Фељтон

Античко-македонското кралство Аргеада (1)

argeada1

argeada1

ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО СВЕТСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА

Мирниот живот на старобалканските народи го пореметиле новите миграции на северозапад на полуостровот во XII век п.н.е. Тоа биле безимени варварски племиња, подоцна нарекувани Илири, Епири и Дорци.

Овие информации ги дава Тукидид (I, 12), кој опишува „… дека Елините и по Тројанската војна уште се селеле и создавала нови населби, па така Елада не можела да се смири и да се подигне”. Ова време во историјата е означено како преоден период., за кој  многу се шпекулира со овој период.

Кај многу историчари се изнесени митолошко-историските и некои археолошки податоци за најстариот период од македонското минато, од нивното доаѓање на Балканот во составот на палеобалканските заедници на народите во неолитот. Истакнато е дека митолошките племенски заедници на Македонците имале свои кралеви, свој општествен живот и своја култура која била автохтона, а која помеѓу VI-IV век п.н.е. е присвоена од страна на Елините.

По „мрачниот” историски период, од историографијата е утврдено дека уште во преткласичниот период во Македонија на власт дошла династијата под име Аргеада, која ја создале и развиле посовремената и единствена македонска држава, во VII век п.н.е.

Од наведените истражувања може да се констатира дека општествените потреси во периодот меѓу XII-XI век п.н.е. на Балканот, не го прекинале постоењето и континуитетот на Македонија и немало иселување на населението од Македонија. Новите безимени доселеници од Хистиеотида во Тесалија, кои биле протерани од страна на Кадмејците од Теба, во подрачјето Тимфај и Епир на планината Пинд, не можеле да ја сменат бројната и структурна организација на прaисториските Македонци.

Додека елинскиот свет бил зафатен со друга колонизација, по онаа првата по Тројанската војна, со создавањето на „полис” држава, со својот антагонизам, во централниот дел на Балканот, од митот изнуркува една автохтона, сосема поинаква човечка заедница на античките Македонци. Нивни генератори биле Орестите (Гораните) од Арго во Западна Македонија, кои ги удриле темелите на македонската држава, прва во тогашна Европа, а со тоа и својата Аргеадска династија, која ќе создаде светска империја. Додека митолошките македонски династии се прифаќаат како такви, дотогаш за династијата Аргеада постојат некои историски проблеми кои не се доволно јасни. Тие се однесуваат на временскиот почеток на династијата, на нејзиното генеолошко и топографско потекло, односно дали таа е македонска или дорска или дали е од Арг во Орестида или од Арг на Пелопонез.

Најдобри податоци за овие прашања сепак дава Херодот (VIII, 37) во својата Историја каде ги опишува услугите на македонскиот крал Александар I на Елините во борбата со Персијците. Тој изнесува: „Седми по ред предок на овој Александар бил Пердика, кој го основал македонското кралство и тоа вака: тројца Теменови потомци, браќата Гавам, Аероп и Пердика бегаат од Арго во Илирија, а оттаму преминуваат во Горна Македонија и доаѓаат во градот Лебеја. Тука се главиле како слуги кај кралот. Еден чувал коњи, другиот говеда, а најмладиот од нив, Пердика, чувал кози и овци”. По едно недоразбирање кралот ги истерал. „Момчињата доаѓаат во друг крај на Македонија и се населуваат во близина на т.н. градини на Мид, син на Гордие, во кои растат диви рози, од кои секој има по шеесет ливчиња и имаат поубав мирис од сите други рози. Во тие градини, по кажувањата на Македонците, бил и Силен. Над тие градини се издигнува поради студот непристапната планина наречена Вермион (Каракамен). Кога дошле до таа земја, браќата оттаму тргнале да ја покорат цела преостаната Македонија”.

Херодот (VIII, 139) понатаму продолжува: „Од тој Пердика значи потекнува и овој Александар, чиј род изгледа вака: Александар бил син на Аминт, Аминт бил син на Алкет, а татко на Алкет бил Аероп, а на Аероп бил Филип, а татко на Филип бил Аргеј, а татко на Аргеј бил овој Пердика кој и ја оснивал државата”.

Од ова се гледа дека родоначалник на македонската Аргеадска династија на кралеви бил легендарниот Пердика, кој е седми по ред предок на кралот Александар I. Херодот (485-425) бил современик на кралот Александар I (495-450) и тој на своите патувања ја обиколувал Македонија, па почетокот на македонската Аргеадска династија може да се лоцира хронолошки околу 700 години п.н.е. Описот на Херодот дека браќата „бегаат од Арго во Илирија, а оттаму преминуваат во Горна Македонија”; некои историографи го толкуваат така што браќата бегаат од Арго на Пелопонез во Илирија, а од Илирија преминуваат во Горна Македонија, не земајќи во обзир дека градови со името Арго во Македонија и Елада имало многу. Така на пример, Папазоглу (1957, 180) истакнува дека само во Македонија евидентирала седум градови под ова име, дека осмиот бил Арго во Орестида, а името значи рамнина.

