Дијаспора

Античката историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори (19 дел)

anticka-istorija-janko-tomov

(од фалсификати до коректно презентирање)

Пишува: Јанко ТОМОВ

anticka-istorija-janko-tomov

Пишувања во врска со историјата

Во книгата на Нигел  Кавторн под наслов “Александар Македонски Велики” (Лондон, 2004), на стр. 14 читаме за љубомората од страна на Грците од Атина против Филип Втори Македонски и Македонија.  Овде читаме:

“Атинскиот говорник Демостен бил посебно навредлив кога го нарекол Александар ‘маргитес’, комична карикатура на Ахил.” (на англиски: “The Atenian orator Demosthenes was particulary insulting, calling Alexander ‘margites’ – the comic caricature of Achilles“).

На стр. 14 читаме за задушувањето на востанието на Грците од Теба против Македонија, кое го извршил токму Александар Македонски. Притоа тој ја срамнил Теба со земја, а ги поштедил само храмот и куќата на поетот Пиндар, затоа што тој порано (цитат): “пишувал пофални зборови за претходниот македонски цар, кој исто така се викал Александар”.

Ова се однесува на Александар Први Македонски, кој бил наречен “Филхелен”, т.е. “Пријател на Грците”. Познато е дека Грците не му дозволиле да учествува во нивните Олимписки игри затоа што сметале дека тој не е Грк, а на овие игри учествувале само Грци.

Меѓутоа, и покрај досега презентираните објективни циати од книгата на Кавторн, сепак ни тој не се ослободил од заблудата Македонија да ја сместува во “северна Грција”, т.е. во држава која  тогаш воопшто не постоела. Така, тој пишува:

“Александар Велики  бил роден во Пела, антички главен град на кралството Македонија во северна Грција”. (на англиски:  “Alexander the Great was born in Pella, the ancient capital of the kingdom of Macedonia in Northern Greece”)..

Во продолжение, овој автор дава еден многу интересен и малку познат податок. Тој тврди дека вистинското име на Олимпија (жената на Филип Втори и мајка на Александар Македонски) било “Муртале” (Мurthale), но дека подоцна си го сменила името во Олимпија, откако  тркачката кола на Филип (која исто така се викала Олимпија) победила на Олимписките игри во 356 година пред Христа. Во истата таа година бил роден и Александар.

Продолжуваме со наведување фалсификувани (па дури и навредливи) податоци за историјата на Македонија и Македонците.

Во книгата од Натаниел Харис (Nathaniel Harris) (цит. дело, стр. 47), пишувајќи за династијата на Птолемеите, вели дека била составена од “Грци”, кои “владееле со Египет”.

 Иако, спомнавме дека најпозната потомка на македонската династија на Птолемеите била Клеопатра Седма, овде ќе дадеме објаснување за  династијата на Птолемеите. Притоа ќе се послужиме со податоци од книгата на Александар Донски “Исус Христос и Македонците” (Штип, 2000 год.).

По смртта на Александар Македонски рековме дека огромната Македонска империја бргу се распаднала на неколку држави. Но, Македонците и натаму останале да владеат со некои од нив. Така, на пример, Македонците останале да владеат со Египет. Веќе рековме дека Египет се одделил како самостојна држава, на чие чело застанал александровиот генерал Македонецот Птолемеј Лагов. Тој ја основал македонската династија Птолемеи, чии припадници останале да владеат со Египет уште речиси триста години по смртта на Александар Македонски.

Македонското етничко потекло на Птолемеите го потенцира и Јосиф Флавиј. Кралевите од династијата на Птолемеите тој сосема јасно ги нарекува “Македонци” (Flavius Against Apion, II, , 5).

За македонското етничко потекло на Птолемеите пишува и рано христијанскиот писател Иринеј. Дел од неговото творештво го пренесува познатиот ранохристијански историчар Евсевие Кесариски (околу 260 – 340 год.).Пишувајќи за создавањето на библиотеката во Александрија и Иринеј го споменува македонското потекло на Птолемеите. Овде читаме:

“Уште пред Римјаните да ја воспостават својата импе-рија, во времето кога Македонците с# уште ја држеа Азија, Птолемеј синот на Лаг, посакал да ја збогати библиотеката што тој ја направи во Александрија со вредни книги од сите луѓе…” (Eusebius of Caesarea: Church History, Book V, Chapter 8, The Statements of Irenaeus in regard to the Divine Scriptures).

Македонското етничко потекло на Птолемеите е спомнато и во светски познатата американска ЦД енцикло¬педијата  “Microsoft Encarta” (USA, 1998; наслов: Ptolemaic Dynasty). Овде читаме:

“Династијата на Птолемеите претставува македонско семејство кое владеело со Египет за време на хеленистичкиот период, од смртта на Александар Велики во 323 година пред Христа, па с# до времето кога Египет станал римска провинција во 30 година пред Христа. Во различни временски периоди Птолемеите ја држеле под својат власт и Киренајка (која се наоѓа во северна Либија), Палестина и Кипар. Династијата била основана од александровиот генерал Птолемеј. Тој бил поставен за гувернер на Египет од самиот Александар, а во 305 година пред Христа се прогласил себеси за независен владетел, под името Птолемеј Први Сотер. Кралството доживеало голем напредок, како под  негова власт, така и под власта на неговите наследници: Птолемеј Втори Филаделф и Птолемеј Трети Евергет, кои постојано имале спорови со припадниците на уште една македонска династија – династијата на Селевкидите во Сирија, околу превласта на источниот Медитеран. Иако не биле со египетско потекло, Птолемеите се придржувале кон повеќе египетски традиционални обичаи. Исто како што правел и Александар, така и тие се претставувале себеси на јавните споменици во египетски стил и облеки… Сепак, во нивната војска доминирале грчките и македонските должносници. Последната и сигурно најславна владетелка од Птолемеите била Клеопатра, која независно владеела, прво со  поддршката од Јулие Цезар, а подоцна и од Марко Антоние…”

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top