Досиеја

УДБА И МАКЕДОНСКИТЕ ПАТРИОТИ

4.јануари 1980 -мане молба за патуванје

4.јануари 1980   -мане молба за патуванјеУДБА И МАКЕДОНСКИТЕ ПАТРИОТИ

Македонските патриоти, кои биле чесни и посветени на својата сакана Македонија, со убедувања дека треба да ги исполнат аманетите на Илинденците, да се борат да ги исполнат  нивните цели  Македонија,  да биде самостојна и обединета, биле сметани за најголеми непријатели и биле прогонувани од институциите на матичната татковина.

УДБА, не бирала средства да ги омаловажува, да ги малтретира, да им прави интриги и не само нив, туку и нивните семејства, се со цел да им го скрши патриотскиот дух и да ги преобрази во социјалкистички дух, за југословенско братсво и единство, но тоа кај цврстите и посветени македонски патриоти никогаш  не им успеало.

Мане Јаковлески,бил прогонуван од УДБА само затоа што од патриотски побуди имал желба и потреба на душата да се запознае со македонските патриоти во Гетеборг-Шведска,  за кои имал читано во списанието на ДООМ – Македонска нација.

Сам, во 1976 година ја реализирал својата замисла. Со автомобил  заминал во Гетеборг и се запознал, и останал неколку дена со Миле Илиески, Драган Богдановски, Илија Илиевски и неколку други членови на ДООМ – Движење за Обединување и Ослободување на Македонија.

По извесно време во Гетеборг се случил оружен напад на неколкумина  од југословенскиот конзулат од Гетеборг, по настанот бил уапсен еден Македонец, а целата вина за подготовка и налогот за овој атентат му се препишува на Мане.

Македонската УДБА,  атентатот веднаш го поврзала со посетата на Мане во Гетеборг, за која посета веќе добила информации од нејзини информанти во Гетеборг. Оваа посета  на  Јаковлески е сметана како непријателска, т.е. било констатирано дека  Мане, бил во Гетеборг со цел да подготвува терористички активности против државата Југославија.

Поради тоа издава потерница по Мане и со тоа четири години не му било дозволено да дојде во родното село Зубовце, да ги посети своите стари и оболени родители.

Со ургенции на вработен во Ресторанот „Ново Скопје“ во Берлин, кај негов роднина, тогаш висок функционер во Македонија – правото да допатува во Македонија без да биде уапсен била условувана, но на крај била дозволена.

За време на неколкудневниот престој во родниот крај, постојано бил на присмоттра на припадниците на УДБА, а често бил повикуван на разговор и во централата на УДБА во Скопје.

Сето ова може да се види од оргиналните белешки на доситето на Јаковлески, кои ги приложуваме.

Да појасниме, сите они кои  биле на листата  на УДБА, кога доаѓале  во Македонија во посета на своите блиски морале редовно да одат на „информативен“ разговор, биле испитувани, се вршел невиден притисок да кажат се што доживеале во периодот додека биле во странство.

Некои дури од страв  кажувале и измислени работи, само и само да се спасат да не им биде земена патната исправа, или да не бидат  малтретирани-тепани.

УДБА имала свои центри насекаде во странство, односно информациите ги добивала главно од нашите сограѓани кои биле на привремена работа.

Исто така УДБА ги прислушувала телефонските разговори, каков што е примерот со Ресторанот „Ново Скопје“ во Берлин, сите писма кои биле испраќани на посочената адреса биле отворани, читани и се правеле копии, а потоа повторно препраќани до лицето кое било безбедносно интересно.

Во тоа време  УДБА била сметана за една од најорганизираните тајни служби во светот.

Секој еден кој бил повикан од службите, морал да се јави на разговор,

Без исклучок.

Ви презентираме случај каде М.Ј. кога се моли после четири годишна забрана да допатува во Македонија, без да биде уапсен, да дојде во посета на својот тешко болен татко.

Од редакцијата на Македонска нација

4.јануари 1980   -мане молба за патуванје

4.јануари 1980   -мане молба за патуванје 1

4.јануари 1980   -мане молба за патуванје 2

Најново од: Досиеја

Одржан семинар за Македонија во Берлин

Берлин, 08.09.95 Во преполната сала во Ратхаус Шенебер – седиштето на поранешната Берлинска влада, се одржа семинар на тема „Македонија на пат кон Европа“. На семинарот зедоа учество дипломати од неколку амбасади и тоа: Кина, Египет, Русија, Британија, Словачка, Чешка, Бугарија, Хрватска, Шведска, Индонезија, Франција, Италија, Словенија, Полска. Исто така на семинарот во Берлин присуствуваат […]

Отпорот на македонскиот народ кон странските пропаганди

Во текот на XIX век Македонија била изложена на силно дејствување на пропагандите на соседните држави. Грчката, српската и бугарската пропаганда, потпирајќи се врз своите државни институции, цркви, училишта, дипломатски претставништва и различни друштва, настојувале да го прошират своето влијание меѓу македонското население и да создадат услови за остварување на своите територијални претензии кон Македонија. […]

Предавниците ја земале наградата – а останувале запаметени по срамот

Македонија имала многу непријатели однадвор, но нејзините најтешки рани честопати биле нанесувани тогаш кога непријателот добивал помош однатре. Внатрешните поделби, атентатите и одмаздите одзеле многу животи и ја ослабнале борбата за македонската слобода. По Балканските војни Македонија била поделена меѓу соседните држави, а македонското револуционерно движење влегло во еден од најтешките периоди од своето постоење. […]

Македонците се судрија со полицијата во Софија на 28 Maj 1934 g.

Дваесетмина повредени во првата јавна манифестација по воспоставувањето на диктатурата Безжична дописка до „Њујорк тајмс“ СОФИЈА, 28 мај. — Во првата јавна демонстрација по воспоставувањето на бугарската диктатура, дваесет Македонци денеска беа повредени во судир со коњичката полиција. Судирот се случи за време на годишното одбележување во чест на Македонците што загинале во текот на […]

Предавствата – една од најтешките рани во македонската историја

„Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот. Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа.“ Ова е еден од најмоќните цитати на Гоце Делчев. Во него јасно се […]

31 октомври 1982 – се појавува „ШТАЗИ“„Да се набљудува“

На 31 октомври 1982 година во источногерманската документација се појавува оперативно барање. На него стои: Jakovleski, Manojlo. Целта е јасна: „In der Zeit von Einreise bis Ausreise beobachten.“ Во времето од влегувањето до излегувањето – да се набљудува. Ова е еден од најважните документи во целата приказна. Тој покажува дека интересот на Штази кон Мане […]

Мане Јаковлески и Ресторанот „Ново Скопје“ под надзор на Штази во поделениот Берлин

Повеќе од три децении не знаев дека источногерманската тајна служба – Штази – собирала информации за мене, за моите движења и контакти, како и за рестораните „Ново Скопје“ и „Македонија“ во Западен Берлин. За тоа дознав дури во 2017 година, благодарение на мојот близок германски пријател Матија Дорнфелд, кој работеше во Министерството за надворешни работи […]

To top