Коментари

ИЛУЗИИ

Петре Кривчевски

Тазе илузија.

Останувајќи доследен во својата недоследност речи-поречи, политичарот со највеќе гафови, лидерот со милионски (во, евра) аболиции, градоначалникот со вујни-стрини тендери, заштитникот на алаш-Веруш чауши, борецот со свиткана кичма за македонската кауза и партиски канибал со тапија одново, по којзнае кој пат поплука тоа што потпиша и докажа дека, барем за него, од срамот се бегало но не и од стравот. Обвинет за пуч, детонаторот на Пржинските седенки ем лажна надеж на десетина шлукачи и стотина со коли  свиркачи, под товарот на прпата ја промрчи детската: пу-пу не важи! Типично за кметот од Муртино: Зоран потпиша, Заев одрекува!

Илузија – константа.

Во ера на десетици пишани медиуми, стотици канали по кабловски телевизии, сите социјални мрежи и безброј портали ти да го (зло)употребиш зборот медиумски мрак, или треба да си слеп и глув па да не можеш да гледаш читаш и слушаш, или пак да сакаш да си ги покажеш лажните рогови иако си тотално шут. Не политичка култура, не школска наобразба ами и основно животно ти недостасува. Значи тука, околу таа тема – медиуски мрак да или не, не сакам воопшто да разговарам туку би се осврнал на дилемата: медиумска (не)зависност.

Прво, основно но и најбитно: парата ја диктира политиката (деловна) на куќата. Никој, никаде и никогаш не може лошо да зборува или пишува против оној што го плаќа. Да не давам примери оти правилото е општо и неприкосновено: кој дава пари тој и памет соли. И точка, крај на муабетот!

Голема замка, барем за дел од граѓаните е и, условно кажано,  комерцијалната независност. Имено, одредени медиуми можеле и егзистирале само и угу од нивната читаност ли, слушаност или комерцијални (но не политички) реклами. Можеби има и такви случаеви, иако надвор од нашите микро простори. Но парадоксот каде е и тука парадоксот кој всушност и воопшто не е. Може ли медиумот се додека трае договорот да зуцне било што против нарачателот? Харикири, нели? Значи, потенцираме: парата царува, уредува и во однос на неа не постои а и не треба да се бара независност.

Тоа што е нужно е демократски амбиент! Плурално општество, јасна и сеопфатна легислатива, пазарна ориентираност, слобода на формирање медиуми и нивен израз што, со одредени фалинки а кои пак нема каде што ги нема, сето тоа и кај нас го има. Сега, тука, се крие главната поента на губитниците кои кукаат дека одредени медиуми биле под влијание на власта. Држи вода муабетов, дума да нема. Арно ама, прво дали тогаш не се самонегираат со признанието „одредени“ – што значи не сите и што со останатите, и друго дали тие кога биле (ако биле) власт не вршеле вилјание и дали ако бидат нема да вршата? С.ф! Поентата е да можат да никнуваат нови и нови така што никогаш никој сите не ќе може да ги закупи (и покори) па секогаш ќе има и вакви и такви.

Бајата илузија.

Минатото говори дека ВМРО-ДПМНЕ не може да истера цел мандат а СДСМ тоа да го истрпи, без да бара а потоа и бега од предвремени избори. Се пењават избори-та-избори а дај им ги – како од оган бегаат одними или од крст ѓаволи. Изговори? Извори! И реки цели. Секогаш оправдани и секогаш издржани. Да, де, поними! Хм, лош – децениски театар налик на циркус. Со години иста песна, со измами бараат власт и столица. Стара школа и матрица: лага, блеф и измама – никако идеја, програма и работа.

Капак илузија.

Тоа ти е некој некаде некогаш да нареди сам себе да биде прислушкуван, како што сега и овде З.З. и другарите се обидуваат лагава да ни ја продадат. Да де, со сиот ум и сите сили се убедуваат да не убедат дека позицијата наредила сама себе да биде прислушкувана а на прашањето зошто, како… ете, оти биле убедени дека нема да бидат откриени. Кои глупости, ееј! Некој сам себе да се прислушкува само врз основа на убеденоста дека тоа нема да допре до увото на јавноста. Не знам, не можам вакво нешто и да помислам а уште повеќе и обидам да аргументирам или пак и бранам,  меѓутоа знаејќи му го на авторот портфолиото му го сфаќам и прифаќам и кажаното.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top