Коментари

Зошто не паѓа рејтингот на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, Е ЗОШТО ДЕ!?

Свекрва

Зоран Заев се прашува: Зошто не паѓа рејтингот на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ

Зоран Заев во емисијата „360 степени“ на Алсат-М признава дека премиерот Никола Груевски и владејачката ВМРО-ДППМНЕ се со поголема поддршка меѓу граѓаните. Покажувајќи зачуденост тој меѓу другото вели: „Груевски опстојува на анкетите високо. Да веќе сме исто, приближени, но прашањето е зошто не паѓаат“.

Е ЗОШТО ДЕ!? – ќе рече Тодор Петров, претсдеателот на Светскиот Македонски Конгрес. Изгледа на сите им е јасно, освен на зачудениот Зоран Заев. Но, ако некој не знае зошто тој и неговата СДСМ политички тонат, а Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се со се` поголема поддршка, тогаш ние ќе одговориме.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев со своите гафови претставува политички кловн кој ѝ нанесува непоправлива штета на земјата. Постојаното негово кукање дека нема правда, демократија и човекови слободи, потоа повикување кон поголемите да се замешаат и за да го разрешат конфликтот со поголемиот и поискусниот брат, како и прифаќањето па одбивањето на понуденото, но и постојаните закани дека кога ќе порасне ќе видат сите оние кои него не го поддржуваат, во многу нешто потсеќа на едно разгалено хистерично детиште на кого му е ускратена цицката.

Сакам сладолед, е сега не сакам сладолед!? Сакам избори, е сега не сакам избори!? Сега сакам да седам на премиерската столица или ќе пук(н)ам…! Токму вака делува политичкиот кловн и лидер на СДСМ Зоран Заев. Изгледа како безобразно детиште кое од ништо не е задоволно и сега сака со своите недораснати другарчиња да влезе во владата за да си игра држава.

Да не е трагично, би било смешно!

Неговото постојано плачање дека сака во Влада се слуша на сите страни. Ги разбуди Тирана, Приштина, Атина, Софија и Белград, но ги иритира и Брисел, Берлин, Москва, Вашингтон, па дури и борците на ИСИЛ.

Чичко Сорос за да го смири му даде за задача на Фрчимир, Миле, Пендар, Орде, Ѓузел и на сите други СДСМ-овчиња кои ги згрижуваше кога се симнуваа од министерските и други фотељи, како и на сите невладини организации кои се закачиле за неговата цицка и никако да ја испуштат, да направат се` за да престане да плаче. Дури ако треба и Пандорината кутија да ја отворат само Заев да влезе во власта и да престане да му плаче и да му го ремети мирот. Можеби така и ќе ќари уште нешто на Балканот.

За случајот разбрале и поранешните „борци за човекови права“. Слушнале дека сака да си игра со т.н. „бомби“, па решиле како на свадба да припукаат малку во Куманово. Несвесен дека некој скапо го плати овој чин, политичкиот кловн се сликаше со нивните и свои поддржувачи. Но, тоа ни малку не го развесели Брисел, кој знае дека игрите на Заев можат скапо да ја чинат. Мечката лесно може да заигра и во нивниот двор.

Затоа големиот чичко од ЕУ дојде во Скопје да праша што сака Заев за да престане да плаче. Потоа се договорија со него и поголемиот брат, како и другите двајца побратими дека ќе играат фер. Ги договорија за правилата на играта и го напишаа на парче хартија на која си го ставија името. Се „заколнаа“ дека ќе има избори во април идната година, кога Заев и неговите другарчиња ќе пораснат. Но, за беља, Заев бргу заборави што договори со големит чичко или пак сфати дека тој и неговите другарчиња за една година не ќе можат толку да пораснат за да можат да седнат во фотељите на Владата. Инает го фати. Недела дена потоа на покана на големиот европски чичко Заев повторно се премисли и почна да плаче. Заедно со него почнаа да плачат и неговите другарчиња.

