Коментари

Ванхојте немој никогаш повеќе да се враќаш во Македонија


Свекрва

Ванхауте и сите други домашни и надворешни политичари кои сакаат да ја разнебитат Библиска Македонија со Апостолска Црква, ќе ги трефи божја казна, кога тогаш.

По повод 25 Март, Денот на независноста на Грција, грчкиот претседател Прокопис Павлопулус уште еднаш им порача на „лидерите на државата Скопје“ дека, со инсистирањето на име со кое се прави обид за фалсификување на историјата отворено се нарушуваат европските принципи и вредности, па затоа и натаму нема да бидат во можност да се приклучат кон Европската Унија.

Случајно или не, во своето проштално интевју за Дојче Веле објавено на 25 март, посредникот на ЕУ во Македонија Питер Ван Хојте изјави: „шокиран сум од слабиот квалитет на образованието, каде децата…мораат да учат фалсификувана историја“.

Европратенокот Ван Хојте кој во повеќе наврати го навреди македонскиот народ, во своето последно интервју за ДВ го откри сценариото на западните земји за уривање на темелите на македонската држава и уништување на Македонците како европски народ. Ставајќи се на страната на Грција и другите соседи аспиранти на македонската територија и историја, со помош на неодговорни политички елити, креирани кризи и неуставни договори, државата едвај извојувана во XX век со реки крв, требаше да ја претвори во протекторат.

Во повеќе наврати спомнавме дека Македонија е изложена на специјална војна водена од странски разузнувачки служби кои по преходно собрани податоци и извршени проценки, со помош на внатрешни соработници врши планско дезинформирање заради внесување забуна и недоверба кон институциите и водечките личности, со цел интернационализација и сменување на легално избрана власта, со марионетска власт, која ќе ги спроведе нивните интереси.  

За да дојде до интернационализација, односно вмешување на странскиот фактор мораше да се создаде политичка криза. За таа цел беше употребена опозицијата и т.н. „бомби“ на Зоран Заев, лидерот на СДСМ, како и настаните во кумановската „Дива населба“, по која дојде до Пржинскиот договор.

Евромедијаторот Петер Ван Хојте требаше само да ги спроведе точките за создавање на марионетска власт предводена од СДСМ, која ќе го смени името и идентитетот, со што ќе исчезне македонската држава од картата на Европа. Оттука се создаде Специјално обвинителство и промена на Законот за медиумите, со што требаше да се оцрни владеачката партија ВМРО ДПМНЕ и нивните челници, како единствена пречка кон целосно уништување на македонската држава и остварувањето на зацртаната цел на западните земји.

Меѓутоа, сето ова македонскиот народ го препозна, а откако Ван Хојте не успеа во своите намери да го урне рејтингот на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски и на самата партија и во тоа не му помогна ни мигранстаката криза во која институциите на системот и покрај се покажаа голема способност во справувањето со кризата, тогаш овој европски пратеник ја симна маската и премина на отворени навреди на македонскиот народ со што свесно или несвесно го престави сценариото на западните земји против земјата, но и ја повика меѓународната заедница да интервенира, нешто што посакуваат СДСМ и Грција.

Така во разговорот за Дојче Веле Ванхојте меѓудругото вели:

а) Македонија не е подготвена за избори (5 јуни 2016 г.), туку за нив може да се размислува откако земјата ќе се врати во фаза на нормална функционална демократија;

б) Промената на режимот преку избори повеќе не е опција;

в) Дејствувањето на меѓународната заедница треба да резултира во создавање на ад хок техничка влада за најмалку 2-3 години, време неопходно за решавање на бројните проблеми со кои се соочува земјата (финансискиот менаџмент, судството, образованието и медиумите);

г) слаб квалитет во образованието во кое децата учат фалсификувана историја; и

д) најголемата пречка за излез од кризата е неодлучноста на меѓународната заедница.

Ван Хојте отворено во интервјуто признава, она што и многу порано му беше познато, а тоа е дека опозицијата е слаба за разлика од како што вели „моќната владеачка партија“. Затоа за да се спроведе целосно посакувано сценарио, Ванхојте ја инсталираше „параинституција“ Специјалното јавно обвинителство.

Катица Јанева и нејзиното Специјално јавно обвинителство денес, наместо да истражува од каде потекнуваат прислушуваните материјали, првично почна да се занимава со нивната содржина, притоа правејќи невкусна циркузијада од прес конференции кои само ја замајуваат јавноста додека многу суштински работи кои можат да ја воведат земјата во голем хаос поминуваат незабележано од јавноста. Всушност, додека институциите и јавноста се занимаваат со сензациолизам, во земјата можат незабележано да се уфрлат терористички групи, како последно средство за менување на владеачката партија и инсталирање на марионетска власт.

Како признание за сето она што го направи во Македонија, за неговата борба за „европски вредности“, пред заминувањето, посредникот доби орден „офицер во кралскиот ред“ од амбасадорката на кралството Белгија во Македонија, Аник Ван Калстер. А за какви вредности се говори можеме да види и од следното.

Во подготвувањето на македонската политичка сцена, како што вели Ванхојте, за да се спротивстави на авторитарни тенденции ефективни средства биле хуморот и иронијата. Очигледно дека човекот не ја знае историјата, па си направил алузија со мачиња.  Меѓутоа, тие „македонски маченца“ кои знаат и те како да гребат засега ја одбегнаа „мечката“, која пак заигра во домот наВанхојте“.  

Во земјата која долго време беше без влада, мечката го скина ланецот токму заради големите спротивности меѓу Валонците и Фламанците, и за жал однесе многу невини животи. Ако во домашниот двор некој не може да ја менаџира ситуацијата, како тогаш може да биде медијатор на ЕУ во Македонија?

По настаните во Брисел, македонскиот народ му изрази сочуство на белгискиот народ, но и му порачува на Ванхојте како „офицер од кралски ред“ да си остане во Белгија за да помогне со своите методи во справување со тамошната криза, а не како што вели во интервјуто дека по завршувањето на мандатот (на 27 март) и по одморот ќе се врати како дел од невладин проект за јакнење на демократијата во Македонија…

Македонија не е Африка за да некој и кажува за соживот и демократија. За луѓе кои ги понижуваат Македонците, кои не ја познаваат и не ја почитуваат македонската историја, традиција и култура, во Македонија нема место.

Затоа: Ванхојте немој да се враќаш во земјата. Едноставно за Македонците не си посакувана личност, туку си ,,Persona non grata’’ ! Но затоа слободно можеш да одиш во Грција и да работиш за унапредување на малцинските права какви што ги имаат во Македонија.

Македонија е библиска земја. Таа е првата земја на европска почва во која апостолотПавле заедно со апостолите Сила, Тимотеј и Лука меѓу 51 и 54 г. го посеал семето на

христијанството, а Лидија од градот Тијатир која тогаш престојувала во Фили­пи, епрвата македонска, па и европска христијанка.

Затоа, Ванхауте и сите другидомашни и надворешни политичари кои сакаат да ја разнебитат Библиска Македонија со Апостолска Црква, ќе ги трефи божја казна, кога тогаш. Амин!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top