Дијаспора

Од патувањата низ Бугарија (6)

slave-katin

slave-katin
СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ-КАТИН

ДЕЛ ОД КНИГАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА” ОД СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ-КАТИН
ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО БУГАРИЈА

НА ГРОБОТ НА САНДАНСКИ

Рожен е мало село сместено на двата брега наРоженска Река, во кое живеат околу дваесетина семејства. Селото е поврзано со асфалтен пат, а животот се одвива пред ресторанот на големиот паркинг. Оттаму до Роженскиот манастир се оди по асфалтниот пат што стрмно и како змија се извива кон ридот на чија рамна височина се наоѓа манастирот и гробот на Јане Сандански. Прво го посетивме манастирот кој датира уште од 1220 година, на чија основа е изградена црквата „Раѓање на Света Богородица“.

Манастирот е заграден од сите страни со високи манастирски конаци, чии чардаци го привлекуваат секој посетител, а се влегува само од источната страна низ дебелата дабова врата. Црквата има интересни фрески и икони, а највреден е иконостасот направен од рацете на македонските мајстори од Дебарската школа, кои не се само тука, туку ширум Македонија оставиле трајни и многу вредни дела во резба.

На оддалеченост од стотина метри од манастирот кон исток се наоѓа црквата „Свети Кирили Методиј“, пред чиј олтар е гробот на Јане Сандански. Се поклонивме и му оддадовме почит на македонскиот легендарен војвода, кого што често го нарекуваат „Пирински цар“. Бевме информирани дека во минатото гробот на Сандански на кој пишувало дека Јане се борел за човекови права и слобода на Македонија и, особено на македонскиот народ во пиринскиот дел на Македонија, бил на неколку километри далеку од црквата „Раѓање на Света Богородица“. Меѓутоа, ние се уверивме дека на сегашната надгробна плочана „Пиринскиот цар“ Јане Сандански го пишува следното:

Јане Сандански 1872-1915

„Да живееш, значи да се бориш –
Робот за слобода
, а слободниот
за совршенство
“.

Повторно се поклонивме пред големиот „Пирински цар“ и без збор го напуштивме гробот на војводата. Потоа, се упативме кон Петрич каде уште од кај реката Струма, на самиот премин во Петричкиот округ, како на дланка се гледа најјужниот град на овие македонски простори. Петрич е сместен во пазувите на северните падини на питомата Беласица, а е лоциран во непосредна близина на устието на реката Струмешница во Струма и на делницата што го поврзува градот со Солун, Софија и со Струмица.

Таму планината Беласица со највисокиот врв Радомир (2.029 м) и врвот Поле (1.888 м) што се наоѓа на тромеѓето, стрмно и горделиво се издига над Петричката Котлина, спречувајќи го директното влијание на приморската клима што доаѓа од Егејско Море. Меѓутоа, по долината на рекатаСтрума, сепак, навлегуваат благи струи кои условуваат умерена клима на овие питоми простори, овозможувајќи поволни услови за одгледување суптропски култури, како памук, тутун, сусам, ран зеленчук и разновидно овошје.

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top