Култура и туризам

Мариово „Мирна земја“ (3)

vitoliste

vitoliste

„Во земјата на пословичната едноставност на мариовецот, природата пак великодушно го надарило мариовското население со чудесна убавина и прекрасна – витка става, особено женскиот пол. Целото население се одликува со висока стројна фигура, складно тело и убави црти на лицето. И при оваа телесна убавина, ако се придодаде и шарената, гиздава женска селска носија, украсена со секаков вид сребрени и други накити, имаме убавици, какви ретки се среќаваат.“ –  пишува Георги Траjчев  во својата книга за „Мариово“ (1923).

Во овој дел од својата книга за Мариово, авторот Трајчев се осврнува на прекрасната мариовска носија, на убавината на маривската жена, за безаконието кое владее врз незаштитенито население и насилното поторчување на мариовските моми. Овде тој ќе истакне дека и покрај бунтувањето на населението, ваквата состојба ќе остане се до појавата на Македонската револуционерна организација. Во својот опис за насилството врз мариовската жена кое го вршеле турските бегови и аги во изолираната т.н. „Мирна земја“,тој ќе забележи:

„Жените (во Мариово – н.з) сакаат да си го нашминкаат лицето со разни белила и кармини… Оригинални се крстните имиња: Брајан, Стале, Бино, Китан, Зојка, Крајо и други. Уште пооригинална е мариовската носија – женска и машка.

Мариовката косите ги плете на многу ситни плетенки, кои пред очите покрај челото, ги засуква дел од нив за да го заврзат поцлето, – волнени плетеници …, украсено со 3 – 4 реда тенеќиени жолтици и со други калаени и сребрени монети. Пред ушите ја подсекуваат косата како муслиманка. Кошулата е долга, од домашно дебело платно, со многу шари и везове. Над кошулата носат шајак, волнена облека без ракави, долга до половината, начичкана со разни шари. Таа облека се опашува со појас, плетен од волна, долг 5-6 метри. Напред “тургат“ фута (престилка). Над неа се заврзува друга престилка, везана со срмено и алово предиво, а врз неа тургат сребрени пафти.

Врз тоа облека се навира ресачка, шаечна облека без ракави, долга до појас, везена од страна со разни шари. На грлото се носат ѓердани, од 2-3 реда нанижани сребрени и калаени пари. На ушите имаат ушници, долги и тешки, од стари сребрени пари. На главата стават сокај, слично на епитрахил, широк 2 педи и долга тканина до подколена, украсен со разни дрнкала тенеќени, калаени. На рацете, од рачниот зглоб до лактот, носат наракавници, плетени од волна, со црвена боја. На нозете, од глуждовите до колената, носат палци, исто така, плетени со шарено волнено предиво.

И машката носија е прилично оригинална. Кошули од домашно дебело платно со бочници (плисе) на половината, јака со разни везови… Бечви, гаќи од шајак – бели или црни. Појас, волнен, црвен, пристегнат со ремен и тока. Ќурдија, шајачна, украсена и долга до појас. Ресачка, шајачна, .. црна или бела, долга до над колена. Над ресачката ставаат кусале, шајачна кратка до појасот облека без ракави, како ќурдијата и ресачката. Чорапи волнени, дебели, подврзани под колена со подвезки, ткаени алови коланчиња. На главата носат плетено капче…, обвиено со црна или бела платнена чалма, долга 1,50 – 2 метри.

Многу од момчиња до тинејџерска возраст не ја стрижат косата, но ја плетат во една или две плетенки и ги носат пуштени како жените, или се свиткани под капа како поповите. Постарите мажи ја бричат целата глава или оставаат дел од главата небричен.

Во земјата на пословичната едноставност на мариовецот, природата пак великодушно го надарило мариовското население со чудесна убавина и прекрасна – витка става, особено женскиот пол. Целото население се одликува со висока стројна фигура, складно тело и убави црти на лицето. И при оваа телесна убавина, ако се придодаде и шарената, гиздава женска селска носија, украсена со секаков вид сребрени и други накити, имаме убавици, какви ретки се среќаваат.

За несреќа, бидејќи земјата е планинска и малку е продуктивна, истата таа убавица е принудена повремено да слегува во градот и за 5-6 гроша дневно да станува аргатка по турските чифлици, каде често пати по неволја, беше приморана ди го даде телото на проклетите  агарјани. А не беа ретки и случаите на присилно потурчвање. Секое лето бевме сведоци на неколку потурчвања.

Често пати овие насилства даваа повод за конфликт меѓу двете вери – муслиманската и христијанската. Помнам како мало дете, кога за едно такво потурчване стана на нога целото … население од градот и на најдемонстративен начин бараше од власта предавање на насила потурчена мариовска мома. Разбунтуваниот народ се смири само откако се предаде момата во рацете на нејзините родители.

Не помалку разврат се внесе во овој крај и од таканаречените спахии. Разните агалари и бегови се натпреваруваа за тоа кој да закупи спахилак во мариовско, со единствена цел да блудствува и развратничи со целата своја придружба, која се состои од цела дузина изметчии, чибукчии и на нив слични развратници. Ниту еден (Македонец – н.з.) не смееше да се појави како конкурент за … мариовско. Тоа право го имаа само Турците. По купувањето на селото Агата се вселувал во онаа куќа, каде има најубава мома. Момата за цело време на престојот на спахијата во селото ќе го служи и ќе виси околу него. Таа ќе му го намести леглото; таа ќе ја подигне постелнината; ќе полива вода; ќе ја постави масата, итн, услуги и тортура. На овој начин, девојката станува агова посестрима – миленица.

Во замена на ова посестринство, девојката е опсипана со подароци (шарена шамија, коланче, белило, кармин, сребрени и калаеви нанизи, итн.). Откако спахијата со своите луѓе ќе се засити со првата посестрима, тој си избира втора, трета и така натаму. Се случувало во едно село да има 4-5 такви миленички. За најсреќна се сметала онаа куќа чија мома станала посестрима на агата. Куќата е заштитена од агата, и никој не се осмелува да се закачи со некој член на семејството, ниту пак за добиток или други имоти. Кога ќе дојде време девојката да се омажи, агата го избира младоженецот и особено е среќен оној млад човек на кој ќе му се падне да ја има за жена посестримата на агата! Не малку помогна за тој разврат и тогашните лоши околности. Населението било без заштита пред разните ограбувачи, и на тој начин преку своите девојки и невести гледале да бидат под грижата и заштитата на турскиот бег, ага или падар. Не минуваше пазарен ден (сабота) да нема убиство на некој Мариовец. Честопати се правеа и масовни убиства на цела група пазарџии на селскиот пат. Ова збратимување, а често пати поврзано со него и со убиства, во пракса е до создавањето на (Македонската) револуционерна организација во земјата. Со доаѓањето на првите нелегални луѓе, се стави крај на оваа состојба.“

Македонска нација

(продолжува)

Најново од: Култура и туризам

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор

Дали на Пеленица над Драчево навистина постоел манастир со необичното име „Свети Ерусалим“? Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор. Документите го потврдуваат името „Свети Ерусалим“, додека археолошките наоди сведочат дека Пеленица била значајно христијанско место уште во доцната антика. На само неколку километри над […]

To top