Култура и туризам

Не е време за конечно враќање

SavoKostadinovski

SavoKostadinovski
Саво Костадиновски

Со доаѓањето во Македонија имаше расчистено со една работа: не е време за конечно враќање. Но пред себеси си вети дека ќе го стори тоа за десет години.

А по десет години не беше време за патување во Европа, а уште помалку за живеење. Се ширеше нова голема војна, а од таквите проклетства неговата татковина не беше одминувана и поштедувана.

На година по враќањето од Македонија ја доби тажната вест во која се велеше дека татко му го напуштил овој свет, а тринаесет години по посетата ја доби веста за смртта на мајка си Евдокија.

По завршувањето на втората голема војна веќе дефинитивно немаше доволно силни причини да се врати таму каде што е роден, иако сите години дотогаш носталгијата му ја разоруваше душата.

Носталгијата и натаму го немаше напуштено, но неговото ново семејно стебло имаше пуштено длабоки корени во австралиската почва. Васко, Коста и Ева веќе си имаа создадено сопствен свет на живеење.

Јасно му беше како бел ден над Сиднеј дека судбината му го одредува животот, а не како што сака тој. Во Солун не дојде за да замине подалеку, ниту во Австралија дојде за да остане.

Одеше таму каде што го водеше судбината, а таа мора да си врви.

Во годините на големата војна, а уште повеќе потоа, судбината доведе во австралиската земја многумина од јужните македонски краишта. Стигнаа дури и страдалници од родот на Лена. Додека сите тие бегаа од родината, Јанко не можеше да се реши да отпатува таму.

Како што минуваше времето кај него с# повеќе тлееше жарот што беше му го оставила носталгијата уште пред цела вечност. Веќе ја имаше спечалено белината на косата и само што го стекна правото на пензија. По петнаесет години одложување на патот до Македонија и по стивнувањето на пукотниците во нејзините јужни краишта, југот влезе во неговата душа, а тој првпат во авион кој надлетува мориња и кој брзо се бори со далечините.

х х х

Третиот ден откако влезе во авион во Сиднеј Јанко пеш стигна во Ботуше. До неговото родно место с# уште се стигнува по долго пешачење, но стигна во последните мајски денови кога природата под Добра Вода беше разбудена со сета своја убавина исто онолку колку што беше разбранувана душата на Јанко од сета возбуда што по дваесет години повторно го гледа својот роден предел.

Наредниот ден по пристигнувањето, кај својата блиска рода во Ботуше се всели нова радост. Синот на брат му Мојсо доби син. Благуна на Сергеј на свет му ја донесе првата рожба, а тој ден ниту дедото, ниту таткото на новороденчето не беа дома. Мојсо беше заминат на пазар во Прилеп, а Сергеј беше на служба во банката во општинскиот центар.

Кога третиот ден од раѓањето се вратија дома и двајцата имаа двојна радост – му се радуваа на новороденчето и на драгиот гостин од Австралија.

А драгиот гостин од Австралија беше како главен домаќин во домот во Ботуше во отсуство на дедото и на таткото на новороденчето. Дедо Јанко ја имаше премногу почитта кај својата рода, па ја доби честа да кумува. Името на новороденчето го одбра по еден од следбениците на словенските просветители од Солун.

Имаше чувство како да се родил повторно.

Тоа лето го мина на крилјата на радоста.

Намерата го одведе и во Крушево. На ден Илинден.

Сакаше да му оддаде почит на брата си Васил. Му беше чест да биде со илинденците, соборците на Васил и на татко им.

Долго време го чекаше тој ден, зашто посетата на Крушево му беше планирана уште во Австралија. Таму многу се зборува и им се дава почит на илинденците и на нивното востание. На илинденската прослава отиде со браќата Аврам и Мојсо, а по три дена се врати со мала потиштеност. Очекуваше поголема и подостоинствена прослава и почит од тоа што го виде. Тоа не го оставаше рамнодушен, не можеше да сфати зошто во Сиднеј се организира подобра прослава отколку во Крушево. Не можеше да сфати зошто неговиот народ кога е слободен да избира како ќе слави, тоа не го прави според големината на хероите и на денот. Ниту можеше да сфати зошто не е дозволено и е опасно да зборува за својот револт. Дури ни со своите браќа. Но за среќа тие убаво го разбраа и со молчење го оправдуваа неговиот револт. Зашто сите тројца силно го чувствуваа огнот во себе што го запалиле таткото и најстариот брат.

Длабоко во себе уште посилно го чувствуваше своето родно огниште. Како никогаш дотогаш. С# до длабоката старост.

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top