Коментари

Извод од обвинителниот акт на воениот прек суд во Битола против Лазар Колишевски

makedonska-nacija-logo

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

Лазар Колишевски (12.02.1914 – 6.06.2000) бил долгогодишен лидер на македонските комунисти и еден од најмоќните луѓе во Македонија во периодот од крајот на Втората светска војна па се до падот на комунизмот.

Колишевски е роден во Свети Николе и рано останува без родители. По смртта на неговата мајка, на четиригодишна возраст бил донесе во сиропиталиштето во Битола. Во 1928 година заминал во Крагуевац, каде се школува во Воено-занаетчиската училиште. Таму се зачленил во СКОЈ, а во 1935 година бил примен за член на КПЈ.

Во мај 1941 година, Колишевски доаѓа во Македонија. Но во јуни заминува за Белград, за да повторно се врати во август истата година. По одлуката на Коминтерната за враќање на партиската организација во Македонија во  состав на КПЈ и сменувањето на Матодија Шаторов Шарло од раководната позиција, Колишевски влегува во новиот Покраински  комитет формиран на 21 септември 1941 година. Станува член на Покраинскиот воен штаб и се вклучува во подготовките за востание против бухарската власт.

Во септември 1941 година беа преземени обемни подготовки  за организационо и политичко дејствување на теренот. За реализација на овие заклучоци, членовите на ПК ги обиколија сите партиски организации во Македонија. Секретарот на ПК со таква цел – меѓу другите места на Македонија – подолго престојувал во Охрид. Но, набрзо, на 6 ноември 1941 година, Колишевски бил уапсен од бугарската полиција, заедно со 15 други дејци на Охридската партиска организација.

Во изводот на обвинителниот акт на воениот прек суд во Битола, од 19 ноември 1941 година (по преписка Бр. 2028 од 16.11.1941, Обвинително дело бр. 117/1941 година) против Лазар Колишевски и Петре Пируза, како и членовите на Охридската партиска организација, во кои се опишани околностите на делото, меѓудругото стои:

„… Во почетокот на месец октомври по наредба на Лазар Колишев (Лазар Колишевски) од гр. Св. Никола, којшто за целта отишол во гр. Охрид, Петар Пирузов свикал состанок во куќата на Стефан Балев, на кого Пирузов му е вујко. Вечерта таму се собрале Колишев, Пирузов, Кирил Еф. Размов, Петар Хр. Серафимов, Љубен Чекракчиев, Димитар Тр. Бучков, Кирил Главинчев, Јаким Ставрев, Србо Иванов Георгиев. На тој состанок Лазар Колишев ги укорил .. собраните за нивната слаба организациона дејност, ги заплашил со санкции, им ги разјаснил целите и задачите на кумунистичката организација, големата борба што била поведена од истата организација, саботажните акции на истата во Србија, Албанија и другите и најпосле ги повикал собраните да ги стегнат своите редови, да се организираат, да образуваат активно месно раководство и да пристапат кон формирање на саботерски групи за кревање мостови и за разурнување на други воени објекти. Како последица од тоа и при содејство од Петар Пирузов, двајцата со Колишев, собраните во сегашно воено време ја образувале Охридската комунистичка група со членови: освен Петар Пирузов, членувале Јаким Спиров, Петар Серафимов, Димитар Бучков, Кирил Главинчев, Андон Дуков, Љубен Чекракчиев, Кирил размов, Бориз Лозанов, Андон Николов, Благој Аргиров, Патар Николов, Србин (Србо) Горшев, Атанас Пржинов. Таквата е забранета според чл. 1 од ЗЗД (Законот за Заштита на Државата) бидејќи пропагира и подбудува кон насилна измена на установениот од Конституцијата државен и општествен поредок, кон насилно заземање на власта и за постигање на истите цели се служи со злосторства, вооружени акции, насилства и терористички дејства.

На истиот состанок одржан во почетокот на месец септември 1941 година присутните пристапиле кон избирање на месно раководство и биле избрани за таквото раководство – Петар Пирузов, Јаким Спиров, Петар Серафимов, Димитар Бучков и Кирил Главинчев, о потоа бил формиран воен комитет во состав – Петар Пирузов, Андон Дуков, Кирил Размов, Патар Нанов и Љубен Чекракчиев, со задача да организира снабдување на групата со оружје и да подготви саботажни акции.

