Коментари

Сакаме избори, ама по секоја цена да победиме

rubinco

rubinco
Рубинчо Јованоски

Сакаме избори е секојдневната парола на опозициониот лидер Зоран Заев, алијас Бошко Буха е лиферувана во печатените и електронските медиуми. Но, за жал кога ќе се постигне договор за тајмингот на одржувањето на новите вонредни парламентарни избори со актуелното владејачко мнозинство на чело со ВМРО ДПМНЕ и со директно непосредно посредство на Меѓународниот фактор, се бара пролонгирање на изборниот процес.

Во оваа прилика еве една мала рекапитулација на политичката клима во нашата земја.

Опозициониот СДСМ на чело со струмичанчето од село Муртино не ги признаваше резултатите на последно одржаните вонредни парламентарни избори, каде неговите сопартијци беа во буквална смисла на зборот декласирани по 9-ти пат едно по друго од актуелното владејачко мнозинство на чело со ВМРО ДПМНЕ.

Народните избраници обоени во плаво го бојкотираат своето учество на пленарните седници во Законодавниот дом. Бомбашот Заев кога не успеа на зелена маса да формира преодна влада почна во јавноста да објавува т. н. “бомби“, а тоа беа снимени разговори на луѓе од извршната власт.

На таков потег може да се “дрзнат“ само кукавици кои не и мислат добро на сопствената држава, од една и аналогно на тоа на сопствениот народ од друга страна.

Зајчето се надеваше дека со т.н. “бомби“ ќе се зголеми рејтингот на неговата партија кај македонскиот електорат. Но, за жал тоа негово сценарио не му успеа. Бомбашот Заев издејствува со помош на меѓународниот фактор да се постигне јунско-јулски Пржински договор каде беше прецизиран датумот за одржување то на вонредните парламентарни избори (24 април 2016 година).

Народните избраници од редовите на здружената опозиција на чело на СДСМ се вратија во Законодавниот дом.

СДСМ доби 2 министерски и 3 заменик-министерски места, а на 100 дена пред изборите (15 јануари 2016 година), актуелниот премиер на нашата земја Г-динот Никола Груевски си даде оставка и со тоа се формира техничка Влада за одржување на фер и демократски избори на чело со техничкиот премиер Емил Димитриев.

Се формира нов состав на Државната изборна комисија на чело со близок човек на СДСМ.

Во овој период според сите истражувачки агенции на Јавното мислење во поглед на изборниот процес резултатот е во апсолутна доминација на актуелното владејачко мнозинство на чело со ВМРО ДПМНЕ и неговата здружена коалиција.

Бомбашот Заев бара да се пролонгира датумот за избори оти немало според него време за пролистување на избирачкиот список и регулација на медиумите.

По долги преговори ВМРО ДПМНЕ попушти по кој знае кој пат и изборите се презакажани за 5 јуни оваа година.

Г-дине Заев пролонгирањето на изборите за 40-тина дена нема ништо да промени во поглед на евентуалниот нагорен рејтинг на Вашата партија на македонската политичка сцена.

Но, за жал Вие само ја проблематизирате политичката криза настаната од Ваша страна на македонските простори. Во вакви околности може само да има забавување на влез на свеж странски капитал во слободните економски зони кои ги има во импозантен број на македонските простори. Тоа е само погубна политика со далекусежни последици.

Најдобар лек во овој момент е Вие да си заминете што е можно побрзо од македонската политичка сцена.

Дипл. Екк. Рубинчо Јованоски од Прилеп

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top