Коментари

Битката на Готен

Tihomir Karanfilov-001

Tihomir Karanfilov-001
Тихомир Каранфилов

Една од најголемите битки која се водела пред почетокот на Илинденското востание, била битката на Готен, во источниот дел на Македонија. На 6 април 1903 година, ден Велигден, здружените чети на ТМОРО на Чернопеев, Питу Гули, Никола Дечев и други, кои броеле од 250 до 270 комити се судриле со османлиските сили на врвот Готен на Малешевските планини при неповолни временски услови. На помош на опколените чети се приклучила четата на војводата Никола Лефтеров. Вечерта опколените се извлекле со јуриш. Четите имале 25 мртви, а загубите на османлиските сили биле околу 200 мртви и ранети.   

Во периодот пред Илинденското востание, една од основните цели на Македонската револуционерна организација била преку вооружено востание да се постигне ослободување на македонскиот народ. Организацијата настојувала оваа цел да се постигне низ долготраен процес на идејна, политичка подготовка на македонскиот народ. Само со ваквиот пристап, како и со подигање на револуционерната свест и спремноста на саможртва. Организацијата очекувала свесно сенародно масовно востание, фактор кој што ќе овозможи самостојност и независност од недворешните посегања по Македонија.

Сепак ваквите стратешки цели на Внатрешната организација кои воделе кон независна и слободна Македонија, не одговарале на врховистите кои ќе испровоцираат востанија. Особено горноџумајската акција во есента 1902 година, силно ќе се одрази врз Македонската револуционерна организацијата. Мрежата на Организацијата била растресена и голем дел од оружјето било откриено. Оваа, како и најавата за нови врховистички акции, ќе биде причина на Солунскиот конгрес да се донесе одлука за кревање на Илинденското востание.

Врховистичката акција ја засилила политичката криза и ја раздвижило дпломатијата на големите сили на почетокот на 1903 година. Под притисок на Русија и Австроунгарија, Високата Порта ќе ги објави т.н. Падарски реформи. Турските власти загрижени од интервенција на европските сили, особено од можна окупација на Македонија од страна на Австрија, превземаат брзи и решителни мерки за да се отстранат причните за било каква интервенција.

Хилми паша кој бил задолжен да ги спроведе реформите, добил задача за кратко време да го собере оружјето кое се наоѓало кај македонскиот народ и да ја скрши секоја нивна помисла за понатамошен отпор и учество во револуционерната борба. Спроведувајќи ја оваа задача, турските војници и жандармерија започнале со блокади на селата, пребарувале куќи и вршеле ужасни репресии врз населението за да откријат каде е скриено оружјето. Турските власти намерно создавале афери за да се открие оружјето и организациската мрежа, се` со цел да се уништи или намали силата на Организацијата.

Опасноста дека по 1902 година, врховистите ќе продолжат со акциите и дека ќе биде собрано оружјето биле главните мотиви со кои се оправдувало носење на одлука за кревање на востание. Во таква атмосфера, на 2, 3 и 4 јануари (стар стил) 1903 година бил одржан конгрес на Македонската револуционерна организација во Солун, на кој било решено пролетта во 1903 година да се крене востание. Решението за предвремено кревање на востанието донесено на нерегуларен и нередовен Конгрес, предизвикало спротивставување на Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Јане Сандански и др., поради што дошло до негово одложување, но не и откажување. По средбата меѓу Гоце и Даме Груев, се утврдува востанието да биде масовно само во добро подготвените области, потоа во другите да има зајакнати акции, а востанието да се одложи за неколку месеци за да има време самата Организација да се подготви.

Во меѓувреме, блокадите и репресиите кои ги спроведува Хилми паша, дополнително го засилуваат незадоволството на македонското население и го туркаат кон масовно востание. Особено по Солунските атентати (април 1903), по прогонот и масовните апсења на Македонците, турските затвори беа претесни. Над 20.000 души лежеа по турските апсани. Во извештајот од април 1903 година, австрискиот конзул во Битола ќе истакне дека „оваа ужасна положба на населението во Македонија, може да го забрза востанието“.

Во овој период дошло до зголемена револуционерна активност. Ако до 1903 година биле забележани само 63 борби, од јануари до јули 1903 година биле рагистрирани повеќе од 86 борби. Најголем дел од нив се водат во април 17, во мај 31 и во јуни и јули кога биле регистрирани 16 борби.

Една од најголемите битки која се водела пред почетокот на Илинденското востание, била битката на Готен, во источниот дел на Македонија. На 6 април 1903 година, ден Велигден, здружените чети на ТМОРО на Христо Чернопеев (за Струмичко), Коста Мазнејков (Радовишко), Делчо Коцов (Кочанско), К. Кондов (Прилепско), Никола Дечев (Велешко), Питу Гули (Крушевско), Ванчо Србакот (Кичевско), Тимо Ангелов (за Тиквешко) и други, кои броеле од 250 до 270 комити се судриле со османлиските сили на врвот Готен на Малешевските планини при неповолни временски услови. На помош на опколените чети се приклучила четата на војводата Никола Лефтеров. Вечерта опколените се извлекле со јуриш. Четите имале 25 мртви, а загубите на османлиските сили биле околу 200 мртви и ранети.   

Инаку, војводата Лефтеров кој со чета од 36 добро обучени малешевски момчиња се движел по Малешевските планини, пред Велигден застанал да одмори во Широк Дол. Рано утрината, кога ехото на камбаните сеуште не беше престанато, на војводата му јавиле неговите дека отспротива на Готен се слушаат истрели. Во меѓувреме, изморен селанец од Малешевијата донел писмо, со кое биле известени дека здружената чета на Чернопеев, Питу Гули, Никола Дечев и др. рано утрото била изненадена од турската потера и дека заднината им е во опасност. Четата на Лефтеров веднаш тргнала и за еден час се приближила до непријателот. Со забрзана стрелба, моќно „ура“ и „на нож“ четата на Лефтеров ги ликвидирала турските војници. Откако се справиле со нив, четата била опколена од пристигнатиот аскер од Владимирово. Во текот на неколку часа со бомби и куршуми херојски биле одбивани нападите на турскиот аскер. Благодарение на густата магла, четата на Лефтеров во три групи се пробила и заминала за Струмичко. Оваа акција во Малешевијата уште е позната како „Окрвавениот Велигден“.

Оваа, како и другите борби кои се воделе пред почетокот на Илинденското востание биле само најава за огромниот револуционерниот пламен кој ќе ја зафати Македонија. На 2 август 1903 година, револуцијата пламна со целата своја жестина. Македонскиот народ бестрашно, со огромно воодушевување се крена против далеку помоќниот непријател и ги постави темелите на македонската државност. Пламенот кој тогаш се запали не згасна дури и по задушувањето на востанието. Македонскиот народ во текот на востанието покажа огромна пожртвуваност, покажа како се гине за слобода и за својата мајка Македонија. Во борбата за самостојност и национална држава македонскиот народ повторно ќе го крене револуционерното знаме.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top