 1988 година се презеде уште еден зафат – беа изградени канцеларии и помошни простории, заради подобрување на вкупната функционалност на овој комплекс.

5brenПотврдување на Епархијата од  Првите членови на Светиот архијерејски синод на МПЦ

Co секое ново лето господово се зголемуваше и бројот на членовите како и броЈот на заинтересираните кои со внимание ги следат и учествуваат во работата на изборните собранија и другите содржини во Црквата. А тие содржини се збогатуваат постојано. Во никој случај, кога станува збор за нив, не смее да не сѕ истакне и Литературното друштво “Браќа Миладиновци”, кое к.ако една од поновите секции во своите редови опфаќа голем број љубители на убавиот пишан збор. 

За кусо време од своето формирање тие се претставија со своите лични трудови пред многубројна публика, a ce публикувани и многу нови песни во списанието “Литературна мисла” и “Видици”. Набргу творците ги организираа “Деновите на македонската литература”.

Исто така, треба да се одбележи активноста и на драмската и шаховската секција како и на фудбалските екипи, Сите тие придонесуваат во црквата постојано да има народ, да доаѓаат, да се среќаваат и да се запознаваат, да станат блиски, нашинци од сите возрасти преку вечеринки, игранки, банкети, биг-сел. Многу голема манифестација е веќе традиционалниот Интернационален караван на нациите во Торонто и во тие вклучувања во заедничко содејство со сите во црквата, кога на најдостоинствен начин Македонците се претставуваат пред канадската јавност и публика.

И, навистина Македонците имаа и имаат со што да се прикажат и афирмираа,т од нивната богата национална ризница, од специјалитетите за македонските трлези, изложби, колоритни носии и концерти. Девет дена тече река од народи од сите меридијани што живеат во оваа земја, а тоа е одлична можност тие на самото место да се уверат кој се и што се Македонците, доаѓајќи до вистината за нивната посебност, како народ со свој идентитет.

Таквата презентација од највисок ранг е можна во реновираните сали, посебно во големата, која со својата сегашна функционалност претставува одличен простор за секакви приредби, а и во двете помали сали, кои сите заедно го чинат заокружен извонредниот црковен амбиент.

Еве овие први години на последната деценија од овој милениум, се едни од најплодните и најбогатите за “Св. Климент Охридски” што ќе бидат по многу нешто запишани со крупни букви во историјата на црковното живеење на Македонците во Торонто, Онтарио и Канада.

Продолжува 

1slave 1Пишува: СЛАВЕ КАТИН    

Најново од: Дијаспора

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

„Чувари на верата и македонскиот идеал“ – во Мелбурн одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Со панихида, положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и културна програма, македонската заедница оддаде почит на националните дејци и на архиепископот Ангелариј. Под мотото „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија на 24 октомври го одбележа Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. На настанот беше одбележана […]

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

To top