Култура и туризам

sv-pavle

„Послание на Св. Апостол Павле до ФИЛИПЈАНИТЕ“

15. “А знаете и вие, Филипјани, дека во почетокот на благодестието, кога излегов од МАКЕДОНИЈА, немаше ниту една црква нешто да ми даде или нешто да примам ОСВЕН ЕДИНИТЕ ВИЕ; * 2 Кор.11,9. 16. Зашто и во Солун, и еднаш, и вторпат, ми пративте нужни работи“ “Послание на Св. Апостол Павле до СОЛУНЈАНИТЕ”: 1. “Од […]

bigorski

Црква Свети Јован Претеча – Јован Бигорски

Манастирот е изграден на планината Бистра, а под него тече реката Радика. Опкружен е со бујна шума а од манастирот се простира прекрасен видик кон планината Кораб. Во негова близина се Реканските села Гари, Осој, Тресонче, Галичник, Росоки и Лазарополе од каде произлегла цела плејада градители, зографи и иконописци и копаничари кои низ целиот 19 […]

mijacka-zenska-nosija

Мијачката народна носија е застапена во Смилево , Папрадиште, Ореше , Ехловец и Крушево

Мијачката народна носија е застапена не само во мијачката етничка целост, туку таа е распространета и надвор од неа во други етнички предели и ги опфаќа овие населби: Смилево (Битолско), Папрадиште и Ореше (Велешко), Ехловец (Кичевско) и Крушево. Главна одлика на оваа носија е особено богатиот алов и “кинат” – ажуриран вез, кој главно е […]

kuzman-kapidan

Кузман Капидан барал неограничени права и му ги дале

Преданија за Кузман Капидан Кузман Капидан бил родом од Дебрца. (Во Охрид повеќето веруваат дека Кузман бил родом од Старово или Поградец. Стефо Размо, стар чоек кој многу добро ги помни опишаните настани, не уверува дек Кузман бил дебрчанин, од некое село од Дебрца. Тој насила грабнал некоја мома и побегнал во Старово (Старово и […]

1svekrva copy copy copy copy

СУРАТИ

СУРАТИ Прочка, Благден. Не думам за празнувањето поганско ами за христијанското, правото. Не думам за „преправањето“, она кога народецот мој туѓи сурати навира, се обезличува и душата си ја погани со безделија скверни, опивање и стомакоугодие, песни и думи соблазнителни. Думам за празнувањето духовно, празнувањето црковно, кога голема жертва од нас се бара, опростуење и […]

mariovo5

Мариово – Мирна земја (5)

„Големи суми трошеше грчката пропаганда за зацврстување во овие села до востаничката година, а потоа, преку терор на грчките андарти, го поддржуваше гркоманскиот дух кај населението. Многу мариовци од овие села беа испратени во Атина и на други места за да ги воспитаат и да учат на грчки јазик. Од такви отпадници се најголем дел […]

makedonski-narodni-pesni

Од приказна до песна – Дафино, вино црвено

Дафино, вино црвено, момчето ти е заспалона Каракамен планина, на сува рида без вода. Ми поминале ајдути, гунчето му го украле,во меана му го продале за бела лута ракијаи рујно вино црвено.Ако му го зеле гунчето нека ми е живо момчето. Каракамен-планина во медитеранското поднебје со непредвидливи временски услови. По сончевите бласоци на врвот на […]

zubovce-sv-trifun

Св.Трифун, заштитникот на лозјата и градините

Во чест на Св.Трифун, заштитникот на лозјата и градините, на 14 фебруар оваа годинава во Зубовце ќе се одбележи обредното закројување на лозјата. Во име на овој празник и продолжувањето на традиционалните обичаи на местото викано “Мал Камен“, каде некогаш се наоѓале зубовските лозја, беше издигнат и осветен шест метарскиот Чесен Крст. Како лани, така […]

beliste

Мариово – „Мирна земја“ (4)

Скелети на луѓе гиганти пронајдени во Мариово „Помеѓу селата Бешишта и Градешница, во областа на Сатока, постојат многу руини на цркви.  Се верува дека имало 70 цркви, а денес има 10-13 полу урнати згради прекриени со слама. Наоколу се забележуваат стари гробишта, наречени од населението “елимски”, свртени кон север. Во 1897/98, година учителот А. Петров […]

SavoKostadinovski

ЧЕТВРТИ ДЕЛ ОД РОМАНОТ

Саво Костадиновски Човекот во мисијата на животот се менува биолошки, социолошки и психолошки. Никогаш не останува сосема ист. Промените подзапираат кај педесеттата, тогаш се стабилизира, ги сумира животните ускуства. Тогаш возраста можеби најмногу доаѓа до израз како зрелост. Не може с# во животот да се третира како судбина, случајност или карма. Потребно е на животот […]

vitoliste

Мариово „Мирна земја“ (3)

„Во земјата на пословичната едноставност на мариовецот, природата пак великодушно го надарило мариовското население со чудесна убавина и прекрасна – витка става, особено женскиот пол. Целото население се одликува со висока стројна фигура, складно тело и убави црти на лицето. И при оваа телесна убавина, ако се придодаде и шарената, гиздава женска селска носија, украсена […]

tibet

Денот кога го посетивме првиот храм во Тибет се совпадна со верски празник

Саво Костадиновски На службата беше се собрале многу празникољупци, со богопочит и богољубие. На највидното место во храмот се појави еден великодостојник, чиниш беше отелотворен во бог. Орнаментиката на одеждата беше како орнаментиката на внатрешнината на храмот. Во рацете ја држеше сликата на Буда во златна рамка, а пред себе прелистуваше свети списи. Оставаше впечаток […]

To top