Сето ова е установено од признанијата на фатените обвинети и исказите на распитаните сведоци и преставува злосторство предвидено и казниво по чл. 2 од ЗЗД – за Лазар Панев Колишев и Петар Пирузев како создавачи и организатори, за останатите како членови на организација забранета по чл. 1 од ЗЗД, поради кое и врз основа на чл. 360 од ВСИЗ, Обвинителскиот надзор при Битолскиот суд ги обвинува:

1.      Лазар Панев Колишев, родум од гр. Св. Никола, живее во гр. Скопје, сега во Битолскиот пол(ициски) затвор 27 години, Бугарин, православен, неженет, писмен, техичар;

2.      Петар (Пере) Сотиров од гр. Охрид, сега неизвесно каде, 33 години;

3.      Јаким Ставрев  Спиров – 30 години, од гр. Охрод, сега неизвесно каде;

4.      Петар Христов Серафимов, 26 години, од гр. Охрид, гимназиски учител, Бугарин, православен, неженет, неосудуван;

5.      Димитар Трајанов Бучков, 25-годишен, од гр. Охрид, чевлар, Бугарин, православен, меженет, неосудуван, писмен;

6.      Кирил Ефтимов Главинчев – 23 години, од гр. Охрид, Бугарин, пеавославен, неженет, писмен, шивач;

7.      Андон Георгиев Дуков, 31 година, од гр. Охрод, сега неизвесно каде;

8.      Љубен Иван Чекракчиев, 27 години, од гр. Охрид, Бугарин, неженет, неосудуван, писмен, чиновник;

9.      Кирил Ефтимов Размов – 26 години, од гр. Охрид, чиновник, Буг., православен, женет, неосудуван;

10.  Борис Петров Лозанов, 27 години, од гр. Охрид, шивач, Буг, православен, неженет, неосудуван, писмен,

11.  Андон Николов Димитров, 25 години, од гр. Охрид, Бугарин, православен, неоженет, писмен, неосудуван, шивач;

12.  Благој Аргиров Иванов, од гр. Охрид, Бугарин, православен, неженет, писмен;

13.  Петар Николов нанов, 26 години, од гр. Охрид, чевлар, Бугарин, прав(ославен), неженет, неосудуван, писмен;

14.  Србин (Србо) Иванов Горшев, 28 години, од гр. Охрид, Бугарин, православен, неженет, неосудуван, писмен – студент;

15.  Атамас Димков Пржинов, 22 години, од гр. Охрид, чевлар, Буг., православен, неженет, осудуван за кражба писмен;

за тоа дека летото 1941 година и до почетокот на месец октомври 1941 година, во воено време образувале, создадена од Лазар Панев Колишев о Петар Сотиров Пирузов, Охридска комунистичка организација, забранета по чл. 1 од Законот за заштита на државата, поради кое му ги предава на Битолскиот воен суд за судење и казнување според чл. 2 од  Законот за заштита на државата, првите двајца Лазар П. Колишев и Петар С. Пирузов како создавачи и организатори, останатите како членови. (А.М. – Ф. Бугарски окупатор – Воено-полеви суд 1941, Охрид, К.24)   

На судскиот процес во Охрид на 26 и 27 ноември, Лазар Колишевски заедно со Петре Пирузе, е осуден на смрт. Додека е во затвор, на 7 декември 1941 година, Колишевски поднесува молба за помилување до бугарскиот цар Борис III, по што смрттната казна му заменеата со доживотен затвор. На 18 март 1942 година бил префрлен од скопскиот затвор во затворот во Плевен и таму останал се до 7 септември 1944 година, кога пред превратот и капитулацијата на Бугарија бил ослободен со другите  затвореници.  По доаѓањето во Македонија брзо станал еден од највлијателните луѓе во земјата.

(извор: Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, Том Втори, Скопје, 1981, стр. 309 – 311.)

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top