Дијаспора

За МПЦ Св. Димитрија во Флорида

slave-katin

slave-katin
Славе Катин

ДОНАЦИЈА ОД 50.000 ДОЛАРИ

Историскиот развој на Македонската православна црква Св. Димитрија  во Јужна Флорида започнал на 15 август 1989 година кога била регистрирана пред американските власти во Талахаси (Tallahassee). Меѓутоа за Македонците во Флорида ќе остане за паметење 2004 година, кога се купени две куќи на Булеварот Нортлаке во Palm Bich Gardens. Потоа просториите се адаптирани во црква и црковна сала, во кои се продолжи и се практицира православната македонска вера, обичаите, традициите, песната и орото и другите духовни  и културни вредности донесени од Македонија.

Во црквата Св. Димитрија има голем број Македонци кои од почеток до денес се вклучени во купувањето, изградбата и реконструкцијата на зградите, меѓу кои најголеми донатори досега се бизнисмените браќата Јосив и Георге Атанасоски, кои дале околу 200.000 долари.

Исто така треба да се одбележи дека на 2-ри март оваа година црквата Св. Димитрија организираше годишен пикник на кој присуствуваа околу 250 посетители, членовите на црквата и други добронамерници и пријатели на Македонците, кога и се собраа повеќе од 30.000 долари. Притоа треба да се истакнат најголемите донатори, бизнисмените Мајкл Илич, Георге Атанасоски и Џон Битов, кои подарија по 10.000 долари, потоа бизнисменот Џорџ Браун, писателот Јосиф Грезловски-Гандето, Јосиф Пасариковски, д-р Ламбро и Пет Димитров и многу други добротвори и донатори кои постојано даруваат средства на Црквата.

Потоа, на 9 март оваа година се одржа Традиционалниот голф турнир, кој го организираа бизнисмени од Канада и САД, меѓу кои, Џорџ Браун, Анџело Пеовски, Крис Стериовски и голем број други Македонци и нивни пријатели, кои собраа околу 4.000 долари донација за црквата Св. Димитрија.

Исто така, авторот на овој текст, Славе Катин, од името на издавачката куќа “Македонска искра” подари 200 публикации, со цел да се отвори скромна библиотека во црковните простории, а со тоа да се поттикнат и други издавачки куќи и поединци да донираат книги и финансиски средства за Македонската православна црквата Св. Димитрија, која се наоѓа на 4980 Northlake Boulevard, Palm Beach Gardens, Fl.33418, чија реконструкција и доградба ќе ја изведуваат Бранко Димовски и Стивен Талевски.

На 16 март оваа година, пак, се одржа членско собрание на црквата, на кое беше претставен финансискиот известај, од страна на управата. Инаку, во собирањето на средствата големи заслуги, покрај иницијаторот на акцијата Стиви и Лили Плиакес, имаат членовите на сегашната управа Васил Џајкоски, Лена Гогова, Лилјана Доревска, Трајче Матевски, Драги Ивановски, Ратка Реи Попек, Раде Цветковски, потоа Бошко Рајчовски-Пелистерски, Перо Христов Тони Голабоски, Коста Илиас, Лика Панчо и многу, многу други предходни и сегашни активисти.

Финансискиот извештај беше презентиран пред голем број членови на Црквата и гости. Притоа беше истакнато дека со акцијата за собирње на финансиски средства за законската реконструкција на објектот, се собрани околу 50.000 долари, што значат и почеток на градежните работи и посветла иднина на овој македонски храм, за кој се очекува во оваа акција да се вклучат и други донатори и цркви од Канада и САД.

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top