Дијаспора

СВЕТЛЕ (СТИВ) СТАМЕВСКИ – МАКЕДОНСКИ БИЗНИСМЕН ВО САД (6)

1avsr1

1avsr1

ТЕШКИ ОКУПАТОРСКИ И ПОВОЕНИ ВРЕМИЊА ЗА СЕМЕЈСТВОТО СТАМЕВСКИ 

Америка отсекогаш била „ветената земја” за Европејците, односно народите од оваа страна на океанот. Тие се населувале на тој богат и по многу нешта карактеристичен континент од почетокот на освојувањето до денешни дни. 

Процесот на до­се­лу­вање непрекинато трае и, веројатно, ќе продолжи и во ид­нина. Во овој долг период на доселување, ако Њу­јорк станал центарот за Евреите и Италијанците, Лос Анџелес за Кинезите, Чикаго за многу народи и нации, тогаш Детроит е средиштето на Ма­ке­дон­ците од сите делови на Македонија.

Во Детроит живееше и дедото на Светле Стамевски, Крсте, за потоа да се досели целото семејство. Инаку, Детроит е центарот на ав­то­мо­бил­ска­та индустрија и на други важни компании, затоа и станал „мека” за Македонците, особено од тетовскиот крај. Најголем број нашинци нашле сигурна егзистенција токму во автомобилските компании, а одреден број, особено доселениците од Тетовско отвориле фурни, ресторани, слаткарници, дуќани и средни индустриски капа­ци­те­ти, во кои работат голем број доселеници од Ма­ке­донија и пошироко од Балканот.

Често пати се вели дека Америка е земјата на бизнисот и религијата. Тоа се потврдува со фактот што на тие богати простори век векуваат еден крај друг многу­бројни народи и нации од сите расни групи со различни ре­ли­гии и од сите континенти во светот. Меѓу нив, зна­чајно место имаат и Македонците, кои ги уживаат си­те права и слободи за развивање на своите на­цио­­н­ални чувства, на својата култура, религија и на сè она што  што го донеле и го чуваат од етничка Македонија и ја карактеризира нивната самостојност и са­мобитност.

Во минатото Маке­дон­ците на северноамериканскиот континент биле во по­­по­дре­дена по­ложба во споредба со емиграцијата на соседните зем­­ји на Балканот. Затоа биле пос­тојана цел на ту­ѓи­те пропаганди. Соседните земји, со свои­те освојувачки и аси­ми­ла­тор­ски апетити, насто­ју­ва­ле со сите сили и пер­фидни средства, да ги придобијат и да се наметнат на неорга­ни­зи­ра­ни­­те Македонци, со цел да ја деформираат и да ја потиснат нивната нацио­нал­на свест. Така заразени од туѓите проп­а­ган­ди, за жал, како религиозни луѓе некои се приклучиле кон (про)бугарски, (про)српски, (про)грчки пра­во­слав­ни цркви и други организации и клубови. 

1avsr12Детроит 

Светле Стамевски ме информира дека кога печалбарот Крсте се вратил од Америка во селото Одри почната Втората светска војна. Во тие услови тој не можел да се врати назад во Детроит. Што касмет ќе да имаше човеков. Сите војни да ги војува. Се вклучува во ослободителното движење. Се вклучува во борбата за ослободување на Македонија. Го храни целиот шарски одред. Меѓутоа, зарем има куртулувачка од шпиони од кодоши и доушници. Го снимиле и го предале на бугарскиот окупатор. Набргу е фатен, тешко мачен, тепан, малтретиран и на крајот по хитна постапка осуден на смрт со стрелање и тоа од автомат. Двајца негови другари веќе му биле стрелани од фашистите.

Но, и тука имал касмет. Во последен момент пред да биде егзекутиран, му доаѓа патрола во Доброшката кланица за да проверела како се работи таму. Кога го видел началникот дедото Крсте како е модар како слива, целиот облеан во крв и скршен од ќотек, го прашал бугарскиот чиновник, што ли сторил тој човек.

