Дијаспора

Времето по повоениот период за семејството Стамевски (13)

Славе Катин

Славе Катин

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СВЕТОЗАР – СВЕТЛЕ СТАМЕВСКИ“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Америка отсекогаш била „ветената земја” за Европејците, односно народите од оваа страна на океанот. Тие се населувале на тој богат и по многу нешта карактеристичен континент од почетокот на освојувањето до денешни дни.

Исто така, мака видел Крсте и по војната. Мака видел од македонските комунисти иако многумина од нив ги хранел и помагал. Мака голема видел и од Албанците кои биле лоши. Иако, бил во три војни, иако целиот шарски одред го хранел, тоа никого не го интересирало, туку уште го третирале како капиталист и експлоататор, а сите знаеле плус и дека толку години поминал на гурбет оставајќи ја младоста и здравјето во туѓина. Бил принуден да ја даде целата стока во времето на колективите, бидејќи едноставно му впериле пиштол во слепоочниците.

Но, кога завршува сиот тој циркус со колективите, дедото Крсте кој имал големо имање во Тетовско, почнал деноноќно да работи со сета фамилија. По некое време го купиле и чифлигот во Јегуновце, купиле земја и во Доброшко, Одарско, во Нерашко. Само чифлигот во Јегуновце бил купен за три илјади долари. Големи пари во тоа време. Сосе имотот во Одри, фамилијата била многу зафатена и станале големи газди.

Се’ до 1968 година дедото Крсте не можел да излезе од Македонија. Дури во таа година успева да се врати во Америка. Пет години пред тоа, како што се сеќава добро Светозар-Светле од кажувањата, во Детроит веќе отишол неговиот чичко Владо, за потоа да го земе и дедото. Ама тој веќе бил стар, измачен, не можел и да работи, па само по една година, во 1969, се враќа во Одри. Последната желба му била да умре во својата Македонија. Погребан е во Одри. Во неговото Одри.

И, нагласува Светле Стамевски дека Албанците ја испокршија целата црква, ги сквернавија гробиштата, направија штети и на мртвите, но, не гибнати останале крстовите само на вечните почивалишта на дедото Стаме и дедото Крсте, бидејќи кај нас работеа цели албански фамилии кои дедо ми ги хранеше.

Славко Гавровски, Славе Катин и Светле Сѕамевски

Таков човек беше. Вреден. Многу вреден, многу честит. He пиел, не се коцкал, го интересирала само работата, додава Светозар-Светле. Мислам дека дури и кога спиеше паметот му беше во земјата, во стоката. He беше некој еснаф за на оро, ниту пак конте кој бркаше мода. Јас, се смее, Светозар-Светле, сакам мода, сакам конте, не сум на дедо ми. Тој беше и практичен човек, и во бивша Југославија најмногу му се допаѓало оти можел најмногу да работи и имање да купува.

Според кажувањето на Светле, дедото Крсте нe го бивало за школо, ама со бистрината на умот и добрата промисла, тој точно знаел кога и што да стори. А, бил ептен чесен, почесен човек од него, чинам не ќе се роди. He ни дозволуваше ниту стоката даја опцуеме. Постојано ни велешеда не бидеме пис на уста. Никогаш не се скара, ниту се степа со некого. He. Како што ни нас не не искара никогаш.

Дедо Крсте беше многу трпелив и бескрајно добар. Го памтиме како најдобар, како прекрасен лик, како наш предок со кого се гордееме. И него го почитувавме не само ние како фамилија, туку сите што го познаваа низ цела Македонија, како и во Америка, рече Светле Стамевски во својата приказна за дедо му Крсте.

Збунет, тепачот и неговата свита кои чекале да го покосат Крстета, го чекале исходот од разговорот. Кога Крсте возвратил дека џабе било што тој им кажал кој е, кога тие не му верувале, мислејќи дека ги мами дека е земјоделец, кога се убедени дека е политичар, паднала наредба: Пуштете го. Тој работи земја и ништо друго не знае, освен да храни народ, отсечно пресекол началникот.

Се свртел кон Крстета и му рекол дека од денеска имаш нов ден и нов живот и го пуштиле да си замине дома. Но, како што бил претепан до смрт не можел да мрдне, не можел да направи еден чекор.

Морале да дојдат неговите и на тезгере да го однесат до дома. Сопругата и останатите, цел месец го ределе со кромид и со сол за да застане на нозе. Значи, глава спасил само за неколку минути и тоа опасно премрежје долго му било ноќен кошмар. He зел ниту денар некаква пензија или надомест за ништо што тој придонел и претрпел во војната.

Продолжува

Најново од: Дијаспора

„Чувари на верата и македонскиот идеал“ – во Мелбурн одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Со панихида, положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и културна програма, македонската заедница оддаде почит на националните дејци и на архиепископот Ангелариј. Под мотото „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија на 24 октомври го одбележа Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. На настанот беше одбележана […]

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

To top