Коментари

Ова е комитско време

kostadin-kerpicoski

kostadin-kerpicoski
Костадин Керпичоски

СДСМ е политичка партија која раководена од врхушката направи и креира вештачка политичка криза во Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ пак е политичка партија која ја разреши кризата, стави точка на агонијата и заложништвото на нас Македонците.

На 24-ти Април 2016-та година одиме на предвремени парламентарни избори, тоа е одлуката донесена од извршниот комитет на мојата партија а и веќе јавно соопштена!

Денес сум горд Македонец но и горд член на ВМРО-ДПМНЕ. Мојата определба е кристално јасна и сега сум посигурен од било кога.

ВМРО-ДПМНЕ даде збор, потпиша договор и остана доследен на истиот во најтешките момент.

Ова е одлука која дефинитивно носи светла иднина на нашата држава.

Изборите на 24-ти Април ќе стават крај на несаканите случувања во државата а пак новата 10-та по ред победа на ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе пред се мир и спокој кај Македонците и ќе остави простор и време за посветена работа како и до сега и напредок на секое поле на државата!

Ние, мојата матична партија се бориме за светла иднина на Македонија, за силна, самостојна, просперитетна и економски јака држава!

Се бориме за подобро утре на секој граѓанин, за правата на Македонците, се бориме да го сочуваме идентитетот Македонски и ова свето парче земја.

Денес сум горд, ГОРД МАКЕДОНЕЦ бидеќи знам дека решението е тука и веќе нема да стравувам од тоа што ќе и се случува на државата во идниот период.

Она што сега следува е креирање на план и програма за избори од страна на ВМРО-ДПМНЕ заедно со сите нас, идеи од нас граѓаните а потоа следува периодот на реализација на истите, нешто што СДСМ го нема и нема да го има во иднина.

Околу тоа дали имам дилема кој ќе биде победник на наредните предвремени парламентарни избори ќе ви кажам дека не, немам!

На едната страна имаме понудени план и програма за работа и реално остварливи проекти со точни датуми на реализација а на другата страна пак само интриги, спрепки и сценарија!

Јасно е веќе како бел ден на кого ќе му биде дадена довербата и кој ќе биде победник НО ние се радуваме на денот на изборите, не практикуваме играње на оро пред штаб и еуфорична атмосфера три месеци претходно за да подоцна не нема никаде како на пр. нашите политички противници!

Зациментираниот датум 24-ти Април 2016 година значи крај за деструктивната политика, крај за сите игри и манипулации и политички крај на некогаш најголемата политичка партија на политичката сцена во Република Македонија!

За крај, Македонци, сограѓани јас сум горд на вас, горд сум на вашата истрајност, смиреност, на вашите размислувања и одлуки.

Уште еднаш Македонскиот народ покажа и докажа дека е зрел и дека Македонија веќе не е истата држава од пред десет години!

Ве повикувам, сите заедно со гордо кренати глави и позитивни мисли да излеземе на избори и да ставиме крај и точка, ова да остане зад нас во минатото како црна дамка и најголем преседант во историјата на Македонија.

Секоја генерација има своја битка, бидете горди на себе што токму нам ни припадна најтешката да после долги години треба да ја одбраниме нашата мила Македонија!

Ова е комитско време!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top