Дијаспора

8 Септември одбележан и во Гора на Косово

gorocvet

gorocvetИ во областа Гора на Косово викендов се одбележа 8 септември – Денот на независноста на Македонија. Во организација на Македонско-горанската заедница на Косово, Горанското друштво во Македонија, Сојузот на Македонците со исламска религија и Светскиот Македонски Конгрес, во Брод на Гора беше одржан турнир во мал фудбал. Своевидна атракција беа моторџиите од Македонија, од Скопје и од Тетово, кои преку граничниот премин Стрезимир-Рестелица со македонски знаменца продефилираа преку Рестелица, Крушево, Глобочани, Драгаш, се до Брод и оттаму назад преку Призрен до македонско-косовската граница на Генерал Јанковиќ – Блаце. Македонските моторџии во Призрен остварија средба со косовските моторџии. Во пријателска атмосфера поминаа пријатна дружба. За цело време на движењето на колоната моторџии по косовските патишта, заради безбедност во сообраќајот имаа многу коректна придружба од косовската погранична полиција.

По организацијата на традиционалниот Македонскиот фестивал Гора, турнирот во мал фудбал е уште една јавна манифестација која традиционално се организира секоја година.

Македонците на Косово пројавуваат голем интерес за врски со Македонија како матична држава и уредување на неколку барања: настава на македонски јазик во основните училишта и средното училиште во Драгаш, културна автономија за областа Гора, службеност на македонскиот јазик во косовската администрација, добивање на македонско државјанство за сите Горани, влез на Гораните во Македонија со лични карти, отворање на граничниот премин Стрезимир-Рестелица 24 часа преку цела година (иако отворен 2003 година од 2004 година за жал повторно затворен), асфалтирање на патниот правец Рестелица – граничен премин МК-КС до Торбешки мост во должина од 30 км, формирање на Евро-зона ШАРА на тромеѓата меѓу Македонија – Косово – Албанија, погранична соработка и братимење на косовски и македонски општини (во постапка е братимење на општините Ѓорче Петров и Маврови Анови и Ростуше – МК со општина Драгаш – КС, општина Гази Баба – МК со општина Призрен – КС).

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top