Велигден е Пасха Господова и Ден на нашето спасение
Воскресението Христово е Празник над празниците, Торжество над торжествата и Слава на Бога Воскреснатиот. Велигден е центарот на Православната вера и празнување. За верните, периодот пред Велигден, е долго патување исполнето со покајание, прошка, измирување, молитва, пост и учење. Со пристигнувањето на Велигден, се празнува победата на Животот над смртта преку извршување на неколку богослужби […]