Фељтон

Големото христијанско значење на Света Гора Атонска (40)

sv-gora-antonska

sv-gora-antonska

ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО СВЕТСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА

Во светот на православието, заради своето културно и духовно наследство, еден мал дел од Македонија, Света Гора Атонска има посебно значење за историјата на Македонија.

Полуостровот Халкидик, некогаш населено со пелашки, а подоцна тракиски племиња, било присоединето кон античка Македонија од страна на Филип II, во 348 година п.н.е. и оттогаш станало неразделен дел од Македонија. Жителите се нарекувале себеси Македонци и останале приврзеници и низ целата подоцнешна историја.

По должината на разгранетото крајбрежие постојат три полуострови: Акте (-Athos), Ситонија и Палена (Касандра). Од овие полуострови, Акте (брег), односно Athos или Света Гора, е позната во планетарни размери. Најпрво, овој полуостров во антиката бил познат по персиските походи, кога Мардониевата флота, во 492 година п.н.е. доживеала пропаст при обидот да го отплови Атонскиот ’рт. Десет години подоцна Ксеркс, за да ја избегне истата судбина, прокопал канал преку најтесниот дел, т.е. Превлака, на почетокот на полуостровот.

Во римскиот ранохристијански период, Халкидик со Солун ѝ припаднал на Втората македонска област. Во IV век Атос се нашол во рамките на ИРЦ, кога на цело ова подрачје преовладало христијанството.

Со доаѓањето на Словените на овие простори на Македонија, источно од Солун живеело племето Ринхинити. Нивната христијанизација почнала во периодот на св. Кирил и Методиј, браќата од Солун, на македонски јазик. Нивниот ученик св.Климент, дел од монашкиот живот го минал во Света Гора, во VIII век (Hristou, 1994, 194). Тој имал мало место (станица) во Света Гора, на местото каде подоцна се развил манастирот Ивирон.

sv-gora-antonska-2

Откако начелото на монаштвото првпат било остварено во 843 година, св.Климент е еден меѓу првите испосници и монаси на Св. Гора . Покрај него во оваа група од VIII век спаѓаат Петар Атонски и Јефтимије Нови. Иначе испосничкото движење во христијанската црква се јавило во III век во Палестина и Египет. Вистински водач на пустината бил св.Антоније Велики (251-356), кој живеел повеќе од 70 години како пустиник. Крајна цел на монашкиот живот била средбата и дијалогот со Бога. Од исток, монашкото движење се ширело кон ИРЦ, при што не ја заобиколило ни Св. Гора. Според легендата, Богородица ја посетила Св. Гора и го добила на дар својот Син Исус Христос. Оттогаш Св. Гора е сè уште на Пресвета Богородица (Hristu, 1994, 196).

На многу слабо населениот Атос, со време монаштвото постепено се ширело сè додека не стекнало своја територија и организација во 940 година, со центар во Кареја. Тука била основана и првата лавра (првобитно ќелии, подоцна манастири), Голема и Средишна Лавра, во 963 година, од страна на монахот Анастасије Светогорец и царот Никифор Фок, како прв општожителен манастир. Уставот на Св. Гора, т.н. Типик, напишан на јаречка кожа, па затоа е наречен Трагос (јарец), бил донесен во 972 година со активно учество на царот Јован I Цимис-киј (969-976), со што биле озаконети напишаните правила. Со тоа Св. Гора е призната како независна монашка држава во рамките на Византија.

Во текот на X век монашките населби се развиле ширум полуостровот. Во тој и во следниот XI век се создале околу 20 самостојни манастири (Свети Павле, Голема лавра, Ватопек, Ивирон, Хиландер, Ксиропотам, Зограф и други), дваесет скитови, стотина ќелии и пустински испосници и многу други градби, што претставува најбогато наследство на мал географски простор на Македонија.

gligorije
Глигорије Палама

jovan-kukuzel
Јован Кукузел

Се смета дека манастирот „Зограф“ бил основан од браќата од Охрид, Мојсеј, Арон и Јован, во 912 година, и бил жариште на словенската култура. Бројот на монасите со време се зголемувал, така што во XII век имало 7 000 калуѓери. За време на Крстоносните војни и гусарските пустошења Св. Гора доживеала големи разурнувања, за во XIV век да се вивне до невидени духовни и уметнички височини. Во овој период биле основани нови манастири како што се Симонопетра, Пантократор и други.

