Култура и туризам

КНИГА СО КОЛУМНИ ОД СОТИР ГРОЗДАНОВСКИ МАКЕДОНСКИ

2n599

2n599

КНИГА СО КОЛУМНИ ОД СОТИР ГРОЗДАНОВСКИ МАКЕДОНСКИ

Деновиве  во издание на „2-ри август“ од Штип излезе од печат книгата „ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ – МАКЕДОНИЈА“ ОД Сотир Гроздановски Македонски. На 460 страници објавени се неговите колумни објавени последниве години поврзани со бурните настани што во овој период се одиграа во Македонија. Рецензент на книгата е Марија Воденска, која меѓу другото ќе запише:

„Ова е најсублимирана историја за сите нас, а уште поважно што останува за генерациите по нас! Ова е историја за наука и учебници од каде се чита вистинската битка против разнебитувањето на Република Македонија. Патоказ за борбата на македонскиот народ што му припаѓа на Македонците каде и да живеат.

Јасно и гласно доволно аналитички се изнесени фактите во текстот на секоја Колумна на уредникот Сотир Гроздановски.

Остатоци од беснеењето на  Социал Демократскиот Сојуз на Македонија ( СДСМ ) предводен од криминалецот Зоран Заев, започна со предавството на Македонија и македонскиот народ, кој си ја сака својата татковина Македонија. Штетните договори направени и потпишани од фелата не му беа предочени на народот. Создадоа криминални пунктови од каде самоволно управуваната клика ровари по штета на народот. Преспанскиот договор со Грција и Договор со Бугарија потпишани од Никола Димитров во својство на Министер за надворешни работи на Македонија, го ставија народот во понижувачка состојба и ја докусурија економијата која и така е во тешка ситуација. Безработицата царува, а младите семејства се селат во западните земји, поради политички несогласувања и егзистенција за семејството.

И покрај масовните штрајкови од македонскиот народ во матичната држава и во државите надвор од Македонија против криминалното и незаконско однесување на сите сторени недела во државата, се спроведоа незаконски прифаќања од страна на владините  претставници и пратениците во Законодавниот дом на Македонија. Во Македонија, со промена на името со додавката пред името – северна настапи време на протести, штрајкови и несогласување на промена на името на Македонија. Настапи време на тортури и закани кон побунетите граѓани во Македонија.
         

Се погазија основните начела за човекови права и основните принципи за следење на светлите ликови на Александар Македонски, Филип Македонски, Цар Самуил, Светите Кирил и Методиј, Гоце Делчев, Питу Гули, Ченто… историските спомени на македонската државност.

Задоволство и чест ми е да го препорачам текстот со извонредно аналитички пристап кон бележењето на настаните во Македонија кои придонесоа за ништење на државноста и препуштајќи ги државните интереси и права на поединци. Македонија е сведена на ниво да биде управувана од надворешни фактори со помош на домашните владари, корумпери под Проректорат со туѓо влијание и управување. (…)

Авторот на горе наведените колумни е активен учесник и борец за правата на МАКЕДОНЦИТЕ. Тој живее надвор од Македонија скоро 60- сет години, а животот го има посветено во борбата за правата на својот народ, со што темелно ги анализира и апострофира неправдите и состојбите во Македонија. Наоружан со сеопфатно познавање детално ги анализира и ги следи случувањата во нашата држава Македонија.  

Уредникот на Македонски Збор Сотир Гроздановски, го остави најголемото дело кое ќе живее и по нас , кои сме вклучени да го следиме во неговите запишани колумни. Напорната интуитивна работа, иако физички оддалечени во различни држави во светот, борбата за Македонија, пренесена преку неговото перо, со изострен осет, ја следиме и сега кога неговите Колумни се ПРЕДИЗВИК со сегашни ситуации. 

Тој укажува на деформациите во политичките партии со неспособните и неуки водачи, расипници во Македонија. 

Неговите записи се сведовштво на ова лудо време, што рапидно забразди надолу и сме доведени во држава со народ во распад. Петгодишниот распад на општеството  во Македонија  со премиери и водачи криминалци по професија, токму нив Сотир Гроздановски го рефлектира  периодот за пропаста на државата и укажува на опасностите кои сега ни се присутни.  Дали ќе преживееме допрва нѐ  чека неизвесноста“.      

СОТИР ГРОЗДАНОВСКИ е роден на 11 јули 1936 година во повеќечлено занаетчиско семејство, во село Буково, Битола, Македонија.  Основно образование  завршил во Буково, а средното образование го започна во гимназијата “Гоце Делчев“ во Битола, но го заврши во Пула, во Машинско техничко училиште, на Југословенската воена морнарица во Хрватска.

На 24 септември 1952 година ја започнува својата десетгодишна војничка кариера.  Во 1964 година завршува вишо образование на Правниот факултет во Љубљана. Потоа се вработува во Општината на град Пула, Република Хрватска. Во 1970 година, со семејството: сопругата Аница, родена Тољан и ќерките Биљана и Јосипа, заминува за Соединетите Американски Држави, во градот Детроит, кајшто се вклучува во црковниот живот во Македонската иселеничка заедница. Формира Македонски културен центар со издавање на македонско иселеничко гласило “ИЛИНДЕН” за Америка и Канада. Со група ентузијасти, волонтерски и со  самофинансирање, успеваат во самиот зафат да ги задоволат потребите на црковните заедници. Беа печатени црковните билтени со континуирано бележење на црковно-културни настани на Македонците во Америка и Канада. 

Напоредно со црковното гласило “ИЛИНДЕН” се раѓа и живее во македонската средина порталот “МАКЕДОНСКИ ЗБОР” кој преку социјалните мрежи се распространува во Република Македонија и во светот кајшто се раселени и живеат МАКЕДОНЦИ.  “МАКЕДОНСКИ ЗБОР”,  со повремени прекини и денес е присутен на социјалните мрежи преку Интернет програмите. 

Сотир Гроздановски од 2001 година со сопругата Аница  живее во Нови Винодолски, Хрватска, Европа. 

2n444

Сотир со сопругата Аница

Александар ДОНСКИ

Најново од: Култура и туризам

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

To top