Дијаспора

ПОЗНАТИ ЛИЧНОСТИ ВО ИСЕЛЕНИШТВОТО (8)

1903 il1

1903 il1

МАЈКЛ КЛОС –  ПОЗНАТ КАНАДСКО – МАКЕДОНСКИ ЛИКОВЕН УМЕТНИК

 ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО КАНАДА

Мајкл Клос, е светски познат ликовен уметник од Канада, со македонско потекло. Неговите родители потекнуваат од Егејска Македонија. Живее во Торонто, со неговата сопруга Менка – Македонка од Охрид и двете ќерки. Постојано изложува по светот, настојува секоја прилика да ја искористи да дојде во Македонија, каде организира изложби,  учествува на ликовни колонии и се радува на Македонија. 

Текстовите и информациите на мојот колега и другар Веле Митаноски, кој е во родбински врски со Менка Змејкоска, сопругата на Мајкл Клос беа од големо значење да го напишам овој текст за оваој канадско-македонски ликовен уметник. Во информациите, меѓу другото, се вели дека. Мајкл многу ја сака Македонија, речиси исто колку и својот животен сопатник и менаџер, сопругата Менка Клоз. 

Мајкл и неговата сопруга Менка заеднички ја изразија нивната љубов кон Македонија кога во прилог на самостојноста на Македонија, испратиле стотици и стотици писма и минијатури на сите континенти. Во нивните томови од писма наредени се: До сите членови на американскиот Конгрес, до парламентарците во Париз, Рим, Торонто, Перт, до Бил Клинтон и Хилари Родман Клинтон, до Марше и Батинтер. Притоа, испратиле над 2.000 оригинални слики – минијатури, кои се дел од нивниот мега-проект: “Вистината за Македонија“.

Михаил (Мајкл) Клос е човекот кој, далеку од Македонија со себе го носи македонскиот код, само што со него судбината се поиграла на малку посуров начин. Мајка му Стоја Милошева од селото Трсеа, Леринско, која ја напуштила родната грутка непосредно по Ѓраѓанската војна во Грција, која заедно со сопругот Славко Стаменов си го нашол својот нов дом во Торонто, во демократска Канада.

1903 il12Мајк и Менка

Во биографијата на семејството е забележано дека кога Мајкл имал само 5 години, татко му Славко посака да ја види Пиринска Македонија. Беше тоа времето на источно-европската “челична завеса”. Кога стигна во Бугарија, како во некоја последна “балканска крчма” го уапсиле како “западен кодош!”.  Му се губи секаква трага. Меѓутоа, после 25 години, синот Мајкл – Михаил, го пронаоѓа својот родител како дрвосечач, високо над планините во Ќустендил. На тагата и’ немало крај

Инаку, канадско-македонскиот ликовен уметник Мајк Клос е роден во Торонто на 14 август 1954 година. Таму го започна своето основно и среднообразование. Уште од раното детство, а особено во средното училиште пројавува интерес кон ликовната уметност. Затоа и продолжил да  студира дизајн на политехничкиот универзитет „Рајерсон“, На универзитетот во Гвелф завршил општа економија, а на Колеџот за уметности во Онтарио се стекнал со диплома на уметник.

Во 1977 година се стекнува со диплома на Универзитетот за уметност во „Онтарио Колеџ оф Арт” една од најстарите и најпознати сликарски школи во Канада. Во Торонто го завршува елитниот ликовен колеџ, но паралелно студира и сценарио и дизајн. Светскиот, а наш – македонски ликовен горостас Клос, истовремено е дизајнерот на ТВ серијата “Полициска Академија Три”, како и на играните филмови: “Тројца мажи и бебе”, “Вивид” и други. Исто така, уметникот Мајкл Клос е сценарист и дизајнер на филмскиот проект “Американски син”, филм со личен печат.

И покрај тоа што е еден од познатите ликовен уметник, Мајкл Клос се занимава и со сценографија за филм, театар и телевизија. Уметничкото творештво на Мајкл е свртено кон апстрактноста. Во сликарската палета на црвената, жолтата, црната, сината линија на Мајкл Клос, прикажани се ликови низ кои струи минатото, сегашноста, иднината.

Кај него оддблесоците на времето, културите и цивилизациите се испреплетуваат. До сега има реализирано повеќе од 40 ликовни изложби на сите континенти. Мајкл Клос е познат и како филантроп. Имено, скоро секогаш изложените дела ги подарува на галеријата или на музејот каде изложува. Многу често се јавува и како донатор на свои минијатури за учесници на разни научни и културно-уметнички собири.

