Досиеја

Македонскиот Божиќ во Кумановско

dragan-bogdanovski-1

Македонија е земја на верски и обредни обичаи. Традицијата и вербата во Бога, почитта кон празниците и култот кон празнувањето се присутни во секое верничко семејство.

Нашата македонска национална душа што  ја изградувале нашите претци во тек на долги векови, останува да се пренесува низ вековите.

Божик, или Коледе,   цели   1.100 години,   од денот  кога ние Македонците сме станале христијани,   бил најголемот празник и за нашиот народ,   најголема негова радост.   За многумина Македонци Божик, и е денес  најголем празник,   најголема радост и тука во Македонија, но и по дијаспората, македонците знаат прилично доста за македонските  божикни обичаи што ги научиле  од  своите родители.

Затоа еве нешто повеке  за Божик,или  за Дедо Коледе, како  Божик е дочекуван и славен уште од „старо” време во Македонија.

Божикните  обичаи,  како и сите други обичаи,  варираат  од еден крај  на друг,   но  општо  земено,   тие  се  слични или многу блиски, еден на друг  во  цела Македонија, но поконкретно обичаи во Кумановско. Божик и денес  се дочекува и  слави со  обичаите   од  старато време. Ние Македонците  сме христијанска нација,   христијанските  обредни обичаи    влегуваат  во  основата на нашата национална култура,   затоа ако  се  откажеме     од  нашите  стари верски обичаи ние ке се откажеме  од најбитното во нашата национална култура и наместо да станеме модерни,   ние: ќе  се  сториме  безлични културни варвари

Божиќ почнуваше да, се чека шест  недели пред  него, православните христијани држат за Божик шестнеделен пост   што  значи,   дека 42 дена никој не  јаде месо,   сирење,   млеко,   сало  се што  е производ од животни.  Денеот  пред почетокот  на шестнеделниот  пост  се вика ПОКЛАДИ и се прославува со  богата блажна гозба.  Вечерата спроти првиот постен ден,  домакинките  готват   богата вечера со месо, кое  овој  временски период  го  има доволно,   бидејки во доцна есен селаните колат  свињи  и после  таа  богата блажна вечера следат  42 дена во кои  се   јаде посен грав    чорба или манџа од компири, расол,   варени  и потоа толчени  суви пиперки.

Се  смета  за голем грев  пред Господа некој да блажи во постните недели,   а ако  порано, пред 40тина години, се најдеше некај  таков,   тој беше  сметан  од сите  за голем грешник  антихрист  и попот него  не го причестуваше. Постењето кажува дека Божик наближува и децата го  очекуваваат  со големо  нетрпение. Се  натпреваруваат  кое дете ке направи што поубава КОЛЕДАРКА,   а тоа е  една четалеста гранка со две прачки,   на кои на денот Коледе, децата (коледарите) нижат „колачи    од посно малечки лепчиња кои им ги подаруваат домакинките во селото,   Со денови одиме  од дрво на дрво да најдеме погодна гранка за коледарка,   и  откако ке   ја отсечат,   ја носат дома и ја делкаат внимателно. Кога е  готова, се закачува да виси на највидно место во собата сите да  ја гледаат  колку е убава.

Во кумановскиот крај  е  обичај првиот ден на Божик после шестнеделното постење луѓето да се „облажат“ со месо  од врапче.  По преданието оној  кој  на Божик  се  облажи со месо  од  врапче ке  бил здрав  цела година и ке  бил лесно подвижен,   ке „летал како врапче“.

На Божик,   кога децата од  радост  и нестрпливост  стануваат уште во  зора,   се  облажуваат прво  со копанче од врапче. Но, најрадостниот ден  од  Божикните празници е КОЛЕДЕ,   а тоа е денот  пред „Божик“.   На тој  ден децата се собираат  рано утрото секое во  своето маало и формираат во  селото неколку коледарски групи,   Секое дете доага на зборното место  со својата  коледарка во рака и  со  торба на рамо. Коледарските групи одат  од куќа на куќа низ  селото се додека не се уморат  или не премрзнат  од  студ   зашто,  Дедо Коледе  е  бел,   снег тогаш има понекогош и до колена,  Коледарите  пеат  коледарски песни пред  секоја кука и добиваат  подароци од домакините.   Една од нив  започнуваше вака „Ој  Коледе,   Коледе дедо, Се  родило  Божје  чедо…

Домакините  и домакинките  ги причекуваат  коледарите  со  решета полни подароци.   Подароците  се  состојат   од мали  тркалести лепчиња, кои се викаат колачиња иако  во  нив  нема шекер и такво чепче добива секое дете коледарче. Дарчето добиеното  лебче  го  ниже  на коледарката.   Голема радост на секое коледарче  е  ако  тоа успее  својата коледарка да  ја наполни до врв   со колачи.   Но коледарите добиваат  подароци и разно овоштие   ореви,   кестени,   јаболки,   суви  смокви и  коледарењето завршува некаде кон пладне,   тогаш коледарите  си  одат дома да се пофалат  на своите домашни дека насобрале полно  подароци.

За вечера на денот Коледе се готви посна вечера од повеќе врсти јадења. Тука е посен грав, кој не се запржува ни со зејтин, во него се става. само лук. Таков грав се јаде само еднаш во година, само на Коледе. Тука е зелник со праз, тука е посна сарма полнета со  ориз,   тука се и риби на тавче.

Пред вечерата во огништето се пали бадњак, тоа е едно дебело суво дрво од даб, во огнот се фрлаат зрна темјан така да целата кука мириса на темјан како да е црква. Се палат и овешти. Распламнатиот бадњак,темјанот и свештите ја создаваат религиозната мистика на Коледната вечер.

