Дијаспора

ОМД ја поздравува одлуката на албанскиот парламент да се врати македонскиот топоним Пустец

pustec

pustecОбединетата македонска дијаспора (ОМД) ја поздравува едногласната одлука на Албанскиот парламент да се врати името на селото Пустец кое претходно беше именувано како Лиќенас, во Мала Преспа (Албанија).  ОМД му честита на македонското малцинство во Албанија за ова одлука, и се надева дека албанските власти ќе го следат примерот на Пустец и ќе ги вратат топонимите на другите осум села во Мала Преспа, како и во регионите на Гора и Голо Брдо каде што Македонците се мнозинство.

“Оваа одлука на албанскиот парламент е чекор напред кон доделување на целосни малцински права на Македонците во Албанија, но сепак има простор за уште  подобрувања во таа насока”, рече претседателот на ОМД Методија А Колоски кој го посети Пустец во декември 2009 година. “На мојот татко претците потекнуваат од Корча кое се наоѓа во близина на Пустец, и лично знам во какви услови живеат Македонците во Албанија.  Живеат во сиромаштија и со многу малку економски можности за развој во областа.”

ОМД се заблагодарува на градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, за неговата напорна работа во Пустец, како и за неговите напори Пустец да се направи подобро место за своите жители.  Градоначалникот Темелко е добитник на наградата на ОМД за човекови права за време на втората глобална конференција на ОМД во Торонто во јуни 2010 година.  Во јули оваа година, ОМД ќе организира посета на Пустец и на областа како дел од својата четврта глобална конференција на ОМД по повод 100-годишнината од потпишувањето на Букурешкиот договор.

Најново од: Дијаспора

ОМД успешно ја заврши втората турнеја низ Германија

Од 2 до 8 ноември 2026 година, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) посети пет германски града. Се сретнавме со македонските заедници, ја претставивме нашата работа и направивме нови чекори кон формирање на ОМД Германија. По првата турнеја во март, вториот дел собра семејства, професионалци, здруженија и институции. Еве краток преглед на секоја станица. Бретен (Карлсруе) 2 […]

Македонската црква Свети Кирил и Методиј во Чикаго

Македонската православна црква „Свети Кирил и Методиј“ во Чикаго е духовно собиралиште на македонските иселеници и место за зачувување на православната вера, македонскиот јазик и традициите од татковината. Во далечната 1979 година, Македонците од Чикаго го направиле првиот поголем чекор кон остварувањето на својот сон – купиле постара црква во Бервин, Илиноис, и веднаш започнале […]

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

To top