Коментари

Македонскиот национален јаз е голем адут за грците

makedonska-nacija-logo

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

Чудни луѓе сме  ние Македонците.  За се` нешто, некој  друг ни е крив, или поедноставно, „Не бев јас“.

Постојат  група луѓе кои за се се  секираат, освен за себе, сите им се помили за опсервација освен себеси.

Таквите интересни  појави секојпат се спремни да ви кажат што нетреба, но никако да ви кажат како треба. Многу е лесно едно дете да земеш и да го натепаш оти, ете направило беља, но ако не му кажеш како правилно да постапи, џабе ќотекот.

Така и со нашите дежурни мислители и истерувачи на правда, секојпат спремни организирано да се спротистават и да нападнат за да ги одбранат „своите “ ставови, не давајќи ни  малку шанса некој друг нешто да им укаже.

Македонија повеќе од две декади се наоѓа во сериозна консензуална криза околу спорот за името. Битката помеѓу двете струи на левицата и десницата е развиена до степен на крајна нетрпеливост и непомирливост. Донесувањето на блиц потези само од инает, многупати скапо ја чинеа државата, но и натаму се практикува како модел за да се оневозможи партискиот противник да постигне позадоволителни резултати од ривалот. Поигрувањето со националните и со државните интереси е најголемото зло кое може да ја снајде една нација.  Сега тоа најмалку и е потребно на македонската држава.

Не смее да се наруши угледот на македонскиот народ дека и покрај сите ембарга, препреки и уцени, доследно опстојал на ставот дека нема попуштање пред узурпаторот на меѓународното право и човековите права и слободи. Македонија без размислување треба да ја продолжи борбата за докажување на сопствената вистина пред светот, да ја продолжи битката за разоткривање и уништување на грчката пропаганда, која сее лаги и омраза повеќе од дваесет години. Не смее да се дозволи внатрешно-партиските поделби во државава да и послужат на Грција како алиби дека Македонија не е конструктивната страна, дека ние сме тие кои спроведуваме опструкциони процеси, а тие се посветените и докажаните.

Од секој промил од македонските грешки Грците создаваат пропагандни трикови, со кои меѓународната заедница повторно ќе покаже со прст кон нашето политичко и дипломатско општење. Спротивно на тоа, кога јужните соседи ќе ја направат и највалканата работа, тогаш тоа или не знаеме доволно да го искористиме или само делумно ќе го претвориме во позитивен бод на нашето салдо.

Тешки времиња доаѓаат. Одново, по којзнае кој пат, на белосветските јаничари ќе им го докажуваме она што стотици пати сме им го докажале – дека сме Македонци, дека зборуваме на македонски јазик, дека пееме македонски песни, играме македонски ора, се поклонуваме пред македонска историја. Истите тие, се знаат, знаат кои сме ние, знаат кои се Грците, знаат кој ја зборува вистината, а кој лаже. Но, повторно со помош на нашата опозиција дискриминаторите се во предност. Во предност се затоа што дома се обединети, затоа што сите политички елити од кои е составена и грчката власт и грчката опозиција, непоколебливо стојат на своите позиции дека не треба да ни се попушти ниту милиметар. Зарем тој национализам нас не разедини наместо да не сплоти ?

Кога некој е склон кон попуштање, спротивната страна постојано ќе ја применува стратегијата на притисоци без крај. Македонската опозиција одамна игра двојна игра кога е во прашање проблемот што го има Грција со нашето библијско име..

Постојаното дрндање на Македонската опозиција во однос на нашето име на веќе познати, истрошени и неупотреблизи фрази и флоскули, не само што ја збунува, туку и ја разгневува јавноста. Но, нејзиниот суд, судот на народот знае да биде ем најжесток, ем најправеден.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top