Досиеја

Случајот со иконите

zlatko-davitkovski

Златко Давитковски, Куманово 2004 година

zlatko-davitkovskiВо 1972 година пред да има земјотрес, Св. Јован ми се јави и ми рече за да нема земјотрес во Куманово, да земам две икони и да поминат во домовите на луѓето од побожно друштво од Куманово одејќи од куќа на куќа. Оделе така иконите кај Љуба Патлиџанка, Цвета Пендаќанка, кај Кева Чавка, кај Кутраци, Гора Драчка … и кога дошле до старата црква, до Ацо и Олга се собрале над 70 луѓе. Вака, рекле луѓето, даваме милионски цифри во болница, а иконите се како гостинки, и без да знам јас кој чорапи оставил кој пари. Но наишол некој агент и прашал чии се овие икони што одат по куќите?

Златкови, кажале.

Агентите ги зеле иконите и ги однесле во полицијата за да го бараат тој што ги дал, зашто да идат иконите? Се исплашиле луѓето и ми се јавуваат во Бујановац каде што бев на бања и ми велат:

– Те бара полицијата.

Јас ги прекинав бањите и дојдов во Куманово, тргнав накај Бејтов Млин да прашам еден пријател што е работата. Од каде ме познаа, гледам ме следат двајца. Беше силен ветар, се крена една прашина и некако им избегав. Почна да се стемнува кога ме сретна една пријателка што продава леб и ми вели:

– Каде Златко?

Реков дека доаѓам од Бујановац, ме бара полицијата. А таа ми вели:

– Има ли во твоето село струја?

Јас реков нема.

– Па ти – рече – не си гледал ни еден криминален филм, па ти знаеш што значи милиција, тамо се волчји усти. Од таму нема жив да излезиш, ти не знаеш да се спасиш. Ајде – рече – кај мене ќе преспиеш, јас имам еден сват, тој во затворот е вратар и тој нека те одведе. И отидовме, јас во полицијата прв пат одам и ме качија во број 5 кај инспекторот Перо. Влегувам во канцеларијата, а иконите таму. Јас не ги знам тие инспекторски работи, а тој зема цигара, се потсмевнува и ми вели:

– Еј што си добро момче, што се убави овие икони, е па кој ти кажа да ги донесеш?

Јас ако кажам дека се заради земјотрес, комунизам е ќе ме тепаат, а во Светото Писмо вели: „Блажени сте вие кога ќе ве срамат и прогонат и кога ќе говорат против вас секакви лоши зборови лажно, заради мене. Радујте се и веселете се зашто голема е вашата награда на небесата. Така ги гонеа и пророците што беа пред вас.“

(Мт.5. гл.11-12 стих)

И што ќе ме научи Бог веднаш ми дојде да кажам:

– Чуле ли сте за село Зрзе, Прилепско?

– Да.

– Има еден манастир Преображение над селото, овие икони ми ги дадоа да соберам прилог за осветлението.

– Па зашто не си пријавил?

– Па не сум знаел!

Ама тоа не ми помогна. Нема, нема па ќе замавне накај мене како дека ќе ме удри. А јас пред таа ноќ отидов кај една жена моја пријателка на која снаа и работеше во полиција и и реков:

– Тетко, снаа ти работи во Внатрешни. Колку има разлика од син ти до мене? Само што не си ме родила. Син ти носи плата, мене Бог ме одредил да помагам на народот. За кого ме Бог одредил, за вас а кој треба да ме штити, пак вие!

– Немај гајле ми рече таа.

Кога ме водеа утредента по разни простории дојде снаа и и ми вели:

– Ти ли си тој Златко?

Мед и млеко и тече од устата, а што ти мисли, Бог да не ти даде. Рече чија снаа е, ама не мрдна со прстот. Ме затворија со катанци во една соба и дојде човек со долг нос, ме удри по лицето и ми отече устата.

Ние помагачите сме многу наивни и мирни луѓе, ама тој што ни направил лошо сакаме да знаеме кој е, го бараме. Сто метра во земја да се скрие јас сакам да знам кој ме удрил Да му кажам: „Ти благодарам што ме удри.“ Ние од нашата фамилија не знаеме да пцуеме не знаеме да се тепаме ама сакам да знам кој ме удрил. Мина многу време и дознав.

