Досиеја

Четири часа во агонија

zlatko-davitkovski

zlatko-davitkovski

Златко Давитковски, Куманово 2004 г. (2)

Седам во мојата соба,  доаѓаат тројца полицајци во униформа и ми велат:- Ај дај ја личната карта.

Кога видоа дека сум жител на Куманово, се погледнаа.  Јас ги знам тие не ме познаваат. Поминаа две-три минути мене ме фати страв и јас паднав во собата. Паднав во транс и Свети Јован ми вели: „Слуго Златко, со намера се дојдени да те тепаат, а немаат ни налог, ниту изјава, некој дал изјава против тебе. Но ние ќе ставиме рака на тебе, ќе дадеме промена.“ Некоја сила ги исфрли надвор полицајците за секунда, а јас во агонија. Невидлива сила само ми диктираше: „Слуго, не плашисе, слуго не плаши се. Сега ќе те изведеме надвор.“ И точно слушнав за се што ќе ми се случи во наредните четири часа. Ми се кажа дека тоа ќе биде пример за полицијата.

Верувале или не, така и се случи. Јас станав од собата се погледнав во огледалото, лицето ми беше бледо како мов. Излегувајќи од собата по патеката кон црквата дојдов до половина пат и ги видов полицајците како ме посматраат. Ме стресе некоја чудна сила и паднав во тревата. Четири часа бев во агонија. Целото село се собрало, а полицајците велеле, ајде селани земајте ќебиња да го дигнеме, а селаните велеле дека за нив јас сум светиња. Вие како полицајци ако сте посилни од него и од Бога, зашто ви се пендраците на кук, зашто сте вооружени. Како полицајци зошто вие чекате еден Златко, зошто не употребите сила. Ние не можеме затоа што кога тој ќе падне пред црквата, ние не можеме да пријдеме. Кога ќе дојде време, Божјата сила сам ќе го дигне.

Марицата била надвор од кругот на црквата, до едно свето место ние го викаме Крст. Не можеле да ја запалат марицата и да ја довезат во црквениот двор, и неколку пати се јавувале до станицата. Селаните ми кажуваа дека велеле: „Друже командире, телото е непокретно, телото е како шпиртосано, не можеме да пријдеме од 10-15 метра.“ Кога поминаа четири часа станувам целиот истоштен, а полицајците во покајание. Бев во кошула и шушкавец кои целите беа во кал, бидејќи беше влажно време. Ги послушав влегов во марицата и појдовме по црниот пат преку Аеродром. Некаде кај аеродромот стигна џип со други двајца полицајци. Од тројцата полицајци што беа кај мене Свети Јован ми рече едниот ќе умре, и нема пензија да дочека, и навистина едниот е умрен. Умреа и уште двајца други полицајци што ме малтретираа. Божјата заштита во случајот веројатно беше што ме тепаа. Тројцата што ме носеа со марицата ме предадоа на двајцата во џипот. Ми кажаа едни полицајци, потоа, дека тие тројцата кога отишле во полиција, рекле: „Кој има две глави и две човечки срца нека го дира. Ние четири часа гледавме, мака не му се гледа“.

Двајцата што ме презедоа во џипот ме понесоа кон Паланка да ме отселат. По патот кон Старцин му кажав на едниот полицаец дека неговиот син пред три дена беше кај мене. На ден Велигден му украл на свештеникот една дебела црковнословенска книга. Дојде да ме праша што да прави? Му велам на полицаецот да ја врати и дека тоа е криминална работа, а не тоа што го правам јас. Тој се навреди и почна да ме провоцира по патот. Кога дојдовме во Крива Паланка беше дежурен еден полицаец од моето село. Со мојот брат што е во Австралија во една вода се крстени. Тој им рече:

-Колеги, ве молам, Златко нема да биде примен во нашата полиција. Мајка му е во црно облечена. Некој и рекол дека ако не се облече во црно, Златко нема да и дојде. Мајка ми плачела до небо се слушало. Златко на мравка пат не згазил. Зарем малку му се неговите маки па уште и милицијата да го прогонува! Зошто го малтретираме? Ако дознае мајка му, пред време ќе умре.

Ме оставија полицајците од Куманово и си се вратија назад, а Ѓоре ми рече:

– Ти ќе одиш дома кај мене да преспиеш, нема потреба да спиеш овде. Изутрина ќе видиме.