По палењето на бадњакот  целото  семејство  излегува    надвор  за да направи процесија околу куќата.  Напред  оди домаќинот  и тој в  раце носи голема погача,   него  го  следат  другите членови на семејството со  запалени свешти во раце.   Кога биде направен круг околу куката,   семејството  оди на посета кај  добитокот  (стоката). Прво  се посетува крупниот  добиток  (говедата или  биволите),   а потоа ситниот,   (козите).  Домакинот крши парчиња од  погачата и им дава на добичињата.

Таа вечер се вечера на под врз  чуканица (слама од рж) врз која се простира селска бофча.   Се  седи врз  сламата со  скрстени нозе „по турски“  .  Вечерата трае долго време,   едно  јадење сменува друго,

Таа нок  е  адет да не  се  спие в кревет,   ами сите членови на семејството  се истргнуваат  еден до друг врз  сламата- спиењето врз  сламата сака да напомне дека Божјиот  син Исус Христос  се родил во  слама    во  јаслето на пештерата во Витлеем.

Ноќта спроти  Божнк    домаинките многу малку спијат.   Тие  стануваат  уште  пред  зора да месат  и  сучат   баници (пити) и готват јадења.  Рано  на утрото  на првиот ден Божик мажите се  облекуваат празнична облека и одат в  црква, а  Жените  тој ден не  одат  в црква ами одат  на раздавање  „за Бог дапрости“.  Секоја од  нив  на раздавааето  си носи и шише  греана ракија.  

Кога мажите  се  вратат   од  црква од црквата и жените  од  раздавањето семејствата се  соберат  за ручек,  а после него,   младо и  старо,   се  собира на сред  село на собор  или сеир,   Тапани  чукаат,   зурли трештатѕ   ора се вијат до доцна во  нокта.   Ората продолжуваат  и на вториот  и третиот ден  Божиќ.

Ете така се прославуза Божик во Кумановско.

Со Божји благослов за верниците и сполај ви.

Бивш биволар и овчар а, сега печалбар.

dragan-bogdanovski-1

dragan-bogdanovski-2

dragan-bogdanovski-3

dragan-bogdanovski-4

dragan-bogdanovski-5

dragan-bogdanovski-6

Најново од: Досиеја

Отпорот на македонскиот народ кон странските пропаганди

Во текот на XIX век Македонија била изложена на силно дејствување на пропагандите на соседните држави. Грчката, српската и бугарската пропаганда, потпирајќи се врз своите државни институции, цркви, училишта, дипломатски претставништва и различни друштва, настојувале да го прошират своето влијание меѓу македонското население и да создадат услови за остварување на своите територијални претензии кон Македонија. […]

Предавниците ја земале наградата – а останувале запаметени по срамот

Македонија имала многу непријатели однадвор, но нејзините најтешки рани честопати биле нанесувани тогаш кога непријателот добивал помош однатре. Внатрешните поделби, атентатите и одмаздите одзеле многу животи и ја ослабнале борбата за македонската слобода. По Балканските војни Македонија била поделена меѓу соседните држави, а македонското револуционерно движење влегло во еден од најтешките периоди од своето постоење. […]

Македонците се судрија со полицијата во Софија на 28 Maj 1934 g.

Дваесетмина повредени во првата јавна манифестација по воспоставувањето на диктатурата Безжична дописка до „Њујорк тајмс“ СОФИЈА, 28 мај. — Во првата јавна демонстрација по воспоставувањето на бугарската диктатура, дваесет Македонци денеска беа повредени во судир со коњичката полиција. Судирот се случи за време на годишното одбележување во чест на Македонците што загинале во текот на […]

Предавствата – една од најтешките рани во македонската историја

„Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот. Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа.“ Ова е еден од најмоќните цитати на Гоце Делчев. Во него јасно се […]

31 октомври 1982 – се појавува „ШТАЗИ“„Да се набљудува“

На 31 октомври 1982 година во источногерманската документација се појавува оперативно барање. На него стои: Jakovleski, Manojlo. Целта е јасна: „In der Zeit von Einreise bis Ausreise beobachten.“ Во времето од влегувањето до излегувањето – да се набљудува. Ова е еден од најважните документи во целата приказна. Тој покажува дека интересот на Штази кон Мане […]

Мане Јаковлески и Ресторанот „Ново Скопје“ под надзор на Штази во поделениот Берлин

Повеќе од три децении не знаев дека источногерманската тајна служба – Штази – собирала информации за мене, за моите движења и контакти, како и за рестораните „Ново Скопје“ и „Македонија“ во Западен Берлин. За тоа дознав дури во 2017 година, благодарение на мојот близок германски пријател Матија Дорнфелд, кој работеше во Министерството за надворешни работи […]

Предлог за пласирање информација во МНЕ и пошироко – обид преку интриги да се внесе раздор во ДООМ

Документ од Службата за државна безбедност од 1987 година открива разработен план преку Мане и Гојко Јаковлевски да се наруши угледот на Драган Богдановски во македонската емиграција и да се создадат недоверба и внатрешни поделби во круговите на македонското национално движење. Македонските безбедносни служби од своето формирање по Втората светска војна, па до осамостојувањето на […]

Киднапирањето на Драган Богдановски во Париз – операцијата на СДБ против претседателот на ДООМ

Во 1977 година, среде Париз, Драган Богдановски – претседател на Движењето за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ) и еден од најактивните македонски политички емигранти – бил киднапиран и тајно пренесен во Југославија. Следувале 18 месеци изолација и истрага, судење зад затворени врати и пресуда од 13 години затвор. Документите од неговото досие откриваат до […]

To top