Таа ноќ ме одведоа кај пијаниците што ги трезнат, доле само едно смрдливо ќебе. Погледнав нагоре и помислив готов сум. После половина ноќ дојдоа дежурните и ме зедоа кај нив, ама јас жолт како лимон.  Исплашен, не сум научен на такви работи. Ама Свети Јован ми рече: „ На еден од дежурните лошо ќе му се случи.“ И навистина тој човек умре подоцна. Изутрината пред да дојде нова смена, ми се залепија рацете. Мислам дека тоа беше пример за полицијата. Почнав да викам, помош, помош,  тие ме фатија за вратните жили и инспекторот Перо: „На момчето мака не му се гледа, пушти го.“

– Не – рече тој- со иконите во Суд за прекршоци.

Каде ќе ме одведат, кај судијата Еленко.  Не може човекот да ме осуди, гледам не му дава Божјата сила, кога еден судија влегува случајно и ми вели.

– Симни го крстот да го згазам!

Јас му одговорив:

– Ти, господине,  крстот да го згазиш, зошто? Крстот не е убиец против Бога, не е оружје. Ако сакате никој да не носи крст, дајте преку весници и забранете никој да не носи. По кој член тоа го кажувате?

Таа епизода многу ме заболе. Дознав потоа кој бил тој човек.

Судијата кој требаше да ме осуди ме праша, каде живеам јас реков кај сестра Мирјана во „Света Недела“ во Штип. Не ме осуди и ме пуштија.

За иконите можам да го кажам и ова: После еден период одвреме-навреме ми се јавуваше Света Богородица затоа што иконите останаа во судот ми вели вака: „Обиди се да ме извадите, ставена сум во магацин во општината и целата сум покриена во прашина“.  Јас се обидував многу, прашував над стотина луѓе и во тоа време секретар беше Станко од Шупљи Камен и лично отидов кај мајка му Миланка и и реков дека нејзиниот син треба да одобри да ми се дадат двете запленети икони во полицијата. Жената се засрами и ми рече дека кај неа доаѓаат секакви криминалци, но кога се во прашање икони ќе мора да се помогне. Но сите обиди беа безуспешни и иконите до ден денес сеуште не се вратени. Богородица пак ми се јави и ми рече дека во Куманово ќе направи чудо. И навистина дојде едно невреме и однесе многу куќи и тоа беше една казна за Куманово што иконите таму стојат преку 30-тина години. Ми се кажа дека една икона била дадена на распродажба, а од нив денеска ни трага ни глас.

Јас го знам својот карактер и знам колку можам да поднесувам. Повеќе ме малтретирале психички отколку физички. Јас сум таков човек, ќе отидам од настинка да примам инекција во Крива Паланка, зној на рацете, ќе плаќам во општината порез, исто. Јас сум израснал со срам и со страв од грев. Кога еден таков човек ќе отиде во полиција на 24 часа, не му треба поголем срам и страв.

Имаше во тие години многу непријатни епизоди. отидов еднаш да купам храна во градот, ме сретна полицаецот Перо и ми го виде крстот и ајде во милиција ми вели. Зошто, не ми кажува, а јас претпоставив дека тоа е заради крстот. И ми вели уште:

– Оди ти напред, а јас зад тебе, мене ми е под честа со тебе да одам.

Ама од страв јас влегов во градската аптека и божем купувам лекови, не смеам да излезам половина час. Седам внатре исплашен, зборувам со некој што го знам и се надевам дека можеби отишле. Цвета Пендаќанка беше тука и јас и реков:

– Тетка Цвето, оди види дали е пред аптеката инспекторот!

А таа виде и ми вели.

-Перо го нема, ама има еден друг.

Не велам дека се силеџии веројатно не ми даваат крст да носам, но се исплашив, не знам дали да одам во милиција или не.  Ако отидам таму можеби нема да ме тепаат, но ќе си тераат мајтап со мене!?!

Што се однесува до човекот што ме удри кога бев цела ноќ во полицијата заради иконите, поминаа неколку години и дојде една жена да и помогнам за деца.

Се помислив, а Свети Јован ми вели:

– Нејзиниот маж те удри.

Јас и реков:

– Како да ти помогнам кога маж ти ме удри? Беше против мене и мојата способност, против Господа беше. Како да се молам за него, прво нема да ми се каже.

Таа ми вели:

– Јас мојот маж го знам многу убаво, сега ќе одам да го повикам од колата да видиш дека не бил тој.

