Коментари

ВО НИКОЛА Е ВИ(СТИ)НАТА

Петре Кривчевски

Една груба, можеби и не соодветна но и многу веродостојна компарација би сакал да посочам за думата да ви ја доловам. Имено, барем јас така гледам, тоа што за Париз е Алфеловата, за Британија кралицата, за Кина ѕидот, за Јапонија трудот за ВМРО е Никола. И… да не редам компарации понатаму туку да ви откријам тоа што сите го знаат, мнозина го признаваат но и не малцина вака, јавно, го изнесуваат. Едноставно овој тврд човек кој ни понуди јасен пат напред со чиста мисла што и како сака но и силно водство со кое умее да го оствари сето тоа, со својот висок рејтинг и народот зад себе им е трн во око на големите „браќа“ по (нечиста) крв и ти, сега, уште сакаш да им го пикаш в очи. Тоа е тоа,  вака или онака но веќе една цела деценија во оваа мала земја сепак! се знае кој е газда а кој кираџија. Или, барем се прави динстикција.

Навистина, што треба да се случи па да сфатиме и прифатиме дека само вазалите се мили чеда на старата блудница и фадерот на сите терористи од преку барата? А не некој што не витка кичма, бара на референдум да одлучи народ, економски се воздигнува, со своја глава размислува и по свој пат тера. Тука е, таа е маката, совршено проста е работата. Еве, жими Либија ако не ми верувате. Но таа ни од далеку не е само сама и не е само Африка. За жал ги има страдалници ширум белиов Свет кој заними е и повеќе од црн. Посебно ако имаат ресурси: нафта, злато, дијаманти, ураниум… или пак стратегиски им се важни на САД или СЕД, сеедно.

Но, да нема забуни! Не дека Никола не мати ништо живо. Не! Та ова е Македонија а не Кина или Русија, ама и не витка кичма и бацува рака за тапшање по рамена и врзување лаги со опашки од видот… етнички територијални поделби или, пак, акреп референци од два-три месеци кои остануваат неоткорнати и после две-три децении. Сепак, за да биде до крај разбран и сфатен овој човек, неминовно е да се следи и разбере колку силно и искрено сака и е подготвен да доведе до реформи, да им помогне на луѓето да се променат храбро соочуваќи се со предизвиците и хегемониите одоколу но и од (по)далеку.

Знаеме, историјата говори дека многу Давиди им пркоселе па и се спасиле од наездите на многу Голијати. Проверено! Токму оттаму овој народен „слуга“ ја црпи поддршката, силата и енергијата ставајќи ја во прв план економијата. И, знаете веќе, со сет мерки, меѓу кои најниски даноци на Планетава, создава еден економско-бизнис амбиент кој доведува до тоа да во време на две глобални последователни кризи не само што, просто кажано, останува на нозе туку и остварува резултати на кои тешко кој може да не му позавиди. Задржување на сите вработени, зголемување на плати, пензии, градежна експанзија.

Но, кога сме веќе кај би(о)лката за опозицијата сакаме да истакнеме уште две работи. Првата е таа дека со ваква опозиција отспротива и искуството во политиката позади себе, веќе и натдецениско, овој човек во најплодните години од својот живот може само подобар да биде. Опкружен со екипа – се експерт до експерт дружина, светски а наши дипломци кои исто така се во најдобри години, плус и реални и проверени политики со конкретни резултати, сите сопки и предизвици успешно може да ги пречека и надмине. Несомнено! Или, метафорички кажано, Никола за „меѓународната“ (плус формалната опозиција) иако не им е по волтите е како орев. Колку повеќе се обидуваат да го скршат толку повеќе забите им ги рони.

И, друго. Со своите храбри и вистински потези на еден патриот ем сите остварени економски чуда во 24/7 временска димензија, Никола ја подигна и постави толку високо летвичката да веќе симнување нема. Тоа можеби е и неговиот најголем придонес. Стилот и опсегот на работа. Та сега, било кој да сака да го замени и наследи ќе мора со таа вистина да се соочи. Работа, пот и крв! Ако не – гитла. Нема – прв! Овој народ после сите  транзициски Бранко-Љубчо мршојадци се идентификува со оваа персона, поточно со неговиот стил на работа и од тоа, велам, бегање нема. Еве, хипотетички, на било кој начин (измами, пресии, пропаганди…) да биде сменет, било кој и да го наследи едно мора да знае: или ќе е поарен од него (а што, ќе признаете, не е нималку едноставно) или пак, под ударите на реалноста, како и секое чудо ќе потрае два-три дена. Нека се и месеци, сеедно, многу не менува.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top