Култура и туризам

Црква Свети Јован Претеча – Јован Бигорски

bigorski

bigorski

Манастирот е изграден на планината Бистра, а под него тече реката Радика. Опкружен е со бујна шума а од манастирот се простира прекрасен видик кон планината Кораб. Во негова близина се Реканските села Гари, Осој, Тресонче, Галичник, Росоки и Лазарополе од каде произлегла цела плејада градители, зографи и иконописци и копаничари кои низ целиот 19 ти век граделе, зографисувале и украсувале со резбани иконостаси голем број цркви на целиот Балкански полуостров. Манастирот Бигорски бил светилник и стожер на просветителската дејност и книжевен центар на препишувачката дејност. Во него се школувале голем број свештеници, калуѓери и учители кои ја ширеле просветната дејност по сите краишта на Македонија. Манастирската црква била изградена врз темелите на постара црква. Таа се споменува во зографскиот поменик ( 1527 – 1728 ). Врз основа на манастирскиот поменик препишан во 1883 година, манастирот бил изграден во 1021 година, кога била насликана старата чудотворна икона на Свети Јован Претеча. Но, ова предание кое се појавило по обновата на манастирот во 18 ти век. Меѓутоа, од манастирските објекти од тој период не е ништо сочувано. До обнова на манастирската црква дошло во втората половина на 18 ти век. За тоа потврдуваат делумно зачуваните фрески на јужниот ѕид од таа црква кои припаѓаат на втората половина на 18 ти век. Централно место во комлексот е манастирската црква изградена во 1800 година за време на игуменот Митрофан од Лазарополе, кој бил игумен на манастирот од 1796 до 1807 година. Веднаш по изградбата на црквата во 1800 година истата била живописана. По смртта на игуменот Митрофан, за игуме на манастирот доаѓа неговиот ученик Арсение. За време на неговото управување со манастирот тој ќе биде многу заслужен, особено за големите градителски зафати што биле превземени. Денешната црква посветена на Свети Јован Претеча има изглед на светогорските манастири со две куполи и осмоаголни тамбури. Градбата на црквата е изведена со правоаголни делкани камења и дејствува како мошне цврста градба. Кон западната страна имало изграден трем од дрвена конструкција на горниот кат со влез во црквата, додека долниот дел на тремот служел за ќелијно училиште. Пред тремот од црквата била изградена чешма во 1814 година и запишано од игумен Арсение – 1814 за горната – . Чешмата била обновена во 1877 година и на една камена плоча која и денес стои вградена пишува: Во времја смиренаго игумена Михаила от село Галичник. Братја христијани, пите слатка и студена вода да охладите жедна ваша душица и поминајте Неофита монах, бил родум от село Вехчано Охрицко и обновил его сем источник 1877 конец Богу слава.

Тремот на црквата бил во употреба во 1838 година па се до 1938 , кога е извршена нова преправка, по што го има денешниот изглед. Изградбата на манастирските конаци му припаѓа на архимандритот Арсение – игумен на манастирот Бигорски. На северната страна од црквата, манастирскиот конак е наречен Горни палат, и е изграден во 1814 година. Конакот служел за живеење на манастирските браќа и гости кои доаѓале во посета на манастирот. Во 1825 годона на западната страна од Горниот палат, биле изградени машката и женската трпезарија, селечката и дебарската одаја и најдолниот дел бил наменет за штала. На нададените чардаци помеѓу машката и женската трпезарија и денес се сочувани амбарите за жито. На челно место помеѓу зградата со трпезариите и Горниот палат, се наоѓа некогашната меѓерница, а под неа била фурната. Сето тоа и денес е сочувано. За сместување на момоците кои му служеле на манастирот била изградена посебна зграда западно од црквата, која денес е сочувана во горните делови и така е конзервирана. Во непосредна близина од западната страна е семејната куќа со приземје и кат.

По осликувањето на големата купола во црквата а за време на игуменисувањето на архимандритот Арсение од 1807 – 1839 година, дошло и до зографисување на машката трпезарија кога пристигнале Михаил зограф со синот Димитар од Самарина. Тие ја зографисале апсидата во трпезаријата во неколку зони. Иконостасот во манастирот Бигорски претставува монументално резбарско дело на мијачките кппаничари. Мијачките копаничари се здобија со славата на најдобри на целиот Балкански полуостров. На Бигорскиот иконостас со употребата на човечката фигура е изкажана и потврдена виртуозноста на мајсторите резбари од Река на чело со Петре Гарката од село Гари. Изработени се многу сцени, композиции и одделни фигури претставени во движење, а со искажан драматизам во некои сцени, како на пример со отсекувањето на главата на Свети Јован Претеча и други.
Во некои сцени мијачките копаничари ќе се доближат до реалниот живот на човекот: гроздоберач, режач на винова лоза и друго. На иконостасот среќаваме многу животински фигури, птици и сето тоа проткаено со реалистичен приказ за винова лоза, цветови од нарциси, питоми рози, јужни плодови, а омилена мотив на мијачките копаничари ќе им биде – распукани калинки.

Манастирските конаци се реставрирани и во нив се сместени манастирските браќа монаси.  

Најново од: Култура и туризам

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор

Дали на Пеленица над Драчево навистина постоел манастир со необичното име „Свети Ерусалим“? Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор. Документите го потврдуваат името „Свети Ерусалим“, додека археолошките наоди сведочат дека Пеленица била значајно христијанско место уште во доцната антика. На само неколку километри над […]

To top