Коментари

Провокација

Мери Георгиевска

Aлегорискиот oпис нa oвиe настани изгледа вака: зајко му телефонира на орелот да дојде и да го спаси од лавот!

Апелирам на сите граѓани на Република Македонија и на сите почитувачи, следбеници на ВМРО ДПМНЕ да имаат ладна глава, а жешко срце.

Најлесно е да се излезе на терен и да се направи крвопролитие и меѓусебен раскол, било меѓуетнички или религиозен. Антимакедонските сили не сакаат избори! Тоа е дијагнозата и суштината воедно на овие вчерашни и денешни настани.

Aлегорискиот oпис нa oвиe настани изгледа вака: зајко му телефонира на орелот да дојде и да го спаси од лавот. Приказни за мали деца. Еден зајко за Лавот е само труло месо во забот на Лавот. Да, знам дека сите ние се прашуваме до кога ќе ни се повторува историјата како идиотски фалсификат на веќе сто пати фалсификуваниот фалсификат? И колку ли поколенија ќе страдаат од овој садомазохизам? Oти најлесно е да се започне војна.

Oпштиот циркус што се одвива деновиве со сите средства, дојде до свoјот пароксизам, односно до конфликт и со Крстот. Со што црпнатите ќе се послужат потоа, штом уште сега манипулират со Крстот? Има ли нешто свето за нив? Зошто имено тие што копнеат ден из ден, да влеземе во Европа се против Крстот?! Зар треба да се уништи Крстот за да си направиме место за себе на европската трпеза? Зар на таа трпеза се сервира муфте лапачка и на Велики Петок?

Циркускиот шатор се распна, но такви муфте шатори гледавме и лани, и ништо не е веќе ново и чудно. Оти од сега па до крајот на векот и светот, лавот ќе биде лав, а зајакот зајак без оглед колку се митари. А немаат многу време до изборите. Европската јавност овој пат ќе биде сведок на последниот пад на комунизмот токму во нашата Македонија. Црпнатите кои нас не сметаат за политички идиоти, сакаат да не натераат да поверуваме дека кога „двајца се караат третиот користи?“ Кога двајца се караат користат пет, шест најмалку. Тоа е очигледно. Но, ние Вмровците нема да им го дадеме тоа задоволство да излеземе на улица и да предизвикаме крвопролитие, бидејќи со првиот испукан куршум ќе ја убиеме ВИСТИНАТА. Секој што пука на друг- без оглед дали овој другиот или оној што пука носат униформа, или не – е воен злосторник, никако херој! Херојството денес, во овие тешки мигови за нашата Татковина се состои во мудроста- да му дадеме време на времето. А времето до парламентарните избори е многу кратко. Што се 60 дена трпение во споредба со многу падната крв на трите страни, загубени татковци, уништени животи на мали дечиња, оставени жени на улица….

Секој неталентиран политичар, денес би наредил улична пресметка. За среќа го имаме Груевски, кој во најтешките мигови за нашата Татковина, размислува мудро и смирено и јас го разбирам тоа како единствен начин да се превозмогнат сите игри инструирани од страна на СДС. Измамава која и се случи на Македонија од страна на црпнатите и која ќе биде запаметена како најгадната и најподлата измама дури погадна и од прочуениот дрвен коњ, што и ден денес фрла сенка на јужниве соседи, дека таа, измамата на црпнатите одеднаш треба да прерасне во меѓуетничка, односно религиска војна, само за да се спасат од црпнатост? Никој нема да им поверува во тој лек. Нема лек против црпнатост!

Прво се изначекаа власта да направи револуција додека пролетериве правеа контрареволуција. Не им успеа. Комунизмот е универзална и бездецимална измама, збир на сите социјални неправди, што еве и денес се покажуваат на виделина, во вид на заеднички именител на сите ужаси и цинизми особено во минативе година и пол овде во Македонија, на масовната кланица на умот, на предавството, лицемерието и лажните Пророци, на шизофреничните заговори за ликвидација на цел народ. Во овој свет Исус Христос немал никаква шанса да не биде распнат. И не само еднаш, туку распнуван илјадници пати, постојано и насекаде. На Цветници му викаа „осана“, но за пет дена на Велигден истите го распнаа. Јахве, Јехова, Исус, Алах, Мухамед, Буда, Адонај…Господ Бог е еманација за неопходност на ред во Универзумот. Тешко на оние кои си играат со повисоката Интелигенција. Само комуњари можат да си дозволат да си играат со Христа Бога. Само длабоко фрустрирани црпнатинки можат да си играат со Бога на начин одвратен, гаден, неприроден, ступиден, кретенски, деструктивен, криминален, хомициден, КРВОЖЕДЕН и хиенски, излажиран и дегенериран само и само да се дојде на власт! Која е следниот потег на зајко? Златната рипка телефонски ќе ја побара на 5 минути до 5-ти Јуни. Но, и таа ќе му го сврти грбот и ќе зарони во океанот на Вистината. Сега поволен грб му се само Катица и Оливер. На дотичната no name Катица Јанева која вчера покажа дека има поголемо „самочувствие“ и од самата Меркел и се дрзна со неподнослива леснотија на постоењето да објави одвратно, платено и непрофесионално, додека ние со наши пари ја плаќаме да работи, дека поважна и е свадбата на ќерка и (се воспоставува ли ново племство кај нас?) , тогаш имам да и порачам дека историјата покажува дека кога си на врвот на самочувствието, тогаш се губиш себе си. Соземи се жено, и биди достојна на симболот на жената. Засукај ги ракавите и преземи ја работата во свои раце, во стил на ЖЕНА, храбро и праведно. Обично пороѓајот е болен, но подобро замини запаметена во историјата отколку како исплукана, понижена и недостоинствена жена! Доаѓа време за оро. Не го развивај орото со Сатаната… И на крај, по милионити пат потеклото на измамата се знае- СДС во распаѓање. Но се знае и рокот на употреба на истиот производ. Рокот на употреба беше до вчера. Од денес измамата на СДС станува горко сознание, кое никој никогаш нема да им го заборави ниту прости жив или мртов на просторите на нашата Македонија. Но, исто така и витешкиот потег на Груевски, да се биде мудар и истраен, да се одбегне војна, да не се дозволи да се пролие крв, ќе биде запаметен за на век!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top