Коментари

Искривена историја и вештачка творба

Gordana-Dimovska

Gordana-Dimovska
Гордана Димовска

„Грција е највештачката од сите вештачки нации кои произлегоа со распадот на Отоманската империја“ – Јерасимос Какламанис (Analysis of Neohellenic Bourgeois Ideology, стр.13).

“На Балканот се создадени првите нации, благодарение на напорната работа на неколку европски ориентирани луѓе,  државите за овие нации се создадоа подоцна. Моделот за градителите на балканската нација не беше Франција, туку Германија, каде интелектуалците внимателно го негуваа чувството на националната свест и пред постоењето на обединета држава.“ – историчарот Ендрју Баруч (Andrew Baruch).

Македонија откако се осамостои започна со откривање на сопствената историја без притисоци или “совети“ од соседните земји. Во светот се разнесени книги кои го “учат светот“ и даваат сосема поинаква слика за македонската историја. Слушајќи за големите неправди  и искрививуање на историски факти, доаѓа да се запраша човек: Дали историјата е најголема лага? Она што земјата е денес е последица на она што била во минатото. Секое делче од нејзиното минато ја зајакнува свеста за припадноста, го зацврстува идентитетот и дава насока и можност да се исправат историските неправди. Затоа пак постојат и такви во кои се откриваат  записи кои ја прикажуваат историјата во реално светло. Ќе ја искористам познатата изрека “Каде има сила, нема правина“ но не секогаш важи ова непишано правило.  Постојат и  многу  праведни луѓе на овој свет кои секогаш ќе се борат за вистината, за правдината, за тоа да не им се скрати правото на еден народ да си ја прикаже својата историја онаква каква што е а не како што  други ја ‘скроиле’.  Да се знаеш кој си и од каде си, кои се твоите претци, како живееле и како ја чувале земјата, е можеби и најважното и најтешкото прашање кое секој си го поставува. За се она важно кое ја карактеризира една земја е заслужна историјата. Историјата не треба да те “закочи“ туку да ти овозможи полесно себе дефинирање, одбрана на националните интереси во новонастанати услови и политички збиднувања. И ако секој тоа го почитувал и да имаше правда во светот, не ќе имаше нити војни,  нити етнички чистења, нити  Македонија ќе беше распарчена во 1913 , нити денес ќе се оспоруваше потеклото, името, идентитетот.

Но што се случува со историјата на Грција, земјата која се потпира на лажни факти, земјата која  со децении вешто избегнува одговорност  за стотици илјади  Македонци  кои ја напуштија Грција по Граѓанската војна во 1949 година, меѓу кои и 29.000 деца. И на нивните лаги им доаѓа крајот. На повидок излегуваат факти запишани во книгите кои ги откриваат нивните лажни историски тврдења. Еве на пример цитатот од  1-2 от век на Plutarch, Flaminius:

“Лажни се претставите дека денешните Грци биле потомци на мртвата раса на античките Елини  затоа што наводно зборувале ист јазик. А античкиот и денешниот јазик не се идентични. за тоа како настанала Грција излегуваат податоци кои укажуваат на тоа дека таа е вештачки формирана нација, производ на германските филозофи од 18 век.“

Во книгата Vorlesungen über die Alterthumswissenschaft од 1835 на страна 28 го пишува следното:

Македонците не треба да се сметаат за Грци; од старите тие не беа сметани за исти и ги нарекуваа Варвари. (Die Macedonier muss man nicht zu den Griechen ziehen, sie wurden auch von den Alten nicht zu denselben gerechnet und Barbaren genannt; ja Macedo war ein Schimpfname).

Записи за јазичната дистинкција: Македонците беа и по јазикот различни од Грците. (Auch waren die Macedonier von den Griechen durch die Sprache unterschieden).

Не беше ниту грчки диалект ef. Strabo 6, pag. 326. Curtius lib. 9, cap. 9, 34претерува дури, дека Македонецот не можеше воопшто да се разбере. (Es wargar kein rein griechischer Dialekt. ef. Strabo 6, pag. 326. Curtius lib. 9, cap. 9, 34 übertrebt es so, dass man einen Macedonier gar nicht hätte verstehen können).

Во јавноста излезе и документарен грчки филм, емитуван на грчката TV SKAI кој е преведен на англиски. Токму во него се јасно е прикажани манипулациите за древното наследство, големото влијание на Германија како само еден дел од грчката машинерија за создавање на “најдревната нација на светот“ за земјата кој тврди дека се од нив започнало.

Во учебникот „Географија за средни училишта“ од српскиот академик Петар Драгашевиќ пишува:

„Староседелци во овие земји, во древни времиња биле некои Словени на кои не им се знаат имињата…можеби низ долгите времиња наназад многу раштркани, тоа се денешните Македонци. Но, како што насекаде во светот бидува, кога дојденците ја преземаат власта, така било и овдека“.

Во истиот дел стои дека Елините се доселиле на полуостровот пред 1.500 години, ја создале лулката на науките и уметностите и ја пресадувале на сите крајбрежни делови на Средоземно Море.

Во истиот учебник на страницата 163 се вели: „Македонците се најстари Словени на овој Илирски полуостров, а можеби и во Европа“.

Драгашевиќ тврди дека преку Македонците поминувале и владееле сите народи кои во текот на многу времиња, или еден покрај друг, или еден зад друг престојувале во овие земји.

 Во книгата: Analysis of Neohellenic Bourgeois Ideology, стр.13) Јерасимос Какламанис вели:

„Грција е највештачката од сите вештачки нации кои произлегоа со распадот на Отоманската империја“.

А американскиот автор Џон Шеј, оди до таму што ја негира и ја побива опсесијата со грчкиот расен идентитет и се обидува да го исправи изобличувањето на историските факти за илјадниците години кога не постоела грчка нација – држава. Тој истакнува дека современите Грци не се ништо повеќе етнички поврзани со античките Грци од современите и античките Македонци.

Можеби е време оваа земја да ги извади вистинските факти за својата историја, да ги исправи неправдите нанесени во минатото над Македонците и други националности кои немилосрдно беа протерани од нивна територија.  Секоја земја си има своја историја која треба  да се почитува без  оспорувања и негирања.

Најново од: Коментари

Уште колку ЕУ ќе нè тапка по рамо?

Европската идеја има смисла ако ги зближува народите и го почитува нивното достоинство. Македонија заслужува јасен и праведен пат до членство, по кој ќе оди со реформи и со зачуван македонски идентитет. За идеите во минатото се гинело, а за нив се гине и денес. Тие ги движат луѓето, ги обединуваат народите и го менуваат […]

Филипче, рејтингот на СДС не се крева со сирена за тревога

Дали Филипче навистина мисли дека патот до повисок рејтинг води преку повисок притисок кај граѓаните? Дека секоја вознемирена фамилија е потенцијален глас, секој исплашен пензионер — политичка добивка, а секој загрижен штедач — публика за следниот настап? СДС на чело со Филипче остава впечаток дека отвори дежурна служба за најавување пропаст. Телефонот постојано ѕвони, сирената […]

За овој настан Македонија нема да бара од Бугарија заедничко историско чествување

На 11 септември 1995 година, на аеродромот кај Штрклево, близу Русе, се собрале околу 3.000 илјади луѓе за да пречекаат вонземјани.  Според архивскиот весникарски напис, околу 3.000 луѓе пристигнале од Варна, Разград, Русе и околните села. Поводот бил најавата дека точно во 11 часот ќе слетаат посетители од наводната планета Криси за да и помогнат […]

Да се препознаеме по човечноста

„Ако чувствуваш болка, жив си. Ако чувствуваш туѓа болка, тогаш си човек.“ – рекол Лав Толстој Сфаќањето и практиката на хуманоста во светот денес се наоѓаат на важна крстосница. Глобално гледано, на хуманоста се гледа низ призмата на зголемена емпатија и поврзаност, но и низ сериозни предизвици наметнати од модерното секојдневие, технологијата и кризите. Технологијата […]

Четири штетни одлуки – сметка што ќе ја плаќаат генерации

Приватизацијата од деведесеттите години, територијалната организација од 2004 година, промената на уставното име во 2019 година и Договорот со Бугарија од 2017 година се четирите најштетни политички одлуки на СДС за Македонија. Првата го засегна општествениот капитал, а другите државното уредување, уставното име и заштитата на македонските национални интереси. Последиците ги надминаа мандатите на властите […]

Бранислав Светозаревиќ-Покорни: За поимите „народ“ и „нација“

Бранислав Светозаревиќ Во интерес на читателот, сметаме дека е потребно да дадеме извесни објаснувања за термините за етничките заедници низ историските периоди на овие простори, со кои се среќававме во нашето истражување, како и за поимите „народ“ и „нација“ што ги подразбираме во оваа студија. Иако главниот акцент на оваа книга се однесува на идентитетското […]

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

To top