Јас не отидов во полициската куќа бидејќи целиот бев воден и каллив туку кај една моја роднина што живееше до полицијата. Таа ме праша зошто си мокар и каллив ама јас не смеам да кажам. Ќе каже на мајка ми и ќе умре пред време. Реков дека сум туркал една кола и сум паднал во кал. Во пет млаки води не можеше да го испере шушкавецот. Утрото отидов во полицијата и им велам:

– Ме знаете од која фамилија сум, и што сум. Ако сум заслужил притворете ме, затворете, убијте или пуштете ме на слобода. Ајдуците сте ги пуштиле да крадат, а нас мирните не малтретирате. Јас меѓу две сили не можам да опстанам. Мене чудна сила ме влече да го напуштам родниот крај, а вие ме мачите да се вратам.

Од книгата „Мојот пат“ од Златко Давитковски, Куманово 2004 година.

(Марко Китевски)

Најново од: Досиеја

Отпорот на македонскиот народ кон странските пропаганди

Во текот на XIX век Македонија била изложена на силно дејствување на пропагандите на соседните држави. Грчката, српската и бугарската пропаганда, потпирајќи се врз своите државни институции, цркви, училишта, дипломатски претставништва и различни друштва, настојувале да го прошират своето влијание меѓу македонското население и да создадат услови за остварување на своите територијални претензии кон Македонија. […]

Предавниците ја земале наградата – а останувале запаметени по срамот

Македонија имала многу непријатели однадвор, но нејзините најтешки рани честопати биле нанесувани тогаш кога непријателот добивал помош однатре. Внатрешните поделби, атентатите и одмаздите одзеле многу животи и ја ослабнале борбата за македонската слобода. По Балканските војни Македонија била поделена меѓу соседните држави, а македонското револуционерно движење влегло во еден од најтешките периоди од своето постоење. […]

Македонците се судрија со полицијата во Софија на 28 Maj 1934 g.

Дваесетмина повредени во првата јавна манифестација по воспоставувањето на диктатурата Безжична дописка до „Њујорк тајмс“ СОФИЈА, 28 мај. — Во првата јавна демонстрација по воспоставувањето на бугарската диктатура, дваесет Македонци денеска беа повредени во судир со коњичката полиција. Судирот се случи за време на годишното одбележување во чест на Македонците што загинале во текот на […]

Предавствата – една од најтешките рани во македонската историја

„Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот. Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа.“ Ова е еден од најмоќните цитати на Гоце Делчев. Во него јасно се […]

31 октомври 1982 – се појавува „ШТАЗИ“„Да се набљудува“

На 31 октомври 1982 година во источногерманската документација се појавува оперативно барање. На него стои: Jakovleski, Manojlo. Целта е јасна: „In der Zeit von Einreise bis Ausreise beobachten.“ Во времето од влегувањето до излегувањето – да се набљудува. Ова е еден од најважните документи во целата приказна. Тој покажува дека интересот на Штази кон Мане […]

Мане Јаковлески и Ресторанот „Ново Скопје“ под надзор на Штази во поделениот Берлин

Повеќе од три децении не знаев дека источногерманската тајна служба – Штази – собирала информации за мене, за моите движења и контакти, како и за рестораните „Ново Скопје“ и „Македонија“ во Западен Берлин. За тоа дознав дури во 2017 година, благодарение на мојот близок германски пријател Матија Дорнфелд, кој работеше во Министерството за надворешни работи […]

Предлог за пласирање информација во МНЕ и пошироко – обид преку интриги да се внесе раздор во ДООМ

Документ од Службата за државна безбедност од 1987 година открива разработен план преку Мане и Гојко Јаковлевски да се наруши угледот на Драган Богдановски во македонската емиграција и да се создадат недоверба и внатрешни поделби во круговите на македонското национално движење. Македонските безбедносни служби од своето формирање по Втората светска војна, па до осамостојувањето на […]

Киднапирањето на Драган Богдановски во Париз – операцијата на СДБ против претседателот на ДООМ

Во 1977 година, среде Париз, Драган Богдановски – претседател на Движењето за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ) и еден од најактивните македонски политички емигранти – бил киднапиран и тајно пренесен во Југославија. Следувале 18 месеци изолација и истрага, судење зад затворени врати и пресуда од 13 години затвор. Документите од неговото досие откриваат до […]

To top