Коментари

Изминаа 102 години од Букурешкиот договор


Свекрва

На 10 август изминаа 102 годи од Букурешкиот договор со кој се означи крајот на Балканските војни, но и договор со кој етногеографската територија на Македонија е разделена меѓу балканските држави. Последиците од овој чин сеуште се чувствуваат во Македонија и регинот. Попречувањето Македонија да стане членака на ЕУ и НАТО, покажуваат дека аспирациите на соседите кон Македонија никогаш не згаснале, а тие секогаш можат да предизвикаат нов „земјотрес“ на Балканот.

Мировната конференција одржана меѓу петте победнички сили, Србија, Црна Гора, Грција, Османската империја и Романија од една страна и победената Бугарија од друга страна се одржала од 28 јули до 28 август 1913 година во Букурешт. Победничките сили на конференцијата диктирале мир што ги задоволувал пред се` нивните интереси, неводејќи сметка за националните, економските, политичките интереси на македонскиот народ, или било какви други права за народите и териториите низ кои се оцртувале новите граници на Балканот.

Букурешкиот мир имал катастрофални последици по Македонија, која по бројот на населението пооделно била поголема од Србија и Грција. Иако во тоа време сите се надевале дека Македонија ќе добие независност пред Албанија, благодарение на големите сили Македонија била поделена меѓу Србија, Грција, Буагрија и Албанија. Најголемиот дел Егејскиот дел и припаднал на Грција (34.603 км2 или 51,57 %), Вардарскиот дел на Србија (25 713 км2 или 38,32%), Пиринскиот дел на Бугарија (6.789 или 10,11%.) и два мали дела од Западна Македонија и биле доделени на Албанија неколку години подоцна. Тоа било всушност погребување и уништување на политичкиот и духоввниот живот на цела една нација.

Поделбата која и се случила на Македонија од нејзините христијански браќа претставува најнеправеден акт во историјата на народите, газање на правата на човекот, но и голем срам за православието. Всушност поделбата на Мекедонија меѓу сојузничките војски претставувала замена на турското ропство со христијанско.

Меѓутоа, на еден дел кој тогаш се нарекувал Варадарска Македонија се исполниле идеалите на Илинден 1903. Македонскиот народ успела да формира македонска држава која се стекнала со независност и станала самостојна држава. Македонија денес е реалност, таа постои и тоа што има Македонци и македонски јазик никој не може да го избрише, ако сами не се избришеме, без разлика на разните аспирации на соседите.

Грција која со помош на Србија успеа во 1913 година да присвои над 50 проценти од македонската територија и која сеуште сонува за обновувањето на Византија, сега се појавува како земја која го негира нашето постоење и идентитетот на македонскиот народ. Таа го спречува влегувањето на Македонија во ЕУ и НАТО, што на целиот свет му е познато. Од рака на Грците им оди токму поделеноста на Македонците, неединството и неслогата. Истото, што во 1913 година во Букурешт беше една од причините за поделба на Македонија.

Единствено, само разединетоста може и денес да ги уништи Македонците. На Балканот сеуште има кои сонуваат за Големи држави. Денес Грција тоне со своите внатрешни проблеми, но се најавува формирање на Голема Албанија, а и создавање на Балкански калифат. Заканите колку се реални е големо прашање, но со оглед дека голем број радикални исламисти од Балканот војуваат во Сирија, а по нивното враќање можат во секое време да се активираат, тие се закана по мирот и стабилноста на регионот.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која води разумна политика, опозиција предводена од СДСМ и нивните новинари наместо да работи на сплотување на народот во Македонија, како едвај да чека да се разгорат меѓуетничките страсти, надевајќи се дека во хаосот кој би се предизвикал полесно би дошле до власт. Нема ништо свето за нив. Прават пародија од се`, па дури се потсмеваат и со одблежувањето на Илинден 1903 и 1944, на кој се удрени темелите на македонската државност.

Освен критики кон власта, опозицијата никаде ја нема практично да даде свој придонес за подобро утре, за подобра иднина на македонскиот народ. Ги нема ни во најтешките моменти кога треба да му се помогне на населението кое било изложено на природни непогоди. Но, како да ги има. Додека едните работат на терен, другите критикуваат од грчките или другите плажи.

Во меѓувреме, челниците на партијата на власт работи на сите страни. Од една страна деноноќно се справуваат со последиците од природни непогоди, а од друга страна се реализираат многу нови проекти. Истовремено се отвараат нови капацитети, започнуваат нови патишта, се запослуват луѓе и згрижуваат ранливите категории. Премиерот Никола Груевски, веднаш го посети настрадато население и ги активира сите субјекти во справувањето со последиците од поплавите во тетовско.

Исто така, во изминативе неколку дена, премиерот Груевски кој има чувство за националните, економските и политичките интереси на македонскиот народ, посети повеќе места во Македонија каде се започнуваат или се ставаат во употреба веќе реализирани проекти. Тој пушти во употреба реконструирано училиште, водовод, беше присутен на поставувањето на камен-темелник на колекторски систем, ја посети ТИРЗ Охрид- Струга каде што наскоро ќе влезат 2 фабрики и ќе отворат 2.000 работни места, го посети Плаошник каде се гради капитално дело, пушти во употреба 2 згради со 40 социјални станови, најави дека се почнува со изградба на пет регионални патишта чија инвестиција е вредна 22 милиони евра и др.

Но, наместо на одобрување, сето ова наиде на несфатлива критика на опозицијата. Очигледно таа смета дека нема потреба на народот да му се овозможи да живее пристоен живот, туку дека тој треба да живее во сиромаштија и во услови какви што тие ги оставија за време на нивното владеење – уништени фабрики, безработица, намалени пензии. Сето ова народот го има почувствувано и знае кого да наградува и кого да казнува на избори.

Свесни дека не можат со својата креативност да парираат и да го мотивираат народот, социјалдемократите го одбраа говорот на омраза и поделби. Меѓутоа, тие треба добро да знаат дека наместо кавги и поделеност, сега на македонскиот народ му е потребна сплотеност, единство за да може македонскиот народ да се спротивстави на темните облаци кои се движат кон Балканот. Македонија и македонскиот народ не смее да си дозволи уште еден Букурешт.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top