Култура и туризам

Дедо Јанко прво го запознав од слушање

SavoKostadinovski

SavoKostadinovski
Саво Костадиновски

Дедо Јанко прво го запознав од слушање. На многу рана возраст. Откакот почнав да сознавам и да паметам. Тој беше дел од приказните што ги слушав. Така стана мој омилен лик од убавите приказни.

Приказните ги кажуваа дедо Аврам и дедо Мојсо. Потоа, откако имавме нов дом во Гостивар, и татко ми. Понекогаш и мајка ми.

Сите раскажуваа со восхит. Од почит.

Приказната за него не се кажуваше одеднаш. Немаше крај.

Сите бевме радосни кога ќе пристигнеше писмо или поштенска картичка од дедо Јанко. Доволен повод да продолжеше приказната за него. На тој начин му го славевме името.

Еднаш во писмото имаше фотографија. Чудна книга со ликови, како што ја викал дедо Костадин фотографијата.

На неа дедо Јанко со семејството. Тој и баба Лена на средината. Десно пред нив синот Васил, од лево Костадин и Евдокија. Сите насмеани.

Татко ми веднаш ја врами и ја закачи на ѕидот над масата.

Од нивната насмевка се вселуваше ведрина во нашиот дом.

Фотографијата н# потсетуваше да почнеме разговор за него. Татко ми со задоволство и со страст зборуваше за него. Се гордееше со својот стрико. Го обожуваше затоа што бил умен, љубезен, принципиелен, со цврст карактер, човек со идеали и со бескраен патриотизам. Ми кажуваше колку многу од него научил за историјата, иако не е историчар, колку комитски песни првпат од него чул, иако не живее во земјата на комитите. Во сето тоа и јас подоцна се уверив, кога првпат го видов по осумнаесет лета откако ме крстил.

Откако од едно писмо дознав дека ќе дојде имав многу необично чувство. Требаше првпат да го видам човекот за кого што толку многу убави работи имав слушано.

„Сакам да си го видам и внукот што го крстив“, имаше напишано во писмото и поради тоа веројатно кај мене беше силно тоа необично чувство. Токму поради тоа јас се радував најмногу од семејството на неговото доаѓање.

Затоа морав и јас да бидам меѓу роднините кои требаше да го пречекаат на аеродромот крај главниот град. Најдовме автомобил со возач за да го пречекаме и да го однесеме во родното место. Поинаку не се пречекува гостин како дедо Јанко.

За секоја сигурност на аеродромот стигнавме многу порано, точно напладне. Имавме кого да чекаме. Сето време на чекање го поминав на едно место во чекалната. Близу до звучниците. За да чујам добро кога ќе стигне авионот со дедо Јанко. Конечно беше најавено стигнувањето на авионот, а јас не се одвојував од звучниците. Како да очекував да го најават и доаѓањето на дедо Јанко.

Неговото име не го чув, но неговиот лик нестрпливо го очекувавме. Преку стаклото на чекалната. Во тој момент пред себе ја замислував фотографијата од ѕидот, на нашиот дом во Гостивар. Ликот на дедо Јанко требаше првпат во живо да го видам.

– Ене го стрико ми – прв го забележа татко ми Сергеј со радост на дете. Сите беа н# совладале радоста и возбудата.

Дојде мигот кога и јас му пријдов и се прегрнав со човекот од фотографијата на ѕидот и од убавите приказни.

Се пофали за убавото патување, за брзото стигнување со авион. Всушност, сакаше да каже дека толку многу убаво му е што стигнал во родниот крај. А с# што сакаше да каже го кажуваше, со обраќање кон мене. И с# што прашуваше мене ми се обраќаше. Од возбуда не престануваше да кажува и да прашува.

Долго време погледот му беше насолзен.

На неговата возбуда се надоврза моето љубопитство и на разговорот му немаше крај.

Имав чувство дека со него никогаш не можам да се назборам.

Уште во првите мигови на средбата во аеродромската зграда забележав дека своите 78 години многу лесно ги носеше на својот грб. Беше мошне витален, чекореше цврсто, не се заморуваше брзо. Како да се подмлади со доаѓањето во татковината.

Се упативме за родното Ботуше. Со автомобилот стигнавме до Растеж. Дотука имаше пат за автомобил и дотука траеше денот. По ноќевањето кај нашиот роднина, наредното утро го почнавме пешачењето во правец кон врвовите на Добра Вода. По близу четири часа стигнавме во селото.

Колку што ми треба да стигнам од крајот на светот до аеродром, толку време ми треба за да стигнам од аеродромот до овде – тивко заклучи дедо Јанко. Тагата од глетката на селото повремено му ја истиснуваше радоста.

За осумнаесет години, од неговата претходна посета селото беше многу променето. Ама не на арно, како што очекуваше дедо Јанко. Го болеше тоа што и натаму беше речиси недостапно, отпатно и беспатно, и што многумина си го фатиле патот под нозе и го напуштиле – кој поблиску, кој подалеку, а последната година – две, многумина заминаа низ Европа.

Дедо Јанко го жалеше селото, а мене ми се натажи душата од неговата жал.

Првото утро по пристигнувањето во Ботуше дедо Јанко извади две свеќи од куферот. Рече дека ги носи од Австралија зашто во Македонија нема такви. И навистина дотогаш немав видено такви, моделирани свеќи. Ме повика да му правам друштво, рече дека сака да оди на гробовите на татко му Костадин и мајка му Евдокија.

Откако ги запали свеќите седнавме на каменот близу до гробовите. Долго време гледаше во свеќите и молчеше. Ништо не сакав да го прашувам – знаев за што размислува.

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top