Коментари

Македонскиот народ заслужува среќа, а не неизвесна иднина


Свекрва

Голем дел од народот немаат доверба во однесувањето на челниците на СДСМ кои многу одамна истата ја прокоцкаа.

Според истражувањата на Брима „Крајот на годината надеж и среќа“, 51 проценти од граѓаните во Македонија сметаат дека се среќни, 11 проценти кажале дека се несреќни, 35 проценти не се ниту среќни ниту несреќни, додека 2 проценти немаат одговор. Иако пониска од глобалниот просек, според овој извештај, нето среќата во Македонија, слично како во регионот, е со позитивен предзнак. 34 проценти од Македонците очекуваат 2016 да биде подобра од лани.

Среќата на еден народ во многу нешта зависи од нивните политички избраници кои преку институциите го креирааат целокупниот амбиентот во земјата. Колку е нивната умешност поголема да ги менаџираат надворешните и внатрешните политики кои обезбедуваат стабилност на земјата, инвестиции, економски раст, вработувања, зголемен квалитет на живеење и сл., толку повеќе народот е посреќен.  

ВМРО ДПМНЕ како партија која во континуитет раководи со земјата од 2006 година, во изминатиот десетгодишен период успеа да ги постави темелите за поквалитетно живеење на нацијата, а нивните досегашни резултати и програми за иднината даваат надеж кај поголем дел од населението дека во 2016 година ќе се живее уште подобро од минатата година.

За успешноста на овие политики говори и премиерот Никола Груевски кој во новогодишното обраќање потсети на ветувањето за бројот на странски инвестиции за 2015 година, број што беше надминат, а во предвечерието на 2016 година најавува најмалку 35 нови инвестиции. Како што ќе истакне: „На крајот на 2014 ветив дека во 2015 година ќе има најмалку 25 нови компании, кои ќе објават одлука за инвестирање во Македонија, што се оствари и се надмина, и тој број изнесува 30 компании што решиле да инвестираат и јавно ги објавија одлуките. Сега можам да ветам дека во 2016 година, најмалку 35 нови компании, ќе донесат одлуки за инвестирање, и ќе ги објават. Ова го кажувам на претходно направена анализа, од преговорите што ги имаме во понапредна фаза на преговори со голем број компании од многу земји.“

Дека Македонија е најсилна во економијата која обезбедува подобар живот на граѓаните говори и Светската банка која на новообјавената ранг-листа ја позиционира Македонија на 12 место во светот и шесто во Европа во однос на добрите услови за водење бизнис. Само за потсетување кога дојде на власт ВМРО ДПМНЕ, Македонија беше на 94 место во светот.

Владата на премиерот Груевски континуирано преземаше нови мерки. Така во 2015 година се осврна и на домашните фирми. Со проектот „Македонија вработува“, на сите фирми во Македонија им се дадоа финансиски поволности за да вработувааат нови работници. Согласно својата политика таа ги поддржа и земјоделците. Во текот на 2015 година над 140 милиони евра субвенции се отплатија за земјоделците, а во 2016 година тие можат да сметаат на нови 150 милиони евра. Оваа поддршка не е само тоа, туку како што вели премиерот Груевски и преку помош на млади земјоделци, подигнување на нови насади и набавка на приплоден добиток, систем капка по капка, градба на системи за наводнување.

Ваквата политика ќе се одрази на смалувањето на невработеноста во Македонија. Ако во 2006 година стапката на невработеност изнесуваше 38 осто, во септември 2015 година таа беше на рекорно ниско ниво од само 25,5 осто. Всушност како резултат на позитивните економски политики се овозможија нови 150.000 работни места, односно од 560.000 луѓе кои работеа во 2006 година, денес бројот на вработени изнесува 710.000 илјади луѓе. Сето тоа се одрази и на државниот долг, кој од 39 се намали на 36 осто од БДП, и според ЕУРОСТАТ, Македонија е четврта земја во Европа со најниска задолженост.

Ако развојот на економијата и вработувањето на младите беше приоритет на владата на ВМРО ДПМНЕ, секако за нивно задржување во земјата беше создавање на услови за полесно доаѓање и до кров на главата. Така започнаа проекти за олеснување при купување на куќи и станови, а продолжуваат и во 2016 година со проектот „Купи куќа за млади“. Се повеќе млади луѓе (до 35 години) се одлучуваат под исклучително поволни услови да дојдат до свој покрив на главата. Вработување и сопствен дом во кој младите брачни парови можат да ги растат своите деца е најголема среќа. Сите овие проекти, заедно со стимулацијата за новородените, веќе даваат резултати во борбата против „белата чума“,  па се изградија 10 нови детски градинки, четири се при крај, а уште повеќе се планираат за 2016 година.

Позитивните економски политики кои овозможија висок економски развој и зголемување на бројот на вработените им носат среќа и на пензионерите и социјалците. Во 2015 година пораснаа пензиите за пет отсто, а ист таков пораст ќе следи и во 2016 година. Инаку, од 2006 година просечната пензија порасна за 70 отсто, а најниската пензија за 84 отсто.  Исто така владата презеде низа мерки со кои се решава проблемот со стажот на околу 400 земјоделци. Од оваа година почнуваат да важат законските решенија кои овозможуваат на земјоделците во нивниот стаж да им се смета и времето поминато во осигурување според Законот за старосно осигурување на земјоделците, кој се применуваше во перодот од 1978 до 1988 година, со цел да можат да го исполнат условот од минимум 15 години работен стаж за да остварат старосна пензија. Во 2016 година треба да почне и градбата на нови државни пензионерски домови за пензионери со пониски пензии. Тука е и социјалната помош која во 2015 година порасна за 10 отсто, а ќе има ново покачување во 2016 година од најмалку пет отсто.

Ваквиот амбиент кој го создаде владата на премиерот Никола Груевски во текот на изминатите години внесе надеж кај поголем дел од народот, чуство на среќа кај многумина, но и верба во иднината. Сепак, постои едно голема ’Но“, кое зависи од однесувањето на опозицијата.

Таа со своето однесување, предводено од лидерот на СДСМ Зоран Заев, направи се во изминатиот период да предизвика политичка и безбедносна криза, која требаше да се рефлектира врз позитвините политики на ВМРО ДПМНЕ, да го попречи економскиот раст, вработувањето, бенефициите кај земјоделците, пензионерите и на тој начин да влезе во власта без избори.

Голем дел од народот немаат доверба во однесувањето на челниците на СДСМ кои многу одамна истата ја прокоцкаа.

Иако не по воља на најголем дел македонскиот народ, опозицијата со помош на меѓународната заедница и договорите од Пржино успе да влезе во власта, но, токму поради тоа кај граѓаните внесе доза на загриженост за сопствената и за иднината на земјата. Така да на прашањето дали годинава ќе биде подобра или полоша од 2015 година, ако 34 проценти од испитаниците се со надеж дека 2016 ќе биде подобра, 25 проценти сметаат дека ќе биде полоша, 35 проценти дека ќе биде иста, а 5 посто немаат одреден одговор.

Секогаш постои излез, секогаш граѓаните можат да го најдат правиот пат, во април годинава граѓаните на Република Македонија на предвремени избори, по барање на СДСМ масовно ќе гласа за политиката која ја води владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. 

До сите православни христијани Честит Божиќ.

Христос се роди!
Вистина се роди!

Христос се роди!
Вистина се роди!

Христос се роди!
Вистина се роди!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top