Досиеја

Предлог за пласирање информација во МНЕ и пошироко

igra-za-posetata-na-dragan-bogdanovski-vo-zatvorot-idrizovo-1

Македонските безбедносни служби од своето формирање по Втората светска војна па до целосното осамостојување на Македонија во деведесетитите години, речиси скоро пет децении беа составен дел од единствениот безбедносен систем на Југославија. Во една таква констелација на единствен безбедносен и одбранбен систем на Југославија, македонските безбедносни служби беа во потполна зависност на Сојузните безбедносни служби, односно беа ставени во потчинета положба, а со тоа и послушен апарат за спроведување на политиката на  „Сојузниот безбедносен апарат“. Во овој период на партиското едноумие, кога „Центарот“ во Белград ја креираше кадровската политика на македонските безбедносни служби, долг период на чело на службите беа поставувани лица кои не се отука и лица кои во името на на зачувување на братството и единството на југословенските народи, а зад која вешто се криеше српската хегемонистичка политика, немаа слух за македонските национални интереси.

Главниот инспектор В.Д. на Службата за државна безбедност на Републичкиот секретаријат за внатрешни работи на СР Македонија (СДБ – II- сектор на  РСВР-СРМ), на 3.03.1987 година ќе изработи:

„Предлог за пласирање на информација во МНЕ и пошироко“, класифицирана како „Строго доверливо“  во која се вели:

„Во врска со најновите активности на Драган Богдановски, имаме намера преку Мане Јаковлевски, кој наскоро треба да патува во Западен Берлин, каде што подолго време ќе престојува, истите да ги пласираме со цел да го разобличиме како човек кој е доста превртлив, посебно во неговата национална определба.

Меѓутоа, за да постигнеме целосен ефект, неопходно е Јаковлевски да го увериме во ваквата национална превртливост на Богдановски, а тоа, предлагам да го направиме на оледниот начин:

– Да го запознаеме М.Јаковлевски со новооткриените написи и платформа на Д.Богдановски;

Од „ Предлог за пласирање на информација во МНЕ и пошироко“ кој е одобрен од надлежните, може да се види дека Службата за државна безбедност, планира како тројански коњ да го искористи Мане Јаковлевски и преку него да се пласираат информации кои би ја дискредитирале личноста на Драган Богдановски, како превртлива личност а со тоа и да ја изгуби неограничената доверба и подршка која ја има Гојко за Богдановски, а  преку него и од емигрантските организации во Европа.

igra-za-posetata-na-dragan-bogdanovski-vo-zatvorot-idrizovo-1

igra-za-posetata-na-dragan-bogdanovski-vo-zatvorot-idrizovo-2

Најново од: Досиеја

Отпорот на македонскиот народ кон странските пропаганди

Во текот на XIX век Македонија била изложена на силно дејствување на пропагандите на соседните држави. Грчката, српската и бугарската пропаганда, потпирајќи се врз своите државни институции, цркви, училишта, дипломатски претставништва и различни друштва, настојувале да го прошират своето влијание меѓу македонското население и да создадат услови за остварување на своите територијални претензии кон Македонија. […]

Предавниците ја земале наградата – а останувале запаметени по срамот

Македонија имала многу непријатели однадвор, но нејзините најтешки рани честопати биле нанесувани тогаш кога непријателот добивал помош однатре. Внатрешните поделби, атентатите и одмаздите одзеле многу животи и ја ослабнале борбата за македонската слобода. По Балканските војни Македонија била поделена меѓу соседните држави, а македонското револуционерно движење влегло во еден од најтешките периоди од своето постоење. […]

Македонците се судрија со полицијата во Софија на 28 Maj 1934 g.

Дваесетмина повредени во првата јавна манифестација по воспоставувањето на диктатурата Безжична дописка до „Њујорк тајмс“ СОФИЈА, 28 мај. — Во првата јавна демонстрација по воспоставувањето на бугарската диктатура, дваесет Македонци денеска беа повредени во судир со коњичката полиција. Судирот се случи за време на годишното одбележување во чест на Македонците што загинале во текот на […]

Предавствата – една од најтешките рани во македонската историја

„Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот. Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа.“ Ова е еден од најмоќните цитати на Гоце Делчев. Во него јасно се […]

31 октомври 1982 – се појавува „ШТАЗИ“„Да се набљудува“

На 31 октомври 1982 година во источногерманската документација се појавува оперативно барање. На него стои: Jakovleski, Manojlo. Целта е јасна: „In der Zeit von Einreise bis Ausreise beobachten.“ Во времето од влегувањето до излегувањето – да се набљудува. Ова е еден од најважните документи во целата приказна. Тој покажува дека интересот на Штази кон Мане […]

Мане Јаковлески и Ресторанот „Ново Скопје“ под надзор на Штази во поделениот Берлин

Повеќе од три децении не знаев дека источногерманската тајна служба – Штази – собирала информации за мене, за моите движења и контакти, како и за рестораните „Ново Скопје“ и „Македонија“ во Западен Берлин. За тоа дознав дури во 2017 година, благодарение на мојот близок германски пријател Матија Дорнфелд, кој работеше во Министерството за надворешни работи […]

Предлог за пласирање информација во МНЕ и пошироко – обид преку интриги да се внесе раздор во ДООМ

Документ од Службата за државна безбедност од 1987 година открива разработен план преку Мане и Гојко Јаковлевски да се наруши угледот на Драган Богдановски во македонската емиграција и да се создадат недоверба и внатрешни поделби во круговите на македонското национално движење. Македонските безбедносни служби од своето формирање по Втората светска војна, па до осамостојувањето на […]

Киднапирањето на Драган Богдановски во Париз – операцијата на СДБ против претседателот на ДООМ

Во 1977 година, среде Париз, Драган Богдановски – претседател на Движењето за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ) и еден од најактивните македонски политички емигранти – бил киднапиран и тајно пренесен во Југославија. Следувале 18 месеци изолација и истрага, судење зад затворени врати и пресуда од 13 години затвор. Документите од неговото досие откриваат до […]

To top