Култура и туризам

fragment-od-rakopisot

Битолски триод

Битолскиот триод, познат и како Кичевски е македонски средновековен ракопис, кој според записите што стојат на него, ракописот го пишувал Георги Граматик од с.Вапа-Дебарско во с. С’ лп-Кичевско. (Видоески, Божо (1988). „Јазичните појави во Битола и Битолско денеска и во минатото: реферати од научниот собир одржан од 7 до 9 септември 1984 г. во Битола“. […]

velesko-kale1

Велешката тврдина (Велешко кале)

Велешката тврдина (Велешко кале) е тврдина која лежи 2 км јужно од градот Велес, во речниот теснец на устието на Тополка во Вардар. Кале претставува издолжено плато, горе сосем зарамнето и со стрмни падини, високо 50—60 м над реките. Едно помало седло на јужниот дел го одвојува од повисоките планини. Од калето се контролираат два […]

izabel-the-rain

ПРОМОЦИЈА НА ТРИЈАЗИЧНАТА СТИХОЗБИРКА „ДОЖДОТ“ ОД ИЗАБЕЛ КАТИН СКАТОЦА ОД РИМ

Неодамна, во издание на Книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје од печат излезе тријазичната стихозбирка под наслов „Дождот“ на Изабел Катин Скатоца од Рим. Делото е напишано на трите јазици со кои Изабел комуницира во нејзиниот секојдневен живот: италијански,македонски и англиски. Стихозбирката „Дождот“ беше промовиранана 44-те традиционални „Илинденски исленичките средби“ во печалбарското Љубојно, во Долна Преспа. […]

SavoKostadinovski

Не е време за конечно враќање

Саво Костадиновски Со доаѓањето во Македонија имаше расчистено со една работа: не е време за конечно враќање. Но пред себеси си вети дека ќе го стори тоа за десет години. А по десет години не беше време за патување во Европа, а уште помалку за живеење. Се ширеше нова голема војна, а од таквите проклетства […]

monastvo

Значењето на појавата на монаштвото вo историјата на Црквата не е помало од значењето на обраќањето во христијанство на императорот Константин

Во епохата на Константин и во следните децении Црквата е штотуку изведена од катакомби и секој од верните се нашол во сложена ситуација. Во време на гонењата сè било јасно: постојат гонители и гонети. Сега се покажало дека вчерашните гонители стојат во храмот заедно со исповедниците на верата. Уште повеќе, решавањето на црковните прашања неретко […]

СВЕТА МАРЕНА ВО МАКЕДОНСКИОТ МАНАСТИР ВО ТУМИНЕЦ

АКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО АЛБАНИЈА СЛАВА НА СВЕТА МАРЕНА ВО МАКЕДОНСКИОТ МАНАСТИР ВО ТУМИНЕЦ 30 јули 2017 година, Пустец, Мала Преспа – Денес е Света Огнена Марина – Марена. Празникот Света Марена се слави секоја година на 30 јули. Овој ден се смета за најтопол ден во годината. Македонците во Мала Преспа, традиционално ја слават Света […]

SavoKostadinovski

Како што минуваше времето, така немаштијата полека минуваше во имаштија

Саво Костадиновски Како што минуваше времето, така немаштијата полека минуваше во имаштија. Ама не имаштијата како изобилство, ами имаштија на трпезата. Да има секој ден, да не остане гладна душа. Да не дојде нужда за лебот. Во животот на Јанко првпат беше така. Иако некогаш и татко му беше на печалба. Сега му беше полесно, […]

SavoKostadinovski

Сполај ти, мајсторе, убаво од тебе, белки се’ ќе излезе како што треба

Саво Костадиновски – Сполај ти, мајсторе, убаво од тебе, белки с# ќе излезе како што треба – рече Јанко, поослободен од првичното изненадување по последните зборови што ги слушна од мајсторот. По неколку дена, на затворање на дуќанот, мајстор Петре го покани Јанка на вечера, му рече дека домаќинката спрема убаво јадење за сите. Всушност, […]

800px-Bulgaria after Congress of Berlin in 1878

Македонска емиграциjа во периодот од 1878 до 1912

По создавањето на Кнежество Бугарија во 1878 година кон новата држава емигрирале многу Македонци, кои jа создале заедницата на македонската емиграција во Бугарија. По информации на Друштвото на народите вкупниот броj на македонските иселеници во Бугариjа за периодот од 1878 до средината на 1920-те години бил повеќе од 300,000. Таа е најголема македонска емиграција во […]

makedonski-narodni-pesni

Од настан до песна

Ајде пушка пукнаАјде пушка пукна, бре џанам, среде Велес,ајде среде Велес, бре џанам, Пекмез пазар.Ајде, па го удри бре џанамКитка Ордан.Китка Ордан на Четкови.Ајде викна бре џанам, Китка Ордан: – Ајде капнала ти бре Мурат,десна рака,ајде што ме удри, бре Мурат,среде чело.Ајде имам мајка, бре Мурат,да ме жали,ајде имам сестри, бре Мурат,да ме плачат.Ајде немам син […]

bazilika-sv-ahil

Црквата во Македонија во времето на Самоиловото царство и во средновековниот период

Црквата во Самоиловото царство 20.03.2008. Факт е дека свети Климент Охридскиот чудотворец е основоположник на идната самостојна Охридска архиепископија. По неговата смрт во 916 година со исто темпо и несмален интензитет продолжува процутот на верско, културно и просветно поле на македонската територија. Во овој период во Македонија постоело бројно монаштво, кое било двигател на духовниот […]

SavoKostadinovski

Во работилницата на мајстор Петре, Јанко првин работеше помошник

Во работилницата на мајстор Петре, Јанко првин работеше помошни работи –потсредуваше, прередуваше, придржуваше, заделкуваше, застружуваше, потсекуваше, потоа ги засекуваше и ги дотеруваше летвите и штиците откако ќе му ги обележеше мајсторот и за неколку месеци стана вистински мајстор. Покрај мајстор Петре научи да прави столчиња, врати, прозорци, колевки, дури и ситна дрвена покуќнина. Имаше среќа […]

To top