Досиеја

Еден документ од 1991 година: СДБ -УДБА барала тајно прислушување на Мане Јаковлевски, а вториот од Југословенска УДБА од 1984 г.

Мане Јаковлески

Мане Јаковлески

Овие два документи (едниот од Македонска УДБА) а (вториот од Југословенска УДБА) ги објавувам како: „поздрав“ до оние кои продолжуваат да ЛААТ за мене, или народски кажано: кучињата лаат а карванот продолжува да оди.

Документ Бр.1

Архивски документ на Службата за државна безбедност (УДБА) при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија открива дека на 2 декември 1991 година бил поднесен предлог за тајна контрола на меѓународните телефонски разговори на Маноил – Мане Јаковлевски, тогаш привремено населен во Берлин.

 

Во образложението тој е означен како „безбедносно интересно лице“ во рамките на оперативната акција „М-91“, поради финансиската поддршка за ВМРО-ДПМНЕ.

 

Документот сведочи за методите со кои безбедносните структури ги следеле македонските политички активисти и непосредно по осамостојувањето на Македонија во 1990 годинана .

Документ Бр.2

Овој документ е од Југословенска УДБА од 16 Мај 1984 година

 

Транскрипција и превод на македонски јазик

СФР Југославија
Сојузен секретаријат за внатрешни работи
Служба за истражување и документација

СОЈУЗЕН СЕКРЕТАРИЈАТ ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
– Служба за државна безбедност – Втора управа –

БЕЛГРАД

ПРЕДМЕТ: ГОЈКО и МАНОЈЛО ЈАКОВЛЕВСКИ – непријателска дејност

ВРСКА: Наш строго доверлив број 1250 од 28 март 1984 година

+++++++++++++

Прилог: Фотокопија од [нечитливо] стикер, кој бил делен во ресторанот на Манојло Јаковлевски.

ЗД/НГ

НАЧАЛНИК: [името и потписот се прикриени]

Архивска напомена: Документот е датиран на 16 мај 1984 година.

Најново од: Досиеја

Одржан семинар за Македонија во Берлин

Берлин, 08.09.95 Во преполната сала во Ратхаус Шенебер – седиштето на поранешната Берлинска влада, се одржа семинар на тема „Македонија на пат кон Европа“. На семинарот зедоа учество дипломати од неколку амбасади и тоа: Кина, Египет, Русија, Британија, Словачка, Чешка, Бугарија, Хрватска, Шведска, Индонезија, Франција, Италија, Словенија, Полска. Исто така на семинарот во Берлин присуствуваат […]

Отпорот на македонскиот народ кон странските пропаганди

Во текот на XIX век Македонија била изложена на силно дејствување на пропагандите на соседните држави. Грчката, српската и бугарската пропаганда, потпирајќи се врз своите државни институции, цркви, училишта, дипломатски претставништва и различни друштва, настојувале да го прошират своето влијание меѓу македонското население и да создадат услови за остварување на своите територијални претензии кон Македонија. […]

Предавниците ја земале наградата – а останувале запаметени по срамот

Македонија имала многу непријатели однадвор, но нејзините најтешки рани честопати биле нанесувани тогаш кога непријателот добивал помош однатре. Внатрешните поделби, атентатите и одмаздите одзеле многу животи и ја ослабнале борбата за македонската слобода. По Балканските војни Македонија била поделена меѓу соседните држави, а македонското револуционерно движење влегло во еден од најтешките периоди од своето постоење. […]

Македонците се судрија со полицијата во Софија на 28 Maj 1934 g.

Дваесетмина повредени во првата јавна манифестација по воспоставувањето на диктатурата Безжична дописка до „Њујорк тајмс“ СОФИЈА, 28 мај. — Во првата јавна демонстрација по воспоставувањето на бугарската диктатура, дваесет Македонци денеска беа повредени во судир со коњичката полиција. Судирот се случи за време на годишното одбележување во чест на Македонците што загинале во текот на […]

Предавствата – една од најтешките рани во македонската историја

„Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот. Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа.“ Ова е еден од најмоќните цитати на Гоце Делчев. Во него јасно се […]

31 октомври 1982 – се појавува „ШТАЗИ“„Да се набљудува“

На 31 октомври 1982 година во источногерманската документација се појавува оперативно барање. На него стои: Jakovleski, Manojlo. Целта е јасна: „In der Zeit von Einreise bis Ausreise beobachten.“ Во времето од влегувањето до излегувањето – да се набљудува. Ова е еден од најважните документи во целата приказна. Тој покажува дека интересот на Штази кон Мане […]

Мане Јаковлески и Ресторанот „Ново Скопје“ под надзор на Штази во поделениот Берлин

Повеќе од три децении не знаев дека источногерманската тајна служба – Штази – собирала информации за мене, за моите движења и контакти, како и за рестораните „Ново Скопје“ и „Македонија“ во Западен Берлин. За тоа дознав дури во 2017 година, благодарение на мојот близок германски пријател Матија Дорнфелд, кој работеше во Министерството за надворешни работи […]

To top