Коментари

Запомнете конечно дека Македонија не е српска бановина


Свекрва

Иако Србија ја има признато Македонија под уставно име, пред неколку дена српските власти на автопатот од „Коридорот 10“ на делницата во изградба од Владичин Хан со Доњи Нерадовац, поставија табла со патоказ кон границата со Македонија на која пишува „граница со ПЈРМ“. На реакција на македонските власти, српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, во изјава за српски медиум, ќе каже дека таблата ќе остане и не гледа причини за зебелешки од Скопје, со оглед дека Македонија во УНЕСКО гласаше за прием на Косово.

Македонија и Србија имаат одлична соработка, но изјавата на српскиот министер Дачиќ не е во духот на добрососедските односи. Изјава во која тој вели дека Србија треба да престане да работи против своите интереси, како и тоа дека: „ Србија ја признава Македонија под тоа име (уставно), за разлика од европските држави, но тоа е направено уште под Милошевиќ, во деведесеттите години.“ не враќа во едно време за кое сметавме дека измина.

Трагично е ако еден српски министер заборава на реалноста и размислува на реваншизам што може да се види во продолжение на изјавата каде вели: „Македонија ја призна независноста на Косово, а сега им пречи некаков натпис. Несфатливо е што поголем пријател ни е една Индонезија, отколку некои соседни држави“. Притоа Дачиќ како да заборава се што Македонците имаат направено за српскиот народ за време на војните во поранешните југословенски републики, за време на косовската криза, па и за време на поплавите.

Но исто така, се заборава на сите правокации кои македонскиот народ ги трпи, а кои доаѓаат од српска страна. Лесно е да се каже дека српските политичари немаат влијание врз Српската православна црква, која сеуште не сака да ја признае МПЦ-ОА, но затоа не може да се амнестираат за градење на јавното мислење во кое сеуште се провлекуваат ставови на српската пропаганда од минатиот век.

Довербата тешко се гради, но лесно се руши, особено ако на српските портали сеуште можете да сретнете наслови како на пример од типот „Запомнете конечно дека Вардарска Македонија е Србија“.

Во овој текст објавен во јули 2014 година авторот И.В го пишува следното:

„Во основно училиште се учи дека Стара Србија опфаќа; Вардарска Македонија, Рашката област, Косово и Метохија. Самата област Македонија се дели на три дела: Вардарска, Пиринска и Егејска македонија… Во Македонија од секогаш живееле Срби и Грци, а во текот на средниот век дошле Бугарите, Циганите, Ермените, Евреите, Власите, Турците и на крај Арбанасите. Денешните Македонисти настанаа во процесот на бугаризација со однародување на тамошното српско население. Секогаш позади тоа стоел Западот (Ватикан, Австро-Унгарија, германија, Англија и Италија). Македонија како српска земја подпадна под Турците во 1371 година, после Маричката битка (со неа владеел турскиот вазал Крали Марко), а ослободена е во Балканските војни 1912 – 1913 година и поделена меѓу сојузниците. На Грците им припадна Егејскиот дел, на Бугарите Пирин, а на Србите Вардарска Македонија. Титоистичката власт уште во Јајце на 29 ноември 1943 година ја одредила судбината на Југославија и српскиот народ, а со тоа и на Вардарска Македонија. Сите злосторства над тамошниот српски народ се наградени, а Вардарска Македонија во ДФ Југославија издвоена од НР Србија и создадена посебна федерална единица НР Македонија. Злосторството и геноцидот е продолжен со измислување на грбот, знамето, јазикот, црквата и културата на СР Македонија. По распадот на СФРЈ се создава БЈРМ под патронат на САД и НАТО, како препрека за поврзување на Србите и Грците, а бидејќи Бугарија е слаба, поранешните Срби да ја превземат улогата за злосторствата ја југот на српството. Македонистите изразиле болна омраза према се што е со српско потекло, па дури се здружиле со Албанците, што скапо ќе ги чини. Со омразата кон српството тие ја ослабнаа својата позиција и БЈРМ ја претворија во федерација на Арбанасите и Македонците. Само е прашање на време кога Западот ќе ги пушти Арбанасите на Македонистите бидејќи БЈРМ во овој облик повеќе не им треба.“

Свесен дека најголем дел од горе наведено нема историска поткрепа, дека врз основа на историските извори, вистината за Македонците одамна е излезена, како и тоа дека двата народи, без разлика на државната политика, се поддржуваат и помагаат во историско тешките моменти, авторот не случајно на крај на овој текст вели дека „не се проблем ни Арбанасите, ни Македонистите, ни Бугарите, туку сегашните Срби и нивните политичари кои го прифаќаат овој монструм БЈРМ како држава и Македонистите како нација и уште ги викаат братски. Како што ќе напише „Тие ни се браќа исто толку колку што на Русите им се браќа демоните Украинци од Малорусија. Затоа бара да не се признава геноцидната творба БЈРМ, нацијата, јазикот, државноста, црквата и културата, какои и да се направи нов договор со Бугарите и со поддршка на Русите, Грција и Романија да се победи победникот од станистичкиот судир меѓу Македонците и Албанците.

Овој тип на пропаганда кој многу одамна е виден, може само да загрижува, ако се стави во контекст на изјавата дека и двете земји, Србија и Македонија се наоѓаат на линија на огнот во судирот на Западот со Русија. Ваквите текстови кои шират омраза не се во интерес на двата народи туку на одредена политичка агенда наметната од надвор, а со која се сака создавање хаос на Балканот. Впрочем во геополитичките игри на големите сили некој сака да го врати времето кога се прекројуваа границите на Балканот, а Македонија беше распарчена.

Секој озбилен балкански политичар кој и го сака доброто на својата земја мора да внимава да не создава подлога за ширење на овој опасен шовинизам. Поставувањето на границата со Македонија табла со натпис БЈРМ како реваншизам за признавањето на Косово во УНЕСКО, е акт на неодговорна политика, кој само ги подгрева радикалните структури. Поуките од војните во Босна, Хрватска и Косово, во деведесетите години од минатиот век треба секој да ги има пред себе.

Војната на никој не му донесе ништо добро, освен профит на оние кои ги потикнаа.

Затоа на сите оние кои не му посакуваат добро на македонскиот народ им порачуваме „Запомнете конечно дека Македонија не е српска бановина“.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top