Коментари

Вистинската приказна зошто не е формирана Охридската архиепископија

Tihomir Karanfilov-001

Tihomir Karanfilov-001
Тихомир Каранфилов

Укинувањето на Охридската аехиепископија на 17 јануари 1767 година и ставањето под јурисдикција на Цариградската патријаршија било неповолно примено меѓу македонското население. Чуствувајќи ги негативните последици од укинувањето на својата црква, Македонците кои во меѓувреме економски зајакнуваат, веќе во првата половина на XIX век го зголемува својот отпор против делувањето на фанариотските владиците и свештенство. Цариградската патријаршија спроведувајќи го панхеленизмот на тоа ќе одговори со заострување на својата политика на теренот против барањето на црковно – училишните општини за воведување на македонскиот јазик.

Во шеесетите години на XIX век доаѓа до силно народно движење во сите македонски градови за отврлање на јурисдикцијата на Цариградската патријаршија и за обнова на Охридската архиепископија. Меѓутоа македонскиот народ успеал да постигне половичен успех. Поголем број македонски градови ја отфрлија Цариградската патријаршија, меѓутоа не успеале да ја обноват Охридската архиепископија поради противење на турските власти. Од друга страна, Бугарите во Цариград успеваат да ја придобијат Високата порта за своите барања така да во 1870 доаѓа до формирање на бугарската црква, позната под името Егзархија.

Во сето ова, Русија се најде во вкрстен оган меѓу Патријаршијата и Бугарите, што ќе има големо влијание за донесените одлуки спротивни на интересите на македонскиот народ. Русија која имаше свои интереси на Балканот и Блискиот исток, беше свесна дека доколку ја заштитува Патријаршијата и единството на православниот свет ќе ги  изгуби Бугарите, а ако ги заштитува Бугарите ќе ја изгуби Грција и другите неславјански народи како на Балканот така и на Блискиот исток, кои се под влијание на Патријаршијата. Во ваква состојба таа не можеше да биде добар арбитер, што го користи Портата која ги исклучува делумно Русите од игра и целиот спор го води според своите интереси. Создава кавга меѓу православните народи и спречува создавање на православна унија која би тргнала против Отоманската империја.

Инаку, бугарскиот пробив започнува кон крајот на 50 – тите и почетокот на 60 – тите години на XIX век, како заедничка борба со македонскиот народ против Цариградската патријаршија.   Меѓутоа, иако наидуваат на отпор во Македонија, каде народот сака да се обнови Охридската архиепископија, како и пречки од страна на Русија која има свои интереси, преставниците на цариградската бугарска општина не сакаа да остапат од својата политика. Тие храбро го отфрлаат проектот на патријархот Григориј VI кој во 1867 год., по советот на рускиот амбасадор Игнатиев, и даде црковна автономија. Всушност како што велел самиот, „со свои раце изградив мост за политичка независност на Бугарите“.

Меѓутоа, бугарското национално движење кое имаше два изразити центра, едно во Влашко и Србија и друго во Цариград, едноставно не го прифатија овој проект, како што не го прифатија ни во 1860 година, не заради тоа што не го решаваше конечно прашањето на бугарската самостојна црква во нејзините етнички граници, туку заради тоа што овој проект не ја опфаќаше Македонија и им го затвараше излезот на Егејско Море.

Ова го потврдува и изјавата на  бугарскиот борец за црковна независност д-р Стојан Чомаков, преставник на цариградската група, на советувањето на бугарските лидери во Ортокеје во 1873 година. Кога „севернобугарската група“ на чело со егзархот инсистирала да се напуштат плановите во поглед на Македонија, бидејќи нема смисла целиот бугарски народ да трпи шизма и да трпи толку напори поради некои јогуртчии и бозаџии што сакаат да и се приклучат на Егзархијата, Чомаков налутено ќе изјави: „Господа Бугарија има потреба од Бело Море, Бидејќи Црно Море е езеро, а народи што немаат (отворени) мориња осудени се на пропаст“.

За Чомаков „Бугарија без Македонија, ќе остане не само осакатена во национален однос, туку и политички неспособна за живот. Бугарите ќе бидат сигурни за својата независност само кога ќе допрат до отворено море, а тоа може само преку Македонија. Без Македонија бугарската држава на Балканскиот Полуостров станува безначајна, без смисла, зошто Солун треба да биде главна врата на таа држава..“ Оваа изјава ги открива вистинските цели на Бугарите и нивните намери кон Македонија.

