Досиеја

Хрватско Народно Ослободително Движење по повод пресудата на Драган Богдановски

pismo-hrvatska

Писмо од Хрватско Народно Ослободително Движење по повод пресудата на Драган Богдановски на 13 години затвор испратено до:

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ОКРУЖНИОТ СУД ВО СКОПЈЕ под раководство на судијата Миладин Стојанов

Осудувате човек на 13 години затвор само затоа што дрдорел (зборувал), а не ликвидирал никого од послушните слабаци и плеткачи. Само судете! Ќе ви се суди и вам!

Имавме прилика да прочитаме во вечерникот (вечерни лист) од 17-18.о.г.о пресуда од горенаведениот суд над тешкиот сторител Драган Богдановски (50) на 13 години затвор поради непријателско дејствување против вашата (или Брозовата-(се мисли на Јосип Брос Тито) земја од 1956 до 1979 година кога илегално дошол во земјата.

Значи дека прво сте го суделе тој човек затоа што можеби рекол дека Титова-та Југа (Југославија) за ништо не чини? А дали претходно сте му кажале и докажале дека Титова-та Југа е една земја на слободата, еднаквоста, праведноста, учтивоста, почитувањeто и демократска, затоа што веруваме дека тој Драган Богдановски го кажал и докажал спротивното, односно дека Титова-та Југа е на разнишани темели, полна со црвени рептили, крвава од самото постоење итн.

При тоа, обвинетиот бил емигрант (што вас во нос ве боде) во повеќе западноевропски земји од 1951 година.

И што Драган Богдановски од 1951 година до сега 1979 година и сторил на таа смрдлива Југа, дефакто на пример, убил некој бросов конзул, доушник (искористувач), удбаш, шпион или брозов мудар пропагатор, или можеби дигнал во воздух некој Југообјект во емиграција што би му служело на честа и гордоста како на борец за слобода на својот македонски народ под великосрпски комунистички терор.

Обвинетиот одговарал пред брозовиот зависен црвено партиски суд поради емиграција и дејствување против Југословенскиот „трул систем“ – „социјалното неуредување“, „………. уредување“ (потегни, повлечи секој на своја страна) „разбивање на братството и единството“ кое никој не го сака со великосрпските комунисти и „рамноправноста на југословенските народи и народности“ која за паметниот човек никогаш не била, ниту ќе биде, затоа што секој што се вика и нарекува Југословен, тоа значи дека исто така е и будала, а југословенските јазик, нација ниту суверенитет никогаш не постоеле ниту ќе постојат за учениот (образуваниот) човек, а будалиот кој не знае од каде потекнува тој прифаќа се` како еден обичен мајмун.

Ама што и кој го нарушува социјалното (не)уредување? Вие самите Југовци или подобро кажано вие изроди, вие кукавици и климавци, вие предавници на сопствениот народ, вие великосрпски, хрватски, словенски, црногорски и македонски комунисти.

Осудувате човек на 13 години затвор само затоа што дрдорел (зборувал), а не ликвидирал никого од послушните слабаци и плеткачи. Само судете! Ќе ви се суди и вам!

Зарем немавте доволно искуство и докази од 1918 година па до 1941 година, дека една диктатура (без оглед чија) нема цврста и реална поддршка кај народот, таа самата себе по основањето ги осудила на смрт, Александар Караџорџевиќ, Јосиф Сталин, Адолф Хитлер, Бенито Мусолини, генерал Франко, па така (што и` се и ближи крајот (на диктатурата)) и на Јосип Броз. Едвард Кардел се самозапалил само за да народот не го види ниту мртов, затоа што се чувствувал како тежок криминалец над многу од своите и други народи, па доколку ветрот му ја разнесе пепелта не е штета, а што ќе прави шумскиот маршал со своето мртво тело? Можеби како Адолф Хитлер?-во што не веруваме, затоа што таа мрза е храбар да ги мачи и касапи другите, а за себе е кукавица и слабак, ама мора да се сети дека при обичен смртен случај Хрватските кучиња би можеле да го развлечат по цела Хрватска, доколку не пцовиса во својата мајка Србија.

Вие Миладин Стојановски доколку имате барем малку срам, чесност и човечност во себе, отфрлете го тој гнасен брозов нож над својот народ и добијте подобар назив барем за време на брозовата црвена змија и не бранете ја со титулите таа засмрдена- Срамно Фантастична Затвореничка Југа.

Да живее слободна држава Македонија.

Да живее слободна држава Хрватска.

Хрватско Народно Ослободително Движење.

Долу Тито! Долу Титова Југославија!

Хамилтон, 28.II.1979

pismo-hrvatska

Најново од: Досиеја

Одржан семинар за Македонија во Берлин

Берлин, 08.09.95 Во преполната сала во Ратхаус Шенебер – седиштето на поранешната Берлинска влада, се одржа семинар на тема „Македонија на пат кон Европа“. На семинарот зедоа учество дипломати од неколку амбасади и тоа: Кина, Египет, Русија, Британија, Словачка, Чешка, Бугарија, Хрватска, Шведска, Индонезија, Франција, Италија, Словенија, Полска. Исто така на семинарот во Берлин присуствуваат […]

Отпорот на македонскиот народ кон странските пропаганди

Во текот на XIX век Македонија била изложена на силно дејствување на пропагандите на соседните држави. Грчката, српската и бугарската пропаганда, потпирајќи се врз своите државни институции, цркви, училишта, дипломатски претставништва и различни друштва, настојувале да го прошират своето влијание меѓу македонското население и да создадат услови за остварување на своите територијални претензии кон Македонија. […]

Предавниците ја земале наградата – а останувале запаметени по срамот

Македонија имала многу непријатели однадвор, но нејзините најтешки рани честопати биле нанесувани тогаш кога непријателот добивал помош однатре. Внатрешните поделби, атентатите и одмаздите одзеле многу животи и ја ослабнале борбата за македонската слобода. По Балканските војни Македонија била поделена меѓу соседните држави, а македонското револуционерно движење влегло во еден од најтешките периоди од своето постоење. […]

Македонците се судрија со полицијата во Софија на 28 Maj 1934 g.

Дваесетмина повредени во првата јавна манифестација по воспоставувањето на диктатурата Безжична дописка до „Њујорк тајмс“ СОФИЈА, 28 мај. — Во првата јавна демонстрација по воспоставувањето на бугарската диктатура, дваесет Македонци денеска беа повредени во судир со коњичката полиција. Судирот се случи за време на годишното одбележување во чест на Македонците што загинале во текот на […]

Предавствата – една од најтешките рани во македонската историја

„Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот. Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа.“ Ова е еден од најмоќните цитати на Гоце Делчев. Во него јасно се […]

31 октомври 1982 – се појавува „ШТАЗИ“„Да се набљудува“

На 31 октомври 1982 година во источногерманската документација се појавува оперативно барање. На него стои: Jakovleski, Manojlo. Целта е јасна: „In der Zeit von Einreise bis Ausreise beobachten.“ Во времето од влегувањето до излегувањето – да се набљудува. Ова е еден од најважните документи во целата приказна. Тој покажува дека интересот на Штази кон Мане […]

Мане Јаковлески и Ресторанот „Ново Скопје“ под надзор на Штази во поделениот Берлин

Повеќе од три децении не знаев дека источногерманската тајна служба – Штази – собирала информации за мене, за моите движења и контакти, како и за рестораните „Ново Скопје“ и „Македонија“ во Западен Берлин. За тоа дознав дури во 2017 година, благодарение на мојот близок германски пријател Матија Дорнфелд, кој работеше во Министерството за надворешни работи […]

Предлог за пласирање информација во МНЕ и пошироко – обид преку интриги да се внесе раздор во ДООМ

Документ од Службата за државна безбедност од 1987 година открива разработен план преку Мане и Гојко Јаковлевски да се наруши угледот на Драган Богдановски во македонската емиграција и да се создадат недоверба и внатрешни поделби во круговите на македонското национално движење. Македонските безбедносни служби од своето формирање по Втората светска војна, па до осамостојувањето на […]

To top