Како еден од битните видови изразување на православната теолошка мисла е богословското и испосничко движење под името „исихазам“, кое било воспоставено, развиено и на Св. Гора. Како што веќе е изнесено, во ова предничел монахот Григорије Палама, кој воспоставил исихастички принципи на највисоко филозофско и теолошко ниво, со што го обликувал „богословскиот исихазам“. Неговите принципи во 1340 година биле преточени во Светогорски закон. На црковните собори во Цариград, 1341 и 1351 година, исихазмот надвладеал и оттогаш се прифатил како официјално учење на православната црква, што претставува придонес на Светогорците. Со овие активности нивните углед и влијание во православието станале значајни, за што сведочи фактот што во текот на цело едно столетие Светогорските монаси биле постојано избирани за патријарси на Цариград.

За тоа време Св. Гора станала центар на ширењето не само на исихазмот, туку и за повисоко образование во православниот свет, пред сè во Македонија, потоа Србија, Бугарија, Романија, Украина, Русија, Грузија и Ерменија. Овде се стекнувале просветителски знаења, се вршеле преводи на црковнословенски, т.е. старомаке-донски јазик, биле создавани литературни дела и друго. Водечки православни личности од тој период, како што биле српските св. Сава и патријархот Јоаникије, бугарските патријарси Теодосије и Јефтимије, киевски и московски митрополити и други, престојувале или биле тесно поврзани со Св. Гора.

Во периодот на турското владеење, и покрај тешкотиите и сиромаштијата, Св. Гора ја ширела надежда во препородот на националната самодоверба и свест за православната припадност. Покрај тоа, таа дала и голем придонес како на уметничко, така и на интернационално поле. Меѓу националните апостоли полни со жар биле Пајсије Хилендарски, Пајсије Величковски, големи подвижни реформатори, Максим Триволис-Грк кој работел на будењето на Русите и многу други (Hristu, 1994, 208). Од македонските монаси треба уште да се издвојат, прво, светски познатиот словенски композитор Кукузел Јован, двајца монаси од Костур, Дионис и Јаков, потоа Нектарије, Акакиј, Никодим и многу други (Наумов, 1987, стр.165).

Продолжува

Пишуваат:

Академик Антоније Шкокљев-Дончо

slave-nikolovski-katin
Славе Николовски –
Катин

Најново од: Фељтон

КРИМИНАЛЦИ ВО РЕКАНСКО И ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ МИЈАЦИТЕ-10

Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, продолжува да ги опишува несигурноста и насилствата што во одредени периоди го нарушувале животот во Мијачијата и во поширокиот Рекански Крај. Разбојничките напади, кражбите, грабежите и уцените не претставувале само поединечни трагични настани. Нивното повторување постепено влијаело врз секојдневието, стопанството и движењето […]

РАЗБОЈНИШТВОТО ВО РЕКАНСКО И НЕГОВОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува и за беззаконието, разбојничките напади и насилствата врз населението во Реканскиот крај во последните векови од османлиското владеење. Во услови на ослабена државна власт, особено во планинските и пограничните области, се појавувале вооружени групи што ги ограбувале селата, ги пресретнувале трговците и печалбарите и барале откуп од побогатите […]

МИЈАЦИТЕ СО ЧЕТКАТА И ДЛЕТОТО ОСТАВИЈА МАКЕДОНСКИ ПЕЧАТ НА БАЛКАНОТ

Во својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев посветува особено внимание на уметничката и градителската дарба на Мијаците. Од малите планински села во Реканскиот крај произлегле бројни зографи, копаничари, иконописци, архитекти и мајстори-градители. Организирани во семејни тајфи, тие работеле низ Македонија и во многу други краишта на Балканот. Со четката, која во мијачкиот говор се нарекувала […]

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ Во продолжение на петтото поглавје од „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се задржува на историјата на Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“. Подигнат во 1020 година, Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“ бил нем сведок на византиското, српското и османлиското владеење во Македонија. Во текот на своето повеќевековно постоење […]

БИГОРСКИОТ МАНАСТИР – ДУХОВНОТО СРЦЕ НА МИЈАЧКИОТ КРАЈ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува за Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“, едно од најзначајните духовни и културни светилишта во Македонија. Сместен над долината на Радика, меѓу планинските ограноци на Бистра, Дешат и Кораб, манастирот со векови бил средиште на верскиот, просветниот и културниот живот во Реканскиот крај. За Мијаците Бигорскиот манастир не бил […]

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

To top