Коментари

Нашиот свет беше само „Македонски христијанин“

makedonska-nacija-logo

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

Во 1913 година, македонскиот народ беше распнат на троен крст, но иако телото му го ресчеречија, никој не успееа да го уништи и македонскиот дух. Навистина е штета што првата слободна држава на Балканот не е создадена во Македонија. Денес немаше македонскиот дух како сенка да лебдее на Балканот и од него да се плашат сите оние соседи кои учествувале во черечењето и злосторничката поделба на Македонија.

„Штета е што првата славјанска слободна држава не е создадена во Македонија, која во заедницата еднакво би ги привлекувала Бугарите и Србите и би била алка, а не раздор помеѓу Србите и Бугарите“ – изјавил бугарскиот дипломат Димитар Ризов, во разговорот кој го водел со Иван Мештровиќ во 1912 година во Рим.

Димитар Ризов, роден 1862 година во Битола, се школувал во Битола, Пловдив (Бугарија) и Лиеж (Белгија). Во 1880 година работел во Македонија како училиштен инспектор на бугарската егзархија. Во 1884 година се вклучил во политичкиот живот на Бугарија и станал уредник на неколку весници со македонска проблематика, како што е на пример „Македонски глас“ (1886). Станал бугарски дипломат и врши дипломатски функции во Скопје (прв бугарски трговски конзул 1898 – 1903), Цетиње (1903 – 1905), Белград (1905 – 1907), Рим (1908 – 1915) и Берлин (1915 – 1918). Починал 1918 година во Берлин.

Во 1902 година Ѓорче Петров во својата статија „Македонското освободително дело на българска почва“ го нарекува: „најопасен подривач на македонското дело“, а Димитар Благоев: „човекот со стоте мненија“. На француски јазик го публикува трудот „Етнографија на Македонија“. Во текот на Првата Светска Војна, заедно со брат му Никола Ризов (исто дипломат и општественик) издава атлас кој содржи 40 карти со историски, етнички и политички граници на Бугарија.

Во зборникот „Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава“, Скопје 1981, том 1., на стр. 539 уредниците ќе забележат дека: „Општествениот деец од Македонија, Димитар Ризов, имал можности отворено да се стави во услуга на великобугарската национална кауза и на великобугарската државна политика. За таа своја поткопувачка дејност тој бил демаскиран и јавно критикуван од страна на Ѓорче Петров. Меѓутоа, самиот Ризов во моментите на носталгија пристапувал поинаку кон проблемот на Македонија и кон македонското прашање, се обидувал да се доближи до објективната вистина. За ова дава податоци знаменитиот хрватски и југословенски скулптор Иван Мештровиќ во своите „Спомени“. Зборувајќи за своето познанство со Димитар Ризов во Рим во 1912 година, Мештровиќ истакнува дека Ризов во она време бил „југословенски ориентиран“. Од овие разговори, уредниците во зборникот презентираат неколку одломки во кои Мештровиќ вели:

„ …Во медените месеци на успешниот почеток на војната против Турците ми зборува како уверен Југословен. Мене, како на Хрват, ми ја објаснуваше вистинската состојба на работите во Македонија и ми зборуваше дека е штета што првата славјанска слободна држава не е создадена во Македонија, која во заедницата еднакво би ги привлекувала Бугарите и Србите и би била алка, а не раздор помеѓу Србите и Бугарите.

…Ми раскажуваше дека Македонците, говорејќи ја објективната вистина, не се ни Бугари, ни Срби, туку македонски Славјани, кои говорат на свој посебен македонски јазик или наречје.

…Нашиот свет, рече, беше само „Македонски христијанин“, потоа стана, кога се разви грчката пропаганда, „Македонски христијанин Славјанин“. Нам ни беше сеедно која христијанска земја, ќе ни помогне да се ослободиме од Турците.

Јас сум роден во Битола. Во Битола имаше неколку гимназии: турска, грчка, српска и бугарска. Нам, на Славјаните, ни беше сеедно во која славјанска гимназија (ќе учиме). Јас, на пример со многумина свои другари, коишто после станаа Бугари, учев во српска гимназија. Вистина е дека професорите во гимназијата ни зборуваа оти сме Срби, како и на оние во бугарската гимназија оти сме Бугари, но ние во себе си мислевме, а тоа и дома ни го зборуваа: сеедно, нека прикажуваат тие, но ние сме си македонски Славјани христијани…“

Овие пасуси од спомените на Мештрович претставуваат уште едно сведоштво за посебноста на македонскиот народ кој во оригиналниот текст гласат:

„…U medenim mjesecima uspješnog početka rata protiv Turaka govorio je kao uvjereni Jugoslaven. Menije, kao Hrvatu, objašnjavao pravo stanje stvari u Makedoniji i govorio, kako je šteta što se prva slavenska slobodna država ni­je stvorila u Makedoniji, koja bi u zajednicu jednako privlačila Bugare i Srbe i bila kopča, a ne razdor između Srba i Bugara. Pripovijedao mi je, kako Makedonci, govoreći objektivnu istinu, ni­su ni Bugari, ni Srbi, nego makedonski Slaveni, koji govore svojim posebnim makedonskim jezi­kom ili narečjem… „Naš je svijet – rekao je – bio samo „Makedonski Kristijanin“, poslije je po­stao, kad se razvila grčka propaganda, „Makedonski Kristijanin Slavjanin“. Nama je bilo svejed­no koja će nam kršćanska zemlja pomoći, da se oslobodimo od Turaka. Jas sam rođen iz Bitolja. U Bitolju je bilo nekoliko gimnazija: turska, grčka, srpska i bugarska. Nama je Slavenima bilo svejedno, u koju ćemo slavensku gimnaziju. Ja sam, na primjer, s mnogim svojim drugovima, koji su poslije postali Bugari, pohađao srpsku gimnaziju. Istina je, da su nam profesori u gimnaziji go­vorili, da smo Srbi, kao i onima u bugarskoj gimnaziji da su Bugari, ali smo mi u sebi mislili, a to su nam i kod kuće govorili: svejedno, neka oni pričaju, ali mi smo makedonski Slaveni kristijani“.

 (Ivan Meštrović, Uspomene na politicke ljude i dogadaje, Zagreb 1969, ѕtr. 25-26, 39)

Ова е уште едно сведоштво дека од секогаш народот знаел за своето име и за својот идентитет, без разлика за кого работел и без разлика чии интереси застапувал.

Во 1913 година, македонскиот народ беше распнат на троен крст, но иако телото му го ресчеречија, никој не успееа да го уништи и македонскиот дух. Навистина е штета што првата слободна држава на Балканот не е создадена во Македонија. Денес немаше македонскиот дух како сенка да лебдее на Балканот и од него да се плашат сите оние соседи кои учествувале во черечењето и злосторничката поделба на Македонија.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top