Досиеја

Светскиот Македонски Конгрес во Европа

gosti-od-mnogu-strani

Пишува: Тодор ПЕТРОВ

Во организација на Македонскиот клуб МАКЕДОНИЈА од Хајделберг, СР Германија, во 1992 година, Македонците во СР Германија започнуваат подготовки за семакедонско обединување во организацијата ОБЕДИНЕТИ МАКЕДОНЦИ ЗА ЕВРОПА. Првото Собрание на организацијата Обединети Македонци за Европа е одржано на 6 и 7 февруари 1993 година во Штупферих, СР Германија. На Собранието е донесена одлука за обединување во единствениот Светски Македонски Конгрес чијшто претседател е Тодор Петров, под името Македонски Конгрес за Европа. За прв претседател на организацијата ОБЕДИНЕТИ МАКЕДОНЦИ ЗА ЕВРОПА е избран Ванчо Минов од СР Германија.

Второто Собрание на Македонскиот Конгрес за Европа е одржано на 17 и 18 јуни 1995 година во Сенденхорст, СР Германија. За Претседател на Македонскиот Конгрес за Европа е избран м-р Веле Алексоски од СР Германија со мандат до 25 април 1998 година.

Третото Собрание на Македонскиот конгрес за Европа е одржано на 22 февруари 1997 година во Синделфинген, СР Германија.

Четвртото Собрание на Македонскиот Конгрес за Европа е одржано на 25 април 1998 година во Ремшаид, СР Германија. За Претседател на Македонскиот Конгрес за Европа е избран Драги Богоевски од СР Германија.

Петтото Собрание на Македонскиот Конгрес за Европа е одржано на 9 октомври 1999 година во Оснабрук, СР Германија. За Претседател на Македонскиот Конгрес за Европа е избран Насто Палиоски.

Шестото Собрание на Македонскиот Конгрес за Европа е одржано на 17 март 2001 година во Синделфинген, СР Германија. За претседател на Македонскиот Конгрес за Европа е избран Иљо Тодев со мандат до 17 март 2005 година.

Во Македонскиот Конгрес за Европа беа обединети сите здруженија на Македонците во Европа од Шведска, Норвешка, Финска, Белгија, Данска, Холандија, Луксембург, Франција, Германија, Полска, Швајцарија, Италија, Австрија, Словенија и Хрватска.

gosti-od-mnogu-strani

Најново од: Досиеја

Потребните чекори за слободна, богата и демократска Македонија – Никола Стојанов, август 1991 година

Овој документ претставува политички текст со наслов „Потребните чекори – и тоа чекори по важност – за слободна, богата и за живот пријатна Македонија“, потпишан од Никола Стојанов. Во него авторот го изнесува своето видување за состојбите во Македонија и за пречките што, според него, го попречуваат нејзиниот демократски, економски и општествен развој. Главната тема […]

Ангеле Македонецот: двапати суден, 34 месеци во самица и средба со Драган Богдановски зад решетки

Во книгата „Судени за Македонија“, Стојан Ристески ја забележува затворската голгота на Ангеле Мувчески од Требеништа, Охридско, познат како Ангеле Македонецот. Неговата приказна се одвива меѓу политичкото дејствување во емиграцијата, полициските испитувања, две судски постапки и долгите месеци во изолација. Според податоците што ги наведува авторот, од вкупно 42 месеца поминати во затвор и притвор, […]

Одржан семинар за Македонија во Берлин

Берлин, 08.09.95 Во преполната сала во Ратхаус Шенебер – седиштето на поранешната Берлинска влада, се одржа семинар на тема „Македонија на пат кон Европа“. На семинарот зедоа учество дипломати од неколку амбасади и тоа: Кина, Египет, Русија, Британија, Словачка, Чешка, Бугарија, Хрватска, Шведска, Индонезија, Франција, Италија, Словенија, Полска. Исто така на семинарот во Берлин присуствуваат […]

Отпорот на македонскиот народ кон странските пропаганди

Во текот на XIX век Македонија била изложена на силно дејствување на пропагандите на соседните држави. Грчката, српската и бугарската пропаганда, потпирајќи се врз своите државни институции, цркви, училишта, дипломатски претставништва и различни друштва, настојувале да го прошират своето влијание меѓу македонското население и да создадат услови за остварување на своите територијални претензии кон Македонија. […]

Предавниците ја земале наградата – а останувале запаметени по срамот

Македонија имала многу непријатели однадвор, но нејзините најтешки рани честопати биле нанесувани тогаш кога непријателот добивал помош однатре. Внатрешните поделби, атентатите и одмаздите одзеле многу животи и ја ослабнале борбата за македонската слобода. По Балканските војни Македонија била поделена меѓу соседните држави, а македонското револуционерно движење влегло во еден од најтешките периоди од своето постоење. […]

Македонците се судрија со полицијата во Софија на 28 Maj 1934 g.

Дваесетмина повредени во првата јавна манифестација по воспоставувањето на диктатурата Безжична дописка до „Њујорк тајмс“ СОФИЈА, 28 мај. — Во првата јавна демонстрација по воспоставувањето на бугарската диктатура, дваесет Македонци денеска беа повредени во судир со коњичката полиција. Судирот се случи за време на годишното одбележување во чест на Македонците што загинале во текот на […]

Предавствата – една од најтешките рани во македонската историја

„Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот. Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа.“ Ова е еден од најмоќните цитати на Гоце Делчев. Во него јасно се […]

To top