Ги храни партизаните и Албанците. Ги храни шумкарите, му одговорил тој. Слегол од моторот началникот пришол до дедото и го прашал како се вика. Овој му рекол, дека се вика Крсте. Па ти си земјоделец, ние тебе те познаваме, возвратил униформираниот и зошто тоа не им го кажа на овие, му рекол. Збунет, тепачот и неговата свита кои чекале да го покосат Крстета, го чекале исходот од разговорот. Кога Крсте возвратил дека џабе било што тој им кажал кој е, кога тие не му верувале, мислејќи дека ги мами дека е земјоделец, кога се убедени дека е политичар, паднала наредба: Пуштете го. Тој работи земја и ништо друго не знае, освен да храни народ, отсечно пресекол началникот.

Се свртел кон Крстета и му рекол дека од денеска имаш нов ден и нов живот и го пуштиле да си замине дома. Но, како што бил претепан до смрт не можел да мрдне, не можел да направи еден  чекор. Морале да дојдат неговите и на тезгере да го однесат до дома. Сопругата и останатите, цел месец го ределе со кромид и со сол за да застане на нозе. Значи, глава спасил само за неколку минути и тоа опасно премрежје долго му било ноќен кошмар. He зел ниту денар некаква пензија или надомест за ништо што тој придонел и претрпел во војната.

Исто така, мака видел Крсте и по војната. Мака видел од македонските комунисти иако многумина од нив ги хранел и помагал. Мака голема видел и од Албанците кои биле лоши. Иако, бил во три војни, иако целиот шарски одред го хранел, тоа никого не го интересирало, туку уште го третирале како капиталист и експлоататор, а сите знаеле плус и дека толку години поминал на гурбет оставајќи ја младоста и здравјето во туѓина. Бил принуден да ја даде целата стока во времето на колективите, бидејќи едноставно му впериле пиштол во слепоочниците.

1avsr13Славко Гавровски, Славе Катин и Светле Сѕамевски

Но, кога завршува сиот тој циркус со колективите, дедото Крсте кој имал големо имање во Тетовско, почнал деноноќно да работи со сета фамилија. По некое време го купиле и чифлигот во Јегуновце, купиле земја и во Доброшко, Одарско, во Нерашко. Само чифлигот во Јегуновце бил купен за три илјади долари. Големи пари во тоа време. Сосе имотот во Одри, фамилијата била многу зафатена и станале големи газди.

Се’ до 1968 година дедото Крсте не можел да излезе од Македонија. Дури во таа година успева да се врати во Америка. Пет години пред тоа, како што се сеќава добро Светозар-Светле од кажувањата, во Детроит веќе отишол неговиот чичко Владо, за потоа да го земе и дедото. Ама тој веќе бил стар, измачен, не можел и да работи, па само по една година, во 1969, се враќа во Одри. Последната желба му била да умре во својата Македонија. Погребан е во Одри. Во неговото Одри.

И, нагласува Светле Стамевски дека Албанците ја испокршија целата црква, ги сквернавија гробиштата, направија штети и на мртвите, но, не гибнати останале крстовите само на вечните почивалишта на дедото Стаме и дедото Крсте, бидејќи кај нас работеа цели албански фамилии кои дедо ми ги хранеше.

Таков човек беше. Вреден. Многу вреден, многу честит. He пиел, не се коцкал, го интересирала само работата, додава Светозар-Светле. Мислам дека дури и кога спиеше паметот му беше во земјата, во стоката. He беше некој еснаф за на оро, ниту пак конте кој бркаше мода. Јас, се смее, Светозар-Светле, сакам мода, сакам конте, не сум на дедо ми. Тој беше и практичен човек, и во бивша Југославија најмногу му се допаѓало оти можел најмногу да работи и имање да купува.

Според кажувањето на Светле, дедото Крсте нe го бивало за школо, ама со бистрината на умот и добрата промисла, тој точно знаел кога и што да стори. А, бил ептен чесен, почесен човек од него, чинам не ќе се роди. He ни дозволуваше ниту стоката даја опцуеме. Постојано ни велешеда не бидеме пис на уста. Никогаш не се скара, ниту се степа со некого. He. Како што ни нас не не искара никогаш.

Дедо Крсте беше многу трпелив и бескрајно добар. Го памтиме како најдобар, како прекрасен лик, како наш предок со кого се гордееме. И него го почитувавме не само ние како фамилија, туку сите што го познаваа низ цела Македонија, како и во Америка, рече Светле Стамевски во својата приказна за дедо му Крсте..

Продолжува

1slave Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top