Коментари

И улицата има два краја

petre-krivcevski

petre-krivcevski
Петре Кривчевски

По „загорувањето“ на дговорот од Пржино, оценките за причините виновниците и последиците ви ги оставам секому поединечно, но она што забележувам и сакам да истакнам е „воскресението“ на улицата во главите и изјавите на коекакви експерти, аналитичари и политичари со или во опозицијата. При осека од идеи и настани (мораториум за нови „бомби“) во игра се уфрла оваа старонова закана. Абре аристотели, за „улична демократија“ се сака народ и поддршка а за него водач со лик и дело а не со гафови, поткупи и уцени, партиски аболиции место регуларни судски постапки и триста други дубари, валкани потези и долги какани опашки.

Споредбите на опонентите (впрочем како и резултатите и од делата но и од анкетите) се од видот бог и шеширџија меѓутоа кога умот не им доаѓа, еве, нека им биде. Да компарираме барем од (црниот) 15-ти септември 2002 па наваму. Ајде присетете се, обидете се ве молам на ветувањата и исполнувањата: автопат преку Бабуна, пруга до Бугарија, од секое семејство по еден вработен и т.н. и на тоа слични (п)разни реторики. Се насе едно големо ништооо! Ветер во магла. Ред-лага ред-измама. Лошо и бетер. Ами пак ако ги додадеме името, знамето, референдумот… Кое арно, кој ал народот виде од главата(рот) Бранко и неговите „пипци“ сем пљачките од видот стара заштеда, нови пирамиди и арамиска прив(ф)атизација.

Еве сега два-три реда и за делата на опонентите. Излегоа со програми со рокови и цифри а што направија и колку од тоа остварија народот прочита, се потсети, потоа и одмери и си кажа на наредните девет изборни циклуси. Јасно и гласно. Не, не дека тие се светци или Германци или Јапонци меѓутоа сите нивни дела: и музеи, споменици и врби но и надингани субвенции и пензии, странски инвестиции, компјутери, спортски сали, мрежи од (авто)патишта… сето тоа низ време на кризи и турбуленции смешни ги чини споредбите со (не)делото на Заев и друштво без никаква одговорност. Оттаму и вакви (пуф!) се ефектите од „бомбите“. Оти луѓето ги интересираат делата, иако и трачевите и карактерите – дума да нема, арно ама и егал и за обете страни а не селектирани и монтирани по ќефот и ножицата на газдата кој и самиот призна дека знае да „подвикне, навреди…“. Е, ама тие „бомби“ ашш… ги немаа, не ги објави. Или пак ние не ги видовме?

Но, дозволете да констатираме она што сите вие и добро и одамна го гледате и знаете: додека мозоци на нивните креации ќе бидат Фрчкоски, Ѓероски и Политико а опозицијата (примарно СДСМ) не се престрои и од темел реформира може колку и душа сака да прети дека ќе протестира и блокира, не ги ли надмине силно и суштински дефектите – пусти ќе ѝ бидат желбите ем јалови ефектите. Оти, искрено, знаете ли вие некој случај салонски политичари преку протести и улици да стигнале до власт и фотелји? Едноставно и народски кажано: тоа што не се прчи не се ни кози, „Луј Витон“ на барикади не го личи.

Значи вака, да – улицата знае да биде алатка на демократијата но и мегдан на анархијата! Како и стапот впрочем и таа има два краја со основната сличност дека подебелиот секогаш го извлекува послабиот. Хм, и таа им утопија одамна видена, испробана и истрошена се покажа и докажа како промашена. Протестираа, маршираа, блокираа, освојуваа и? Цврц Милојко, што би рекле отаде Куманово. Да, во ред, играа и на картата на време, демек кај и дае овие сами ќе паднат а бидејќи трети нема народот одново ними ќе ги враќа. Арно ама ниту Никола е Љубчо а ниту ова се деведесеттите. Спонавме, преродбениците и со сите маани и лоши страни, наметнаа едно такво темпо од работа со кое во овие и повеќе од волнени времиња остварија резултати кои што неминовно бараат нова сила и енергија прво да им парира а потоа и собори.

П.С. Ете, по навика нашиве државотворци одново кукумјавкаат и чекаат домашниве задачи да им ги завршат од надвор нивните ментори. Арно ама во сегашниве (не)прилики, со само 3-4 општини, не европејци, не Американци туку и Марсовци да слезат од калта нема да ги извадат. Ништо живо не ги спасува, до гуша се бре братко ем веќе и во уста им влегува. Уф, пардон, Спасови (сениор и јуниор) ќе ги извадат (во водство) со своите „Рејтинг“ анкети. Нејсе, и ними ќе им се потрефи. Кај и дае еден ден ќе победат, ако не оваа пролет другата есен – сигурно!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top