Коментари

Бомбите на Заев се лепени и снимани некаде во големо студио

Dzeposki

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

Јас сум не 100 проценти, не 1000, туку милион проценти сигурен дека бомбите на Заев се лепени и снимани некаде во големо студио. 

Толку години сум музичар со тапија и снимањето е мој живот. Мој предизвик било и ќе биде, луѓе што не знаат да пеат и имаат слаб и неубедлив глас, да ги направам или направиме како родени од Бога за пеење со полн и продорен глас да ги пукне небарем ѕидовите. Сите ниски, средни и високи фрекфенции со изедначен професионален ефект и спектакуларни завршници ги знаеме на 1001 начин одовде до Месечината и назад.  

Доколку гледате реалити шоу со снимени разговори од Брза Помош, Полиција и Противпожарни повици, со закон регулирани и дозволени разговори на телевизија, ќе приметите дека снимените разговори се снимени така што гласовите се небарем си им ставил штипки на нос на соговорниците, потенки гласови и неизбежни шумови на местата каде се соговорниците и она како глуви кога не сме слушнале нешто па има пауза поголема и она нашето Аааа??? Штооо ? Рецепцијата на моболните никогаш не е константна и добра. 

За разлика од сето ова, кај бомбите на Заев ама баш до една, се слушаат гласови на големо студиско ниво, како да плаќа некој за пеење по 200 евра на саат и гласовите се како за рок пеачи, само без еко ефект. Зборовите се темпирани како швајцарски саат, без застанување и никаков шум од околкината и види чудо, со одлична рецепција. Секој збор е на високо ниво и се одлично се слуша. Со еден збор Македонски Телеком е со 100 пати поквалитетен звук и техника од Америка, Австралија и Европа. И нема она Аааа, Штоооо…. се е кратко јасно и ефектно за мерак. Најитересно е како е крпен зборот ДА. Се додава одма во секунда кога на народот треба да му се даде порака што некој од се срце сака да ја наметне и гледа сеир. 

Ние музичарите имаме многу финти и трикови, но еден заслужува посебно внимание. Ако некој каже здраво на микрофон, го ставаме како семплер или примерок на програм преку клавијатура и после гледајте сеир. Грубо и со фалшови некој ќе испее или изрецитира… и после со клавијатура се дотерува на највисоко ниво, што и Павароти се има чудено што техниката прави. Паралелно со ова, може од два семплери на Заев и Груевски да направиме телевизиски серии со нивните гласови и сите ќе поверувате дека се вистински. Исто така на бомбите се гледа и дека фрекфенциите на гласовите од соговорниците се исечени мајсторски и правилно, така да нема горе долу разлики, се е на исто ниво, направено преку компјутери. 

Ова се само неколку од стотоци финти и трикови што ги имаме ние музичарите под ракав. Ако додадам и дека имам завршено курс за снимање и прислушкување, како и мајстории за додавање и одземање зборови и со еден збор за големи пари да направиш убиец невин, а невиниот да го направиш убиец …. сето ова имајте си го во глава дека не треба да му се верува на никој. Затоа јас се откажав од покварените финти и таа деликатна работа која можеше да ми донесе богатства невидени.

Но чиста ми е совеста, а на СДСМ не им е чиста совеста и затоа така прават. 

Ете, ви објаснив накратко зошто мислам, а и ви тврдам дека бомбите на Заев се лага и не поминуваат ни кај деца од 5 години. Ваше е да одберете што е вистина и најважно од се е да ја сакате и чувате Македонија. Другото само по себе ќе си дојде. Мир, разум и вечна Македонија.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top