Свесни за руската политика за единство на православните христијани, бугарските лидери за да ги остварат своите цели, во овој период се закануваат со унијатство, преку кое Австраија по Кримската војна сакаше да создаде терен во Македонија за излез на Солун. На сето ова Русија се навлекуваше и бесно реагираше и го застрашуваше Цариградскиот патријарх за пробив на католичанството на негов терен. За тоа време, бугарските лидери кои ја насочуваа руската политика кон својата воденица, кокетираа со Портата. Тие успеваат да ги придобијат Турците за своите барања така да во 1870 доаѓа до формирање на Егзархијата.

Зошто е формирана Егзархијата, а не Охридската архиепископија можеби најдобар одговор дава Ив. Ивановиќ  кој во Црквената историја на Србите во Турција (1902) пишува: „Еве што ми кажува еден човек од депутацијата, која одеше кај Али-паша, а тоа е Аверија кој подоцна станува митрополит на Бугарија: Кога излеговме пред Али Паша, кога Чомаков го поздрави и му ја изнесе желбата на Бугарија, Али – паша одговори дека молбата ќе ја исполни. Вие знаете, реше пашата, дека ние Турците и вие Бугарите сме една крв, а не сме славјани ни ние ни вие. Во сите училишта изучувајте го турскиот јазик, за да можете да станете наши чиновници, и вие во Турција ќе станете она што Унгарците, нашите полноверни сродници, станаа во Австрија. Отргнете ги Бугарите од Грците, зошто во Турција се Бугарите, а Србите се во Србија, а во Карадак се Екшиите. Од вашата вредност зависи сите да ги побугарите, а потоа сите ќе станете она што се Унгарците во Австрија и ќе бидете наши наследници во Европа“.

Инаку, великиот везир Мехмед Амин Али паша го исполнил ветувањето и во 1869 година му дал на бугаринот Гаврил Крстевич да изработи проект за ферман  за  основање на Егзархијата.      

Пред создавањето на Егзархијата, стремежот на Македонците беше за обнова на Охридската архиепископија. Македонскиот народ во земјата и македонската емиграција едноставно се воодушевувала со идејата за обнова на Охридската архиепископија. Меѓутоа, како што пишува македонскиот дописник во весникот „Марица“ (излегува 1878 – 1885), по изигрувањето на очекувањата, македонскиот народ се прашува, „Ако северните Бугари ја имале Трновската патријаршија, дали ние Македонците ја немаме Охридската патријаршија, признаена од самите вселенски собири? Ако нивната патријаршија ја благословил и ја признал грчкиот патрик, дали нашата не може трипати да ја благослови и да ја обнови папата, кој е црковен поглавар на толку милиони Западни Славјани, наши браќа по крв? Тогаш ќе видиме што ќе кажат на тоа Грците, а што прават нивните (бугарски) пријатели со кои се договараат“.   

Македонскиот народ оставен да бира меѓу Цариградската патријаршија и бугарската Егзархија ја избира јурисдикцијата на бугарската црква која како славјанска и била поблиска отколку грчката. Увидувајќи дека се изиграни и од Егзархијата, која работи спротивно на интересите на македонскиот народ, македонско-црковните општини се спротивставуваат и дел се обидуваат со посредство и унија со Римокатоличката црква да организираат македонска црква. Но, на тој начин ќе дојде до верска поделба која потоа ќе влијае на планот на националната афирмација на Македонците. Оние кои остануваат под јурисдикција на Цариградската патријаршија се христијани гркофили, оние кои влегуваат под јурисдикција на Егзархијата се запишани како Бугари, а бидејќи пропаѓа и идејата за унијатството и создавање на Македонска црква, Македонците за да го искажат својот идентитет во овој период често тоа го прават со истакнување како презиме или псевдоним – Македонски, Македонецот

Всушност, сето ова ја открива вистинската приказна зошто не формирана Охридската арјиепископија, за бугарските „етнографски права“ во Македонија, за постоењето на две бугарски држави и еден народ, но и за се што се случувало и случува во православието и на Балканот од 1870 до денес. 

(извор: Д.Т. Раѓање на Македонската нација, Скопје, 1966)

Тихомир Каранфилов

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top