Коментари

Редно е да му се каже на Зоран Заев и неговите домашни и надворешни подржувачи ДОСТА Е

mane-makedonija

mane-makedonija

Западните моќници одамна го започнаа процесот на рекомпонирање на Балканот. Сега се во фаза кога насекаде поставуваат марионетски влади, а непослушните економски ги парализираат и дисциплинираат. Поради тоа врие во Грција, Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија. Не помалку интересни работи се случуваат во Романија, Молдавија и Бугарија.

Македонија предолго се наоѓа во политичка криза која ја создаде опозицијата предводена од лидерот на СДСМ, Зоран Заев и соросовите невладини организации. Поддржани од надвор со странски пари, тие упорно и долго време го спроведуваат процесот на обоена (шарена револуција), Додека Зоран Заев со своите постапки свесно оди на федерализација на земјата, а невладиниот сектор тоа го одработува за пари, голем дел од оние кои протестираат не се свесни што се случува во заднината. Односно не се свесни дека дел од меѓународниот фактор исцртува нови граници, во кои Македонија може да послужи како монета за подкусурување и да исчезне од географската карта на Европа.

Додека некои учествуваат во обоената револуција од лични интереси (Зоран Заев и други челници на СДСМ), други тоа го прават за пари (соросовите невладини организции). Трети пак кои ја поддржуваат опозицијата сметаат дека се во тренд доколку се појават на протести. Тие мислат дека е кул доколку ги срушат или извалкаат македонските паметници или пак доколку ја извалкаат македонската историја и доколку сето тоа го постираат на социјалните мрежи. Истите тие како да не сакаат да сфатат дека им даваат оружје на оние истите соседи кои не негираат со векови и кои го спречуваат нашето членство во ЕУ и НАТО.

Меѓутоа, за среќа најголем дел од македонското население ги знае овие игри и му дава огромна поддршка на Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ кои покажаа и докажаа како треба да се чуваат интересите на државата. Сите досегашни анкети говорат дека колку повеќе опозицијата ја метастазира државата во интерес на западните моќници, толку повеќе се збиваат редовите на македонскиот фронт. Тоа го говори и најновата телефонска анкета на Институтот Павел Шатев, спроведена од 6 до 8 мај 2016 година, на 1070 испитаници.

Според оваа анкета ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски имаат се поголема поддршка кај народот. Дури 30,8 отсто од испитаниците дале поддршка за Никола Груевски, а само 11,4 отсто за Зоран Заев. Споредено со претходна анкета на истиот Институт, рејтингот на Заев е намален за 0,6%. На прашањето „Која партија би победила на следните парламентарни избори?“, дури 49.6 отсто од испитаниците одговориле ВМРО-ДПМНЕ, додека 20.2 отсто сметаат на СДСМ. Анкетата исто така покажува дека за разлика од Никола Груевски, најголемиот дел испитаници, имаат негативно мислење за опозицискиот лидер Зоран Заев.

Свесен дека во Македонија нема поддршка и дека неговата партија нема да успее на договорените предвремени избори на 5 јуни, Зоран Заев прави се за да ги избегне, а истовремено им ветува се поголеми концесии на Албанците. Во игра е Албанците да добијат премиерско место, воведување албански јазик на целата територија и федерализација на Македонија, која неминовно потоа ќе води кон поделба на земјата. Иако, меѓународната заедница говори дека треба изборите да се одржат во закажаниот рок, одредени западни моќници прават се тие да не се одржат. Сето тоа Македонија би ја одалечила и од ЕУ и НАТО.

Ако се има во предвид дека според пишувањето на Журнал на самитот во Чикаго (2012) се говори дека Албанците во Македонија сочинуваат 40% проценти од вкупното население, тогаш се и јасни аспирациите на радикалните албански елементи, но и на меѓународната заедница при реконпонирањето на Балканот. Нели и самите Албанци најавија за спојување на Албанија и Косово, но и формирање на косовска армија. Доколку дојде до тоа нема да останат настрана и Албанците во Македонија.

Во тој правец, Заев го продолжува хаосот во земјата и си игра со оган. Тој ги подгрева аспирациите на радикалните албански елементи. Додека им се одаваше почит на македонските херои, припадници на македонските безбедносни сили, кои загинаа во пресметката со криминално терористичката група од Косово, неговите албански партнери, некои дојдени и од Косово, маршираа низ скопските улици за да ја одбележат годишнината од загинувањето на терористите во кумановското Диво Насеље.

Во ова време, невреме, кога туѓи сили работат против интересите на македонскиот народ, Македонците во земјата и од целиот свет мора да се здружат. Тие што залутале поради помодарство, наместо на протести, нека го кажат својот збор, а редно е и да му се каже на Зоран Заев и неговите домашни и надворешни подржувачи ДОСТА Е. Македонија нема време за чекање. Неможе Македонија да чека некој да биде спремен да оди на избори, а за тоа време институциите да бидат парализирани додека Балканот се реконпонира.

Македонија не смее повторно да биде делена, а доколку дојде до тоа, нема место на светот, каде неговите меѓународни поддржувачи би го скриле Зоран Заев. Божјата казна него ќе го стигне секаде.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top