Дијаспора

Вистината за Македонија (2)

slave-katin

slave-katin
СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

МАКЕДОНИЈА – СТОЛБ НА БАЛКАНОТ

(ДЕЛ ОД КНИГАТА „СВЕТОТ  НА  ДЛАНКА“)

Македонија „старата татковина“, како што македонските иселеници милуваат да кажат за нивната прадедовска земја, го зафаќа централниот дел на Балканскиот Полуостров. Таа има извонредно значајна положба во спојувањето на важните патишта и крстосници. Земјата е отворена вдолж долините на реките Вардар и Струма кон Егејското Море, како дел од Медитеранот. Во минатото патот Виа Игнација најважната раскрсница на Балканскиот Полуостров која поминувала од Дуразо преку Елбасан, Охрид и Битола до Солун и Константинопол се протегала и низ Македонија.   Исто така, на оваа македонска почва се пуштени никулците на првата азбука од свети Кирил (Константин Солунски), човекот кој во тој период се истакнувал по своето образование, која била историски значајна за сите славјански народи. Самата азбука и првите преводи од богослужбените книги ја означиле теоријата на трите јазици и го вовеле славјанскиот јазик (старомакедонскиот) на степен на трите цивилизациски јазици, латинскиот, елинскиот и еврејскиот и оттогаш Господовиот збор, започнал да се шири на старомакедонски, односно на славјански јазик, а луѓето почнале да пишуваат со таа азбука и јазик.

Доаѓањето на свети Климент Охридски во Македонија, исто така, е од голема важност за првата македонска (словенска) азбука, бидејќи судбоносниот момент дошол кога Македонците можеле да се образуваат од нивните учители на својот мајчин јазик. Како надополнување на другите мисионерски активности, во период од само седум години, околу 3.500 студенти се здобиле со образование на Климентовиот универзитет во Охрид.

Ова била вистинска ренесанса на Македонците. Тука не само што ја потврдиле македонската вера, туку и се здобиле со повисоко образование, бидејќи покрај теологијата на Климентовиот универзитет, се учеле и други предмети вклучувајќи молитва на старомакедонски (словенски) јазик, пеење, општа и црковна историја, природни науки, филозофија, медицина и јазици. Меѓутоа, најважната работа било тоа што, извршените преводи заедно со транскрипцијата формирале една цела литературна школа. Охрид станал центарот од кој македонската литература се раширила кај сите славјански народи. Во исто време Охрид станал и вистински центар на христијанството – „христијански Ерусалим”, како што и денес се нарекува.

kofcegot-od-kutles
Ковчегот од Кутлеш (Виргина-Палатица)

Македонското милениумско опстојување, како да наликува на долга, ретка и, речиси, неверојатна приказна, сместена во аналите на посебноста и бесмртноста. Ретки се примерите во историјата за такво истрајување на еден народ кој поминал низ такви турбулентни амплитуди низ вековите. Ретки се примерите на една земја како македонската, која е толку богата со цивилизациски и културни доблести и посебности со историски и епски вредности. Македонија како етнички и општествен организам поминувала и заминувала низ толку фази на негација, исцрпувачка обесправеност на делење и парчење на долги и крвави буни и битки. И сè така, додека на историската сцена, која наликува на птицата феникс, не стана неразделен и респектиран дел од големото европско, светско и универзално семејство.

Бескрајно долгиот тежок пат е исполнет и со блескавите страници на македонското истрајување и цврстина, како библиска Македонија минала низ лавиринтот на временската непокорност, за конечно, како нација да се конституира и да се потврди, за жал, дури кон половината на XX век. И тоа, како народ од европски профил, лоциран во срцето на Балканот, на територијата на античка Македонија, каде што старите култури и римската цивилизација оставиле бројни траги, а христијанството и исламот долго се бореле за превласт. Македонскиот народ опстојал на сите видови притисоци, закани и вековни обезличувања, успевајќи да биде зачуван, благодарение на својата културна консолидација. Иако благонаклонетоста на судбината најчесто го одминувала, сепак, многувековната исцрпувачка борба, востанијата, буните и пркосите, го научија македонскиот народ успешно да ја совладува суровата школа на опстанокот и конечниот национално-државен облик.

Како самостојна држава Македонија за првпат постои од дамнина, уште од античкиот период. Се наоѓала на територијата на едноимената област, порано нарекувана Емитија. Древната Македонија се граничела на југ со Елада (денешна Грција), на запад со Епир, на северозапад со Илирија и на исток со Тракија. Основното население во држвата го сочинувале македонските племиња Орести, Линкести, Елимиоти и Евродејците.

За историскиот развој на Македонија од античко време па до ден-денес пишувале голем број странски и домашни автори. Некои се обиделе да ја искриват македонската историја, а некои лесно ги презентираат историските факти за Македонија и македонскиот народ. Од многубројната литература може да се заклучи дека во овој долг и богат со настани временски период, само два народа се нарекле Македонци: античките Македонци и сегашните Македонци, кои денес живеат на просторот на етничка Македонија и на сите континенти во светот.

Во богатата историја на Европа тешко е да се најде народ каков што е македонскиот, кој имал толку многу превирања со своето национално конституирање. Тешко е да се најде друг народ во светот кој имал толку бурна историја. Секоја бура со последици го погодувала македонскиот народ. Не поминала војна која го одминала. Секоја несреќа што се случила на овие простори Македонија ја ставила во центарот на збиднувањата, а Македонецот ги добивал првите тешки удари.

amfiteatar-ohrid
Амфитеатарот во Охрид

Продолжува

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top