Коментари

Не потпишувај со две раце Груевски. Застани !!!

Dzeposki

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

Што е тоа што ќе потпишеш со две раце, дека немаме територијани претензии према соседите ? Па немаме.

Еве конкретниот случај со Грција. Немаме претензии кон Атина, Спарта, Теба … ама Солун е наш, бил наш и ќе биде наш. Тоа го знае секој прав Македонец, Се разбира освен Заевци и Сорос со филијалите. Зошто Господ ги казни сега со долгови, криза и Гркинките се продаваат јавно за 2 евра, за еден гиро ? Па не треба многу на наша страна, доволен е Господ и никој друг.

Од кога постои Грција? Речено е од 1829 како изум на Германците и Западот. Нивни изум беше и Бугарија и Србија после 1878, капак на Австријците со Западот е создавање на Албанија во 1913. Зошто ?

Македонскиот Полуостров преименуван во Балкански Полуостров последниве стотици години е со намера да исчезне Македонија и Македонците.

Доколку ние учиме, почитуваме и се покоруваме на измислена историја, тогаш ајде да се предадеме сите и да речеме дека сме она што не сме. Па како ќе дува ветерот така. Арно ама, како да се заборави нешто што е во нашата крв и свест? Така ќе им ги дадеме нашите прадедовци и нивната пролеана крв? Ние учевме во историјата дека 1903 имало востание Македонско, а после 30 до 50 одеднаш станавме Југословени, па и тоа пропадна, па пак Јово наново …

Затоа мора да застанеме и да не глумиме добрососедство, кога тие гледаат гробот да ни го ископат, а нивните мајки кои сега за 2 евра се продаваат, ќе почнат да се продаваат за 5 евра преку наш грб. НЕ !!! ДОСТА БЕШЕ !!!

Умреа времињата на затупување преку пропаганди и медиуми. Дојде времето да кажеме отворено дека ни се украде земјата, да ни се врати. Само сакаме она што е наше. Па тие го имаат Солун само 100 и една или две години.

Во име на правдата, љубовта и вистината кон Македонија, треба да бараме она што од секогаш било наше и ни припаѓа, да ни се врати и тоа со камата и голема оштета.

Сите ние сме на иста фрекфенција, ама ајде јас да се пресрамам и да ја кажам вистината и маките на Егејот, Пирин и Преспа таму кај Матеа … или или… слобода или смрт.

Но овојпат ќе има само слобода, без да трепнеме или да превземеме мерки или пушки. Сонцето свети само ако ја има и постои Македонија. А Македонија, тоа сме ние и сите оние што сакаат да не истребат и да ни го променат името поради тие добрососедски односи “односи” потпишани од нечии две раце.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top