Поради љубовта кон Македонија, посебно кон Охрид пред повеќе од дваесет години се родила идејата кај Мајк Клос, постепено да ја пренесува личната архива, поврзана со неговото сликарско творештво. Промотор на ова идеја е Веле Митаноски, кој го придвижува процесот, кој, пред 5 години, финишираше со пренос на најголемит дел, депониран во Подрачната единица на Архивот на Македонија, во Охрид.

1903 il13

Изложба во Охрид

Подоцна, се почна да се  работи на идејата, во Македонија, во случајов во Охрид, да пренесе поголем дел од сликарското дело. Во 2019, повторно дојде во Охрид. Во организација на МАНУ, се организира изложба на Мајк која беше отворена во Куќата Уранија (МАНУ) и на која и’ се даде голем публицитет. Во присуство на бројна публика, академици, дипломати и други видни личности, изложбата ја отвори претседателката на Советот на општина Охрид, Живка Ангелеска.

Во таа прилика, беше организиран и прием кај градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиески. Тој им оддаде благодарност за пренесената лична архива, додека за ликовните дела беше договорено тоа да се реализира како постојана продажна изложба, уметникот сликите да ги дарува бесплатно, општината да даде своја просторија бесплатно (во новоподигната зграда на Градскиот пазар), додека средствата за тековно одржување и работно ангажирање на две лица, да ги обезбеди државата, преку Министерството за култура.

Денес Мајкл Клос е светски човек: Од Торонто до Њујорк, од Вашингтон до Париз, од Берлин до Токио и до сите светски метрополи, тој ја гради Македонија, како уметник и Македонец. Не му е тешко за секој член на француското националсно собрание (парламентот) да наслика по една оригинална минијатура.

Тоа го прави и во ООН. Тоа го прави како Канаѓанец од македонско потекло, во прилог на Македонија и тоа им го става на знаење на сите влијателни луге во светот. Треба да се спомене дека едно негово платно е трајна сопственост и има траен простор во Романскиот парламент. Посебно е горд, на изложбата и делото што го оставил во седиштето на Европскиот парламент во Стразбург, затоа што му ја посветил на првиот македонски претседател, Киро Глигоров, во 1996 година.

1903 il14

Мајкл Клос, светски познатиот ликовен уметник од Канада, својата личната архива, поврзана со неговото сликарско творештво, веќе ја донираше во Архивот на Македонија, во Охрид. Станува збор за негова лична документација од изминатите 4 децении творештво и содржи слајдови од неговите слики, дневници кои ги пишувал во изминатите години, исечоци од весници, преписки од организирање на изложби и други материјали. За тоа Мајкл долго размислувал и одлучил дека најдобро место за неговата лична архива ќе се најде кога ќе биде донесена во Охрид.

Треба да се одбележи дека канадско-македонскиот брачен пар, Менка и Мајкл Клос на 130 охриѓанки им подарија оргинални слики во знак на почит за нивната хуманост. Мајкл за својот уметнички опус инспирација наоѓа токму во лицето на жената. Затоа, овој гест уметникот го направи ва знак на признание кон македонските сограѓанки за покажаната хуманост. Вредните уметнички дела ги добија жени кои се занимаваат со хуманитарна дејност, домаќинки, но и оние кои оствариле врвни резултати во своето работење.

Исто така, во хрватските градови, Сплит и Задар, две изложби му организира Заедницата на Македонците во Хрватска и Македонското културно друштво „Македонија“ од Сплит. Авторот ѝ подари четириесетина дела (масла, графики и цртежи) на Заедницата на Македонците.

Во Македонија, Мајкл Клос влезе на голема врата. Во осумдесетиите години, на сега веќе, минатиот век. Влезе со самостојната изложба во Даут Паша Имамот, со дочек и свечен збор за отворање, лично од големиот македонски и светски ликовен уметник, Петар Мазев.

Мајкл Клос со сликарство се занимава веќе 4 децении и за тоа време има изложувано свои дела во родната Канада, но и во многу евроспки земји. Сликарството е неговата главна преокупација, но веќе долго време работи и како графички дизајнер и сценограф. Во неговите дела доминира лицето на жена. Досега има реализирано околу 150 самостојни изложби во триесетина земји во светот: Канада, САД, Франција, Германија, Белгија, Турција, Египет, Русија, Казахстан, Кина, Ватикан, Соломонските Острови, Виетнам… Секако, повеќе пати и во Македонија.

Продолжува 

 1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top