И навистина, сите овие топоними под името Аргос (бел, светол,блескав или уште рамнина), било да се наоѓаат во Македонија или во Елада, се во рамнина. На Пелопо-нез, најпознат е Арго на реката Инаха во Арголида, по што уште Хомер сите Грци ги нарекува Аргивци, потоа Арго на реката Пенеј во Тесалија, Арго во Акарнанија и цела област како Алфилохиска Арголида итн. Меѓу градовите во Македонија, во историјата најпознат е Арго во Ореcтида, како Аргос Орестикон, од каде потекнува Аргеатската македонска династија, за што ќе биде нешто поопширно излагањето.

orestida
Орестида во минатото и сега

Жителите на Орестида, Орестите, биле Македонци од палеобалканското неолитско семејство. Нивниот антропоним потекнува од зборот орос: гора, планина, граница или меѓа, па тие би се именувале уште како горани, граничари, краевци. Нивен легендарен епонимен херој на племето е Орест (Горан), крал на Орестида, а според Страбон (VII, 326) од него потекнува македонската кралска лоза Аргеада. Тоа исто го тврди и Аппиан  (Хисториа Романа, 1907, 63), „ дека македонските Аргеади се од Аргос во Орестида”, Оваа најзападна македонска погранична област, источно се граничела со Еордаја и Елимеја, западно со Енхелида, северно со Дасарет, односно порано со Бригите, Лихнида и Линкестида, додека јужно со Параваја, Тимфаја и Теспротија.

Областа Орестида (денешно Костурско или Касторија) припаѓа на Горна Македонија и е во сливот на горното течение на реката Халиакмон (Бистрица). Таа е висорамнина, со најниска точка  на надморска височина, 650м. Заокружена е со високите планини Пинд, со највисокиот врв Грамос (2.520м) и Воион, (1.802м) на југ Аскио (2.111м), Верно (2.128м) и Вичо (2.124м) на исток, Варноус (2.354м) на север и на запад Галичица (2.288м).

Најстар и главен град на Орестида бил Арг (Аргос Орестикон, или Арг во Орестида (Старбон, VII, 326). Градот се наоѓал во рамница во Аргеадското поле, „Аргаестеум цампум” (Ливи, XXVIII,33). Градот Арг (Рупиште) постои и денес, во рамница, на 9км од градот Костур, на северозападниот дел на р. Халиакмон (Бистрица). На Аргеадската династија тој ѝ дал неколку кралеви и поголем број „хетери” во македонските фаланги.

Археолошките истражувања во областа Орестида, во последно време, утврдиле наоди кои потекнуваат од неолитот, па и од палеолитот. Пред се локалитетите Арменохори (Арменово) на околу 1,5км од Аргос Орестикон (Рупиште), а многу археолози сметаат дека тоа е локацијата на примарниот Аргос. Потоа Несторио (Нестрам), на северозападните падини на Грамос, Чука меѓу Пендаврисон (Желегоже) и Авга (Прештени), Корисос (Горенци), Крапени (Крпени), на југоисточниот брег на Костурското Езеро, Корестида (Корешча) во горниот тек на р. Халиакмона итн. (Даскалаки, 1928, 14). Од по-себно значење се езерските населби од камениот период во с. Диспелио- (Дупјак) на јужниот брег на Костурското Езеро, околу 8 км од Костур, кои инаку се пронајдени и кај други езера во Македонија (Охрид, Преспа, Дојран и други).

На овој локалитет, каде истражувањата почнале во 1938, па се продолжени во 1940, 1974, 1992, 1993 и 1994, се откриле големи ѕидови сос-тавени од огромни обработени карпи, дрвени палисади (огради од колци) под водената површина на езерото за прицврстување на дрвени куќи (соедници), камени алатки: секири, направи за обработка на земја, алатки за куќна употреба и друго. Покрај тоа, што е многу значајно од културен аспект, најдено е палеографско слоговно писмо на штичка, чија хронологија со помош на ц-14 датира од 5.260 година п.н.е. (Хоурмоузиадес, 1996).

Од наведените археолошки откритија дека Орестида била добро населена уште во неолитскиот период. Тоа биле првите Македонци на овие простори, така што Орестида претставува лулка на сите Македонци.

Веќе е познато дека историчарот Костопоулос од Солун, многу плоден истражувач и публицист, автор на десет монографии  кои се занимаваат со прашањето за Македонија, во последната од нив (1992, 14), во поглавјето „Митовите и историјата”, изнесува дека „според митологијата, родоначалник на Македонците бил Македон, син на Зевс и дека владеел со Западна Македонија, додека неговиот брат Магнет управувал со источна Тесалија. Во последниот наслов „Во мугрите на историјата”, авторот изнесува дека „блескавата историја на Македонците почнала околу 700 години п.н.е. со центарот Орестида (Костур). Од овој дел потекнуваат македонските кралеви Аргеади, династијата на Филип II и Александар III Македонски (Велики)”.

Понатаму, за да ги поткрепи своите наоди за Аргеадите, авторот го цитира Аппиан (I-II век п н.е.) и неговото дело „Хисториа Иллѕрица”, каде се вели дека „Аргос во Орестида, од каде се Македонците Аргеади”. Потоа тврди дека родоначалникот на македонските кралеви го имал за татковина Арг, кој бил изграден во близина на изворот на р. Халиакмон, т.е. Арг во Орестида. (Една притока на Халиакмон ги одведува водите од Костурското Езеро, тогаш нарекувано Келетрон.) Во истиот дух ги цитира Страбон (63 години п.н.е.-24 години н.е.) и Паусанија (II век н.е.), кои го изнесуваат истото тврдење за потеклото на Аргеадската кралска династија на Македонците од Арг во Орестида, а никако од Арг на Пелопонез, како што тврдат некои историчари.

На крај цитирајќи го Хесиод (VII век п.н.е.), го изнесува неговото тврдење дека Македон и Магнет биле браќа и дека праисториските Македонци живееле во Пиерија, со својот родоначалник Македон, додека Магнет бил крал на Магнезија во Тесалија. На стрмнините на планината Пиерија, Аргеадот Пердика I, во околу 700 години п.н.е., ја изѕидал својата прва престолнина под името Аига, денешна Верина.

Пишуваат:

Академик Антоније Шкокљев-Дончо

slave-nikolovski-katin
Славе Николовски –
Катин

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top