Јас и реков:

– Жено, не сакам да те навредам, но морам да ти ја кажам вистината. Дали ти знаеш дека полицајците, директорите, докторите, војниците земат заклетва да не кажуваат и на своите деца кога ќе има тајни работи. Ти мислиш дека маж ти како полицаец ќе ти каже дека ме тепал? Па јас Бога ли ќе го слушам или тебе? Мене Свети Јован ми вели дека маж ти ме удрил!

Таа си отиде но пак дојде. Ја услужив. Во Светото Писмо пишува кој те удрил по едниот образ, сврти му го и другиот. Јас тоа го направив.

По три-четири години во Бединската црква ја видов таа жена како води мало дете, а со неа мажот со голем нос. Тоа беше човекот што ме удри.

Од книгата „Мојот пат“ од Златко Давитковски, Куманово 2004 година.

(Марко Китевски)

Најново од: Досиеја

Отпорот на македонскиот народ кон странските пропаганди

Во текот на XIX век Македонија била изложена на силно дејствување на пропагандите на соседните држави. Грчката, српската и бугарската пропаганда, потпирајќи се врз своите државни институции, цркви, училишта, дипломатски претставништва и различни друштва, настојувале да го прошират своето влијание меѓу македонското население и да создадат услови за остварување на своите територијални претензии кон Македонија. […]

Предавниците ја земале наградата – а останувале запаметени по срамот

Македонија имала многу непријатели однадвор, но нејзините најтешки рани честопати биле нанесувани тогаш кога непријателот добивал помош однатре. Внатрешните поделби, атентатите и одмаздите одзеле многу животи и ја ослабнале борбата за македонската слобода. По Балканските војни Македонија била поделена меѓу соседните држави, а македонското револуционерно движење влегло во еден од најтешките периоди од своето постоење. […]

Македонците се судрија со полицијата во Софија на 28 Maj 1934 g.

Дваесетмина повредени во првата јавна манифестација по воспоставувањето на диктатурата Безжична дописка до „Њујорк тајмс“ СОФИЈА, 28 мај. — Во првата јавна демонстрација по воспоставувањето на бугарската диктатура, дваесет Македонци денеска беа повредени во судир со коњичката полиција. Судирот се случи за време на годишното одбележување во чест на Македонците што загинале во текот на […]

Предавствата – една од најтешките рани во македонската историја

„Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот. Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа.“ Ова е еден од најмоќните цитати на Гоце Делчев. Во него јасно се […]

31 октомври 1982 – се појавува „ШТАЗИ“„Да се набљудува“

На 31 октомври 1982 година во источногерманската документација се појавува оперативно барање. На него стои: Jakovleski, Manojlo. Целта е јасна: „In der Zeit von Einreise bis Ausreise beobachten.“ Во времето од влегувањето до излегувањето – да се набљудува. Ова е еден од најважните документи во целата приказна. Тој покажува дека интересот на Штази кон Мане […]

Мане Јаковлески и Ресторанот „Ново Скопје“ под надзор на Штази во поделениот Берлин

Повеќе од три децении не знаев дека источногерманската тајна служба – Штази – собирала информации за мене, за моите движења и контакти, како и за рестораните „Ново Скопје“ и „Македонија“ во Западен Берлин. За тоа дознав дури во 2017 година, благодарение на мојот близок германски пријател Матија Дорнфелд, кој работеше во Министерството за надворешни работи […]

Предлог за пласирање информација во МНЕ и пошироко – обид преку интриги да се внесе раздор во ДООМ

Документ од Службата за државна безбедност од 1987 година открива разработен план преку Мане и Гојко Јаковлевски да се наруши угледот на Драган Богдановски во македонската емиграција и да се создадат недоверба и внатрешни поделби во круговите на македонското национално движење. Македонските безбедносни служби од своето формирање по Втората светска војна, па до осамостојувањето на […]

Киднапирањето на Драган Богдановски во Париз – операцијата на СДБ против претседателот на ДООМ

Во 1977 година, среде Париз, Драган Богдановски – претседател на Движењето за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ) и еден од најактивните македонски политички емигранти – бил киднапиран и тајно пренесен во Југославија. Следувале 18 месеци изолација и истрага, судење зад затворени врати и пресуда од 13 години затвор. Документите од неговото досие откриваат до […]

To top