Коментари

Познанството со Охрид е обновено познанство со А. Ден Долард и обратно

herald-pulvejk

herald-pulvejk
Пишува: Херард Пулвејк (Холандија)

Во септември 2012 година мојата сопруга и јас одлучивме да ја посетиме Македонија. За нас не премногу позната земја што ја знаевме само од неколку книги од А. ден Долард, но во тој момент за тоа не бевме ни свесни, па решивме во периодот по одморот да купиме книги од овој писател за Балканот и посебно за Македонија за читање и/или препрочитување. За посебни книги ги сметавме: „Свадбата на седумте Цигани“ – една прекрасна љубовна приказна со посебно внимание за Охрид и околината; „За слобода и смрт“ – книга со стравотни извештаи за политичките случувања во земјата; „Ориент Експрес“ – роман за истите тие политички компликации, понекогаш дословни пасуси од тие ужасни извештаи; „Заедно е два пати сам“ – роман за скитањето на авторот и за една од неговите големи љубови; „Гостилницата со потковицата“ – пред сè за Албанија, соседната на Македонија земја од другата страна на Охридското Езеро.

Така подготвени исчекоривме надвор од авионот и помалку или повеќе низ очите на писателот ги видовме Охрид, црквите, плоштадите и плоштадчињата, кејот и алеите, и пак секогаш и насекаде прекрасното езеро со мистериозните планини во позадината. Некаде на едно раззеленето плоштадче наеднаш застанавме изненадени покрај еден споменик на… А. ден Долард!!! Длабоко во моето сеќавање (еден учител по холандски јазик во средно училиште мора да ги помни своите класици) знаев за почитувањето во Македонија за овој писател. Исто така впечатливо беше што во овој парк наоколу шетаа многу Холанѓани кои сакаа да се фотографираат пред овој споменик.

Во една особена среда навечер скитавме низ улиците, уличките и алеите на Охрид во близна на кејот (баравме еден посебен ресторан), ни пријде една Македонка која нè праша (на холандски јазик!!!) дали сме Холанѓани и дали сакаме да видиме еден посебен музеј. Ние посакавме и таа нè поведе кон една куќа. Кога влеговме, се покажа дека тоа е канцеларијата на некој со многу восхит за… А. ден Долард. На ѕидот висеа фотографии на многу корици од неговите книги и малку повнатре цела една соба наместена како музеј на А. ден Долард?!

Се разбира дека бевме изненадени и љубопитни од каде ова почитување. Македонката ни објасни нашироко и надолго. Тоа беше почитување за холандскиот писател кој толку многу значи за врската помеѓу македонскиот народ и Холанѓаните. Таа ни ја посочи книгата „Нашиот холандски пријател А. ден Долард“. Кога прашав дали постои и холандско издание на книгата, се покажа дека не постои; писателот можел да се изразува на холандски, исто така го владеел холандскиот јазик, но не го владеел доволно добро за да напише цела една книга.

Коментирав дека тој би можел да побара помош од некого и кога таа праша ‘како и од кого?’, јас реков: „Обидете се со мене”.

Пак изненадување, сега кај другата страна, но кога се покажа дека јас сум доктор по холандски јазик и литература, таа нè покани да дојдеме вечерта да се запознаеме со авторот на книгата.

По вечерата се запознавме со Мишо Јузмески, еден симпатичен човек кој навистина добро зборуваше холандски. Тој во 2011 година, заедно со македонската дама, ја основал „Култура 365“, чија мисија е да се промовира македонската култура и пред сè да го промовира туризмот. Една од иконите, најважната, на нивната организација е А. ден Долард. Се договоривме: кога ќе се вратам во Холандија, јас повторно ќе се поврзам со писателот и ќе се обидам неговата книга за А. ден Долард од англиски да ја преведам на холандски.

Во 2013 излезе преводот и тој си го најде патот кон бројните холандски туристи кои следејќи го А. ден Долард или сосема случајно, скитајќи, наишле на овој музеј.

Оттогаш редовно одржувам врска со писателот, понекогаш преведувам некоја нова статија и секогаш се информираме меѓусебно за сопствените активности. Двајцата имаме исполнет живот со заеднички интереси, а секогаш и време за нови информации за А. ден Долард, кој толку многу значеше за откривањето на балканските земји и особено на Македонија за Холанѓаните посебно и воопшто за западните туристи.

Македонска нација му благодари на Мишко Јузмески за текстот.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top