Но, да ја сфатиме работата серизно. Лидерот на СДСМ Зоран Заев и неговите соработници не сакаат избори, барем не се` додека нема да бидат сигурни дека нема да победат. Меѓутоа, бидејќи се свесни дека ја немаат подршката на мнозинството од избирачкото тело и дека по пат на избори нема да дојдат на власт уште многу, многу години, тие се обидуваат преку дестабилизација на земјата да ја постигнат целта. Односно тие се надеваат дека политичката и безбедносната дестабилизација на земјата ќе ги наруши нормалните текови на економијата, ќе се намалат инвестициите, ќе се успори нејзиниот раст и вработувањата, пад на стандардот што потоа би им овозможило повторно со нереални ветувања да го привлечат народот кон себе.

Меѓутоа, токму ваквиот начин на размислување на Заев и неговите соработници, покажува дека си имаме работа со незрели и недораснати политичари кои за сопствените интереси се коцкаат со иднината на сопствениот народ и држава. Повеќе пати е истакнато дека Заев, кој е познат по своите гафови (ќе јадeме живи луѓе и кога ќе дојдеме на власт ќе ги смениме сите, од чистачка до министер) не заслужува да биде лидер на најголемата опозициска партија. Дури и кога ќе помислиме дека нешто се менува во неговото однесување, дека сфатил дека претерал, тој повторно ќе не` изненади. Тоа го покажа во Скопје, но, и во Брисел. По договорот во Скопје, час говореше дека нема да патува, па замина во Брисел. Таму пак, по повеќе од дванаесет часа преговори, човекот пред еврокомесарот го прекрши тоа што прифатил во Скопје.

Изворите од Брисел говорат дека само еден бил виновникот за пропаднатите преговори. Кој друг ако не Заев?

Не прифаќање на техничка влада три – четири месеци пред избори, која би ги спровела изборите, потоа прочистување на Избирачкиот список и измени во Изборниот законик, зголемен мониторинг, само ги потврдуваат констатациите дека СДСМ блефира кога бара предвремени избори, а нивниот лидер Зоран Заев си поигрува со европолитичарите. Оттука, не треба никој да биде зачуден што социјалдемкратите ја немаат нивната поддршка.

Свесни дека народот не е со нив, дека Европа не ги поддржува, социјалдемократите се` повеќе играат на загрозување на меѓуетничките едноси, надевајќи се дека радикализацијата ќе ги внесе во некаква техничка влада. Тоа им е последниот адут, иако оваа карта не е многу сигурна. Настаните во Куманово, покажаа сплотеност на народот и осуда против сите кои сакаат да го нарушат мирот и соживотот меѓу Македонците и Албанците. Затоа, спротивно на нациналните интереси, за сите оние кои сонуваат за Голема Албанија, Заев на Албанците им понуди двојазичност на целата територија на земјата што значи нејзина федерализација и поделба.

Во време кога може да се изгуби препораката за ЕУ и кога џихадистите повикуваат на создавање на Балкански калифат, кој би ги опфаќал земјите од поранешната Отоманска империја, ваквата политика на СДСМ е погубна. Инаку, само во Босна и Херцеговина има 3.000 регистрирани исламисти, спремни да тргнат во акција. На целиот Балкан ги има три пати повеќе или околу 10.000 џихадисти. Со бранот на бегалци и со регрутирање на нови членови овој број постојано се зголемува. Замислете овој број да тргне во акција и да започне со убивање на неверниците во Албанија, Црна Гора, Косово, Србија, Македонија, како што се најавува во последно време. Точно е дека ова не е ни 2001 година, ниту пак македонските безбедносни сили се истите. Но, додека ние се занимаваме со Заев и неговите бомби, додека се делиме меѓу себе, многу лесно е овие успиени групи да почнат да дејствуват.

Во овие моменти заради однесувањето на Зоран Заев и соросовата компанија, Македонија се наоѓа пред сериозни предизвици и е потребно целосно единство, сплотеност и соработка на целиот народ со безбедносните структури за да се создаде резистентност на целото општество. Така можат да се елиминираат или намалат на минимум безбедносните закани. А од голема помош би било ако Заев престане да изигрува кловн на политичката сцена и да го дели народот.

Се` додека Заев не го смени неговото однесување кое е штетно за државата, Зоран Заев ќе се прашува: Зошто не паѓа рејтингот на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, Е ЗОШТО ДЕ?!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top