Досиеја

Писмо од Драган Богдановски до Мане Јаковлески – 25.11.1996

dragan-1_copy

Малме, 25.11.1996 г.

dragan-1_copyДраги Мане,

Пред се, извиниме што толку доцна реагирам на твојата кратка белешка. Причината за тоа е што јас на 1 октомври се преселив од Кевлинге во Малме па затоа твојата белешка ја добив дури минатата недела. И бидејки телефон немам, сум принуден да ти се јавам со ова писмо. Телефон во новиот стан ќе воведам дури од нова година.

Се надевам драги Мане, дека си добар со здравјето како и твоето уважувано семејство. Малиот Самоил сигурно е сега голем војвода.

Иако односите меѓу нас двајцата се сведоа на нула, верувајми брате Мане дека секогаш те имам ценето како чесен и голем македонски патриот. Таков за мене ќе останеш за века. Многу поздрав на брат ти Гоцета, на Данка и на сите кои ме знаат.

Мане, Стево мајката ми е потребен, односно неговата адреса, зошто сум му должен 160.- ДМ, а незнам кај да му ги испратам. Испрати ми ја те молам новата адреса ако ја знаеш.

Можеби за нова година ќе заминам за Македонија, па ќе гледам да минам низ Берлин, тогаш можеби ќе се видиме.

Со братски поздрав
Драган Богдановски

Pismo-od-Dragan-Bogdanoski-do-Mane-25.11

Pismo-od-Dragan-Bogdanoski-do-Mane-25.11.1996-2

Pismo-od-Dragan-Bogdanoski-do-Mane-25.11.1996-3

Најново од: Досиеја

Предлог за пласирање информација во МНЕ и пошироко – обид преку интриги да се внесе раздор во ДООМ

Документ од Службата за државна безбедност од 1987 година открива разработен план преку Мане и Гојко Јаковлевски да се наруши угледот на Драган Богдановски во македонската емиграција и да се создадат недоверба и внатрешни поделби во круговите на македонското национално движење. Македонските безбедносни служби од своето формирање по Втората светска војна, па до осамостојувањето на […]

Киднапирањето на Драган Богдановски во Париз – операцијата на СДБ против претседателот на ДООМ

Во 1977 година, среде Париз, Драган Богдановски – претседател на Движењето за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ) и еден од најактивните македонски политички емигранти – бил киднапиран и тајно пренесен во Југославија. Следувале 18 месеци изолација и истрага, судење зад затворени врати и пресуда од 13 години затвор. Документите од неговото досие откриваат до […]

Што видел Ниче Димовски-Македон додека седум дена бил во кома?

Во 1997 година, на 33-годишна возраст, Ниче Димовски-Македон, по тешка операција на хранопроводот во Германија, паднал во кома која траела седум дена. Преживеал, а подоцна пишувал за своите сеќавања од „другиот свет“. Години подоцна јавно изјавил дека доживеал клиничка смрт и дека имал необични визуелни слики, меѓу кои и визии поврзани со гробот на Александар […]

Членска книшка на Македонски женски сојуз од 1926 до 1934 година – сведоштво за стремежот кон слободна и независна Македонија

Членската книшка е печатена во Бугарија, а оригиналниот текст е на бугарски јазик и со тогашниот бугарски правопис, бидејќи женската организација била формирана и дејствувала во Бугарија. Македонскиот женски сојуз бил организација на жени бегалци од Македонија, формирана во Бугарија. Дејствувал во периодот од 1926 до 1934 година и одржувал контакти со ВМРО. Во почетокот […]

Вистината за „Сина птица“ – (Документи)

Патриоти вовлечени во опасна игра и видеокасетата што случајно ја откри аферата Аферата „Сина птица“ од 1992 година не може да се разбере ако се гледа само низ една видеоснимка или еден состанок во Кочани. За да се разбере што навистина се случуваше, мора да се вратиме во годините кога Југославија се распаѓаше, кога во […]

Тајните досиеја сведочат: Мане и Гојко Јаковлески членови на ДООМ под надзор поради македонската кауза во Берлин

Транскрипција на службена белешка од 16 октомври 1978 година РСВР на СРМ СДБ – Скопје Испостава на СДБ Струмица [прецртано] Струмица, 16.10.1978 год. Евиденција бр. 132/18-266 17.10.1978 год. СЛУЖБЕНА БЕЛЕШКА Извор: [прецртано] Објект: Емиграција Лица: Гојко Јаковлевски, емигрант во Берлин Мане Јаковлевски, емигрант во Берлин Стојан Ковачев од Струмица, на привремена работа во Париз – […]

Архивски документ: Љупчо Георгиевски го овластува Мане Јаковлески да ја претставува ВМРО-ДПМНЕ во Европа

ВМРО – Демократска партија за Македонско-национално единство Централен управен одбор Бр. 224/92 30.10.1992 год. Скопје ИЗВРШЕН КОМИТЕТ НА ВМРО-ДПМНЕ Скопје РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Рег. бр. 38 [нечитлив знак] 3552/1 ГУВР–Скопје ПРЕДМЕТ: ПОЛНОМОШТВО Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ (Република Македонија), има чест да го ополномошти г. Манол Јаковлески (роден на 1.02.1951 год., во Гостивар, Република Македонија